За небитен не е небитен, баш имаше важна улога во годините кога ФА беа во експанзија, ама дека не не сака, тоа е одамна познато
Општо, меѓу Комити и ФА секогаш имало океј односи, особено што во голем број членови во минатото заедно учеа во фискултурно и слични школи. Е изгледа на форумов се погодија 2-3ца што не не бендисуваат баш, па личи дека меѓу групите има тензија.
Тензија имало неколку пати, еднаш кога прешкртаа натпис на ЛФ во Аеродром и пишаа НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ, па ние вративме со провоцирачки песни кога одевме на гостување и поминувавме со автобуси низ Аеродром. И секако, кога членови на ФА, на зграда во Центар напишаа сите сме за Вардар, само Комити за Миравци, откако освоивме титула во 2012.
Воглавно тие се оние кои имале некакви проблеми со определбата на некои аеродромски деца да навиваат за Вардар, а ние никогаш не сме дошле во ситуација да забрануваме на наши членови да одат на МЗТ во кошарка.
Вака на трибини, никогаш немало закачки кога сме се среќавале на кошарка (во годините кога сме навивале на Вардар) освен некаде во 2005-06 кога претепаа наш член.
За мене, од 2009, секогаш ќе бидат антипатична навивачка група, по оној потег кога им дадоа да бираат на своите членови дали ќе бидат само ФА или ќе одат и на Вардар, па преку ноќ некои што оделе со мене на утакмици почнаа со оправдувања - абе не ме пуштаат од дома веќе итн. А до тој момент МЗТ ми беше многу симпатичен тим и ги ооддржував против Работнички. Плус членовите на Сервис кру со нивното појавување на видеава и тврдење дека некогаш имало нивни членови што оделе на трибина на "таму некој друг клуб".
Да не коментирам што за инает на Комити, сите групи од внатрешноста ги величаа до небо во петте години во кои беа на највисоко ниво, што уште помалку ми ги намали симпатиите за нив

За истите и многу појаки работи и дааааалеку поголемиот континуитет, никој посебно не не пофалил

Имаа едно време членови од Мајмуни што одеа кај нив, членови од Лозари што им одеа по свадби итн

ЦПБ секогаш биле поомразени во внатрешноста.