- Член од
- 11 декември 2013
- Мислења
- 1.407
- Поени од реакции
- 3.323
- Возраст
- 48
Тоа е тоа што прашав и што ме интересираше. И мое мислење е дека кога има подгрупи и сите стојат со нивна коцка на трибина можеби групата добива на бројност затоа што секоја подгрупа сака да доминира, но губи на единство и сплотеност.Така е, не е ништо страшно да праша , па групата ако сака ќе даде одговор, ако не , немора.
Гледам изнапишани многу страници, извадено од контекст и трети теми на форумов без потреба и пред некој ден ти кога си коментирал за изданието со Охрид, очигледно те сфатиле погрешно и ти се нафрлиле без потреба.
Нема подгрупа што го води Запад, не функциномираме во тој стил, дека една подгрупа ќе ја води трибината и никој друг. Пред некоја недела прочитав некој пишал “Ченто и Драчево ви ја водат трибината сите знаеме“. Ниту тоа не е точно, Ченто и Драчево не ја водат трибина, туку има дел од нив кои се во раководство, неколкумина, помагаат работат. Ние не гледаме никаков проблем, Ченто и Драчево се битни подгрупи за нас, секоја група би сакала да ги има, зашто се спремни момци, лојални, навивачки едуцирани. Ченто е на 8 км од центар, секогаш имале Комити членови од таму, башка, доаѓаат од измешана средина. Немаме никаков комплекс ниту причина да ги криеме, напротив , сме позитивно расположени од такви членови и подгрупи кој се едуцирани и знаат што е како е.
Има раководство од сите подгрупи претставници, но и членови кој не се во подгрупи. Во последно време се повеќе работат и се ОДЛИЧНИ момци кои НЕ СЕ во подгрупи. Повеќе луѓе заедно одлууваат, дури и неколку членови кои не се членови на подгрупи а се дел од Комити со години. Тавкиот начин на функционирање е добар за нас, доказ е минатата сезона. ВО Комити нема едноумие. Работат неколку луѓе, помлади, кои имаат поддршка од постри.
Зошто има нов воџа. Тоа мислам дека е природна работа, има затоа што треба да има, нормално е смената на генрации да го донесе и тоа.
Кај Комити дојде до природна смена на генерација и моментално има одлична конекција, на членство од 20 +, 30+ и 40+ години, сите како едно тело еден дух.
Зашто викам сите како еден, зашто во втора лига, кога сите мислеа групата ќе падне, групата имаше 300 прави членови и функционираше вистински.
Со самофинансирање, со акции со начини за самофинансирање, без многу пари, се создаде другаство, се создаде корео баклијада на секоја утакмица.
Знамиња на подгрупи, сега за сега не е забрането да има, но е договорено да се следат инструкциите од подредените како да биде оградата и излгедот.
Да личи да има ред, луѓе што го разбираат тоа ќе кажуваат дали некогаш треба да се вадат.
Сите што се дел од Комити и ЛФ, моментално, се прави навиавчи, не се залутани фаци , туку добро знаат зошто се таму, за кого се како се и што се.
Тоа е стварно нешто добро да се осети, нана овие простори кај нас.
Поздрав.

А Леверкузен незнам што глуми лудило како да не се знаеме кој е кој овде со години.