Реално тешко е да се направи конкретна споредба помеѓу Комити и ФА бидејки никогаш немале навивачки дуел, а функционираа во тотално различни услови. Штета можеби што навиваа во различни спортови, затоа што, како функционираа тој период и двете групи, евентуални меѓусебни дуели ќе беа врвот
Инаку, барем јас секогаш пробувам да бидам објективен и да тргнам на страна пристрасност, Комити и ФА во секој поглед во тој период беа движечка сила на тифо-сцената кај нас и дефинитивно групи кои најдобро функционирале и оставиле најголем белег, и кај нас и во регионот. Чкембари, може да се лутат колку сакаат, имаат бројност, имаат екипа за респект, ама во секој друг поглед беа далеку зад овие две, истото важи и за ЦПБ иако и тие имаа доста добри изданија во подемот, ама ако за некоја група бев апсолутно сигурен дека ќе доживее таков тежок пад и ресет, дефинитивно беа они, познавајки ги голем број од членовите тогаш убеден бев дека брзо ќе пројде таа фаза и шема и дека при првите потешкотии ќе го снема поголемиот дел од членството. Штета што Кумани ги снема целосно од сценава, не знам во каква состојба им е кошаркарскиот клуб, а и никад искрено не сум ја прател кошарката од спортски аспект

, беа респектабилна група и они. Добро е што конечно живна годинава сценава, иако ривали, мило ми е и за напредокот кај Чкембари и пред се Лозари, а огромна штета е што во Прилеп не се најдоа некои поедуцирани дечки да превземат и да ги издигнат Мајмуни, градот има огромен интерес ама од навивачки аспект од секогаш биле дно-дна, а баш ми е криво и што не се разви некое ривалство низ годиниве меѓу нив и Чкембари туку функционираа „пријателски“ ради анти-Скопје ставот, ќе беше тоа интересно пелагониско дерби
За крај само би додал, после секој дуел без разлика на кои две групи, улетуваат индијанци и 70% од вас пишувате „толку од мене на форумот“, обидете се да ги игнорирате истите затоа што на сите ни бодат очи, без разлика од која група се, и држете се до квалитетната и објективна дискусија. Прифатете или обидете се да одбраните издржана и образложена критика, игнорирајте ја ако е неиздржана, провокативна и не води кон квалитетна дискусија, постирајте квалитетен материјал, пријавувајте ги мислењата кои не се за темава па модераторите кога ќе имаат време ќе чистат, полесно е да се подзачисти темава ако има по некое индијанско мислење, многу потешко е да се одржи ред ако сите рипнете ко млади мајмуни на првиот таков пост. За жал, форумов е единствено место во моментов каде може да се тера ваква дискусија, од нас зависи дали сакаме да го одржиме како таков или да го отераме и ова во *****.