Дебилу, не знам колку е разумно да ти реплицирам, али нејсе.
Групата секогаш се самоорганизирала и само финансирала. И сега и тогаш, се надевам и во иднина. Никогаш нас КАКО ГРУПА не не собирале по штабови и не не терале да чистиме прљав партиски веш.
ФА е единствената група која самоиницијативно со цел да му помогне на клубот одлучи да плаќа карти у време у кое навијачките групи добиваа буџет од богатите сопственици за свое организирање. У време у кое групи бојкотираа затоа што не добиле гратиси од управата.
ФА е првата група која го унифицираше изгледот на трибина у време коа на трибина луѓе се појавуваа со дресови од странски клубови. све ова благодарени на маркетингот во тој период, маици, дуксери, шалови. токму и од таму се црпеа најголемиот дол на финансии. Значи секој самоволно од свој џеб си купуваше, никој нас не ни ги купувал реквизитите и да ни ги дели како поклон за некаква си послушност.
ФА е првата група која во целост го исфрли ју-влијанието и направи песни со свои оригинални ритмови и текстови.
Во периодот пред бојкотот и притисоците кои се десија со многу наши членови, најпрво со инцидентот против Партизан во Јане за кој тврдам дека бевме наместени. Мораше да се уапсат десетина членови, да ги малтретираат по судови со години, да им одземаат пасоши како поука за сите останати. Има луѓе кои лежеа робија затоа што некому бодеа очи од трибина. ФА беше величина и у време коа не поврзуваа со тогаш владејачка партија, влеговме у војна со истата.
И вон сезона, додека другите групи мацаа муда у мохито на халкидики, ФА правеа по два-три графити дневно.
ФА има напраено акции колку што вие квазинавивачки групи што се активирате само кога во клубот има кеш нема да напраите уше 45 години.
Аеродромското заедништво и на и вон трибината е тешко објаснив феномен, и ти полноглавецу чие место во општеството е се уште непронајдено никогаш нема да сфатиш.
Види, сите што сме навивачи и одиме од љубов на трибини, секогаш не револтира кога некој ни ја етикетира групата дека навивала за пари.
Вистината е дека кога има пари во клубот, скоро секогаш има и луѓе што лапаат пари, во било која навивачка група.
Наши членови имаат докази за партиски вработувања на ваши екс водачи, од типот на клатам врата, земам плата. Нема потреба да се правиме наудрени тука. Глупо е да се постираат такви работи на форум, ама вистината е таа.
Они не земале пари за да навиваат, ама имале привилегии што се мотале на трибина. Отвори ги Чкембари, пола стари фаци се вработени во РЕК Битола. Како они без никакво школо придонесуваат за работата на РЕК?

Старите Комити сите имаа работа во клубот, дали редари, дали комесари за безбедност, па до Боле Луди како фиктивно вработен во царина.
Малку си претеравте во фалење на вашата група. Да, имавте топ работа, ама дека други не биле активни, мало морген. Рамо до рамо бевме со вас, а имавме далеку поголеми притисоци од вас во текот на целото време. Нашите претстави на ракомет не беа ништо послаби од вашите на АБА лига, не е дека сте го измилиле навивањето.
Комити константно цртаат графити во Скопје. Само Чентовци имаат ист број на графити со вас. Кореографии сме имале еден куп, мотки рачно цртани, гостувања, константно бодрење на клубот, а што е многу поважно и МНОООООГУ ПОВЕЌЕ ПРИТИСОЦИ ОД ВАС.
Да се потсетиме како на секој важен настан со национално значење ние бевме тие што беа на удар, што според мене на Комити им беше најголема грешка и затоа сега тераме многу подобро, во случаи кога седиме без да се мешаме, како што правевте вие тогаш.
Инцидентите како Нерези, лизгалиште на плоштад, Кале, вратените автобуси со Шкендија и Ренова директно во станица, редовно пердашење на секое дерби, се мерат со сите ваши доживувања од тој период.
Па опстанавме во целиот тек на времето, додека вие дојдовте до point of no return (барем мене така ми личи).
Погледнете си ја трибината, не познавам ни 3-ца луѓе од времето. Секоја чест за тие што ги знам и продолжија непрекинато да одат, без разлика дали само ставаа знаме на трибина и не пееја или навиваат како сега.
Фативте тогаш период кога се крена кошарката, еуфорија од Литванија, први титули, две големи навивачки групи и дербиња во Борис Трајковски. Учество во АБА лига, можност за мерење со локалните најдобри навивачки групи, нормално беше дека ќе имате огромен напредок. Има(в)те дечки што разбираат навивање, секогаш ја фалам групата што тогаш ви го водеше Арт тимот. Оставивте одлични песни, Не ми треба мене титула и онаа И да заминам срцево ти го оставам се песни со текст кој гаѓа во целта, ама не е дека и другите групи немале преработки во тој период. Ние сме преработиле еден куп македонски песни и претходно и во последниве години, тоа што имаме лошо водење и уште форсираат дебилни песни од минатото малку остава впечаток дека стагнираме на тоа поле.
И ЦПБ имаат преработки еден куп уште пред да ги извадите овие песни.
Едноставно во тој период ги имавте сите предиспозиции да бидете многу јаки. Имаше добри навивачки групи на кошарка, големо дерби неколку пати годишно, салата ви е во маало во прегусто населена населба, имавте симпатии од групите од сите градови (голем дел од нив големи ривали на Комити, па ве фалеа вас за наш инает). Аеродром е (беше) познат по маалскиот живот и нормално дека еден куп млади што дремеа надвор ќе решат да одат на кошарка, кога има добра организација.
Каде се сега тие луѓе?
Ако јас го сакам клубот ништо не може да ме спречи да одам да навивам, особено после толку години откако ви помина жустриот период. Еден пожесток политички оркестириран напад и одма ве снема.
Тие што ги затворија, не лежеа затоа што се навивачи, лежеа за други работи неповрзани со навивање. Ама да, можеа да ги поштедат, а ги пикираа баш затоа што сакаа да го уништат навивачкото движење. И ајде уште да не пеевте против тогашната власт. Прво ви изградија сала место вашата на која во тој момент немаше еден доказ дека е сопственост на МЗТ, ви ги обоија пола графити од општина (и тоа некои легендарни од Хард), не да протестирате, требаше за муда да ги обесите.
Не ми е поентата да минимизирам нечиј успех, ама не е баш работата како што ја претставувате дека била.
И да, групите треба да сфатат дека самофинансирање не е кога даваме по 100 денари за карта, а од управа ни ги плаќаат сите пропратни работи околу превозот и слично. Не е ниту кога на неколку гостувања ќе отидеме со сопствен превоз. Да, и тоа е огромен напредок, затоа што порано групите (а и сега некои) оделе буквално гага, па дури и џепарац ќе земеле, но не е самофинансирање.
Да платиш еден автобус за гостување, ти требаат по 300-400-500 денари од човек. Секако дека некои маалски џанаци давале по толку, па уште по 100-200 за пиење, јадење итн.