ZelenoBel
Модератор
- Член од
- 30 април 2013
- Мислења
- 1.618
- Поени од реакции
- 9.017
Ќе признајте еднаш како шо е, ќе дајте пофалба дека грмеше цела сала или ќе се прајме на улај?Кој оди со автобус во денешно време бре, стари сме за такви работи![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ќе признајте еднаш како шо е, ќе дајте пофалба дека грмеше цела сала или ќе се прајме на улај?Кој оди со автобус во денешно време бре, стари сме за такви работи![]()
Апсолутно немав дилеми дека ќе помине добро (иако мечињата во најголем процент долетаа од неутралната трибина), тоа беше провокација, чија поента не ја сфативте. Во постот ве боцнав вас како група и тоа за членските и плаќањето карти, милион пати САМИТЕ сте го пишувале во темите од ФК и РК Пелистер, да не ви барам постови од минатото.Беше во дилеми нешто со мечината како ќе помини, задоволен?
Види вака, проблемот кој не го сфаќате е дека веќе не сме во периодот до 2002 година и не се игра ракомет само во Битола. Вардар од годините со ривалството со Металург, досега имал стотици натпревари со ваква атмосфера. Не знам зошто би ви објаснувале, си имате битолчани што доаѓале на Вардар и може да ве информираат. Тоа што го гледате на ТВ апсолутно не е исто со она во сала. Натпреварите со Металург биле апсолутно на исто рамниште со денешниов, а во ЛШ сме имале далеку подобра атмосфера, кога цела сала (бројка од 6000 луѓе, па дури и 7000 со Фленсбург) скокала и пеела. Ѕидови се топеле. Она што го имам доживеано против Пик Сегед во Скопје во 2019, никогаш никаде нема да се повтори. Па во времињата кога Комити како група одевме по 1000 луѓе на ракомет, навивањето било на завидно ниво во текот на сите 60 минути.Ќе признајте еднаш како шо е, ќе дајте пофалба дека грмеше цела сала или ќе се прајме на улај?
Реално вашето навивање потоп, не по звучност, него по самата енергија, како почудени бевте, и грото деца бевте, работен ден то е.![]()
Е добро де, децата ги натепаја тие курназите 25+ , и то во работен ден.Види сеа, тачно дека најјакта екипа неможеше да присуствува у работен ден, ама навивањето не беше слабо.
Него, кај вас на фудбал, ова што го глеам, на домашен терен 200 души едвај, ем грото апла деца.![]()
ФК ПЕЛИСТЕР - ФК ВАРДАР / FK PELISTER - FK VARDAR 2021 (Kup Bitola)
FK PELISTER - FK VARDAR 2021 (Kup Bitola)www.youtube.com
Тоа е работен ден, знам како е![]()
Само ќе ти реплицирам во делот дека во салата нема услови за гостински навивачи на ваква утакмица , еве белки сега и сам се увери дека малце фали да дојди до непотребен инцидент со тешки последициВиди вака, проблемот кој не го сфаќате е дека веќе не сме во периодот до 2002 година и не се игра ракомет само во Битола. Вардар од годините со ривалството со Металург, досега имал стотици натпревари со ваква атмосфера. Не знам зошто би ви објаснувале, си имате битолчани што доаѓале на Вардар и може да ве информираат. Тоа што го гледате на ТВ апсолутно не е исто со она во сала. Натпреварите со Металург биле апсолутно на исто рамниште со денешниов, а во ЛШ сме имале далеку подобра атмосфера, кога цела сала (бројка од 6000 луѓе, па дури и 7000 со Фленсбург) скокала и пеела. Ѕидови се топеле. Она што го имам доживеано против Пик Сегед во Скопје во 2019, никогаш никаде нема да се повтори. Па во времињата кога Комити како група одевме по 1000 луѓе на ракомет, навивањето било на завидно ниво во текот на сите 60 минути.
Во сала е полесно навивањето. Убаво навивање сум доживеал и кога гостувавме кај Куманово пред едно 10 години, а и скопските кошаркарски дербиња секогаш биле пеколни.
Така што, еднаш засекогаш треба да се помирите, дека ова ни е веќе видено и не се воодушевуваме до тој степен, како што ви е доживување на вас во моментов, пошто 100 години ви беше умрен клубот.
Вие во моментов имавте:
1. Еден куп победи по ред, Вардар доаѓа со 7 порази по ред во ЛШ и со БУТИН на клупа.
2. Не сте виделе титула од 2005 година, тоа се факинг 16 години. За прв пат имавте шанса да не тепате и да дојдете до чекор до титулата.
3. Битола несомнено сака ракомет и веројатно има највеќе луѓе што следат ракомет. За прв пат имавте можност да има гостинска публика и во Битола.
Под вакви услови, ОЧЕКУВАНО беше да биде ПЕКОЛ во сала.
Јас и порано сум пишувал во темава. Мене секогаш ми е најубаво кога влегувам во сала/стадион која е исполнета со противничка публика. Цела таа омраза, напнато скандирање, препуцавање е она што се памти и останува како искуство.
Откако влеговме во сала, стварно публиката беше одлична, чиста десетка, особено во моментите кога го вртевте мечот. Но, тука завршува се', ништо спектакуларно, напротив очекувано и ВЕЌЕ ВИДЕНО СТО ПАТИ на наши натпревари во Европа или со Металург.
Мене искрено не ми се допаднавте вие во навивањето. Имаше моменти каде што групата од Лозари беше највесела и највеќе скокаа на ваша трибина, беа многу покомпактни. Ништо посебно, препуцавање на ниво на градови, а тоа секогаш е скандирање во еуфорија. Свирење на наши напади, класично навивање на спорт во сала.
Да не пеевте некоја долга песна или песна за Пелистер, па ви се приклучи цела сала?
Не, репертоарот беше тој, дочек со „кој не скока, скопски педер“, па „Еј Скопјанче“ на полувреме, па „И Сузана...“, па „Боки 13-ка“ и нормално, песната за 63та, што уште стојам на став дека нормален човек не би ја пеел, ама вие си знаете.
Очекував и некоја кореографија да имате, како за натпревар со ваква важност.
Сличен репертоар и кај нас. Тотално непотребно пеење на стари песни од памтивек. Освен „О Сузана“, апсолутно нема поента да се пејат други песни. Да и се намочам на Каролина Гочева или фамилијарната состојба. Место да си се тераат песни за Вардар, се изгуби еден куп време од она кратко време што го имавме на глупи песни. Не знам што сте слушале илчи не, нормално е дека 100 луѓе не може да надвикаат 3000 во ситуација кога правевте пресврт на резултатот, ама имавме моменти (особено во првите 15 минути) кога си згрмевме неколку пати. После тоа се скандираше АЦЕ ТРСКА, па се испејаа неколку песни за Македонија, што исто така го сметам за непотребно.
Некако времето летна брзо. Извадивме три пароли, се брзаше бајаги. Немаше услови ни знаме да поставиш, ни ништо.
Слабо се навиваше во последните 10-тина минути, ама тука веќе почнаа нашите проблеми со полицијата и немаше услови за навивање.
Комити не бевме во некоја бројка како што сме оделе порано, но за работен ден и ужасно работно време на тргнување, не бевме лоши. Два автобуси и неколку коли. Пред Битола од колите се префрливме во автобуси (јер овде уште најголем успех е да искршиш кола со други регристрации) и двата беа преполни, еден куп луѓе стоеја.
Еден куп полиција. Колку што ги сакам гостувањата во Битола, толку ич не ми се оди ради контактите со полицијата. Тон полиција, која нема никаква координација и од ништо прават инциденти.
Не успоруваат по пат, тепаш 3 саати пат, за да влезеш на полувреме.
Стигнавме пред сала некаде околу 15 минута, а не внесуваа до полувреме. Не стегнаа во обрач, па не пуштаа по 10 луѓе. Класика имаш редари од Битола кои те провоцираат, а полицијата одма реагира на твоја штета.
Влезот во сала беше одличен. Напалена цела публика, одма препуцавање со обичната публика која беше до нас, искри со ЕБР. Буткање со штитови и слично.
Пази ги дебилните. Наредиле милијарда специјалци околу нас, а до нас имаш 1500 луѓе од обична публика кои се на метро од тебе и пробуваат да те плукнат или погодат со нешто. И полицијата на нив ништо ни им вика, ни им прави. Пошто екипата беше пепел, мислам дека да немаше толку полиција, имаше да има инцидент од епски размери. Масакр ќе се случеше со обичната публика. Фатиле старци провоцираат, никој тука не гледаше ракомет, цело време беа накај нас свртени. Неколку пати имаше обиди да се премине преку полицијата на поединци кај нас, ама без успех. Ем те провоцира цела публика, ем не оди до крај во дуел, само пцуење, плукање, фрлање упаљачи и слично.
Доаѓа 52 минута и ги фаќа нервоза. Од горе ЕБР почнуваат да не буткаат надоле, те стегаат во обрач без никаква потреба. Почнува агресија, излегувај, излегувај, те гураат надоле. Од доле, нивните колеги викаат не сега да излегувате, те буткаат нагоре.
Со сила успеаја да не избуткаат, така што пола група не го видовме пеналот. Кога другите што уште излегуваа свикаа гол, лудница се случи во ходникот. Излегуваме надвор, пак не стегнаа во обрач.
Тие напред викаат не ги пуштајте, тие од позади млатат со штитови, а имаше и по некој пендрак. Командирот на СВР Битола вика пуштај ги одма, овие викаат не, тотална некоординираност. Тешко нас ако овие треба државава да ја бранат.
Убаво гостување, спортот се игра за публика и треба да се вложат сите напори за ова да продолжи и понатаму. Топ си беше атмосферата, со тоа што малку треба да се намали на пеење на дебилни песни. Исто така, дефинитивно гостинските навивачи не треба да бидат веднаш до обична публика. Лесно можеше да се случи Струмица, 2 дел. Со малку помалку полиција, сигурно ќе летаа столови на сите страни.
Убаво размрдување и за тифо сцената. Чисто да покажеме дека не постои место каде што не може да гостуваме, доколку имаме дозвола за гостување.
Пресмешни се сите оние што ги довикуваат Комити дека не гостувале на одредени места, а кога ќе гостуваме, пички сме биле дека сме дошле со полиција. Извини, заборавив дека сите вие на Градски одите сами без џандари и не е дека седите на 6 км од западна трибина
Како група сме покажале и докажале дека за нас единствена пречка за неодење на гостување се глупавите забрани кои кога сме пробале да ги надминеме, завршувале со тешки кривични.
Има услови (иако кај нас е полесно со 4 трибини), ама нема никаква координација меѓу џандарите. Беспотребно маваа на крајот и пред сала, само ради нивната неспособност.Само ќе ти реплицирам во делот дека во салата нема услови за гостински навивачи на ваква утакмица , еве белки сега и сам се увери дека малце фали да дојди до непотребен инцидент со тешки последици
Абе за такви услови има , ама да скратиш на домашна публика едно 500-600 карти , за да дозволиш нормални услови за гостинска публика...Има услови (иако кај нас е полесно со 4 трибини), ама нема никаква координација меѓу џандарите. Беспотребно маваа на крајот и пред сала, само ради нивната неспособност.
Треба цела една коцка да биде празна меѓу обична публика и гостински навивачи, да скратат на уште 300 карти. Наполни ја таа коцка со полиција и да видиме дали ќе има инцидент. Вака кордони околу нас, а обичната публика одма до тебе оставена да прави што сака. Влегуваш на трибина, ти виси цела домашна публика над глава. Како јас би спречил некој да ми лупне стол од глава од горе? Никако не би можел да се одбраниш, ниту да вратиш. Услови има, ама има и неспособна полиција. Едно време откако не напикаа во автобуси, не знаеја кај тераат, меѓусебе почнаа да се судираат од што едни одеа на една, други на сруга страна![]()
Тие деца имаат 3 пати поголемо навивачко искуство од вас.Реално вашето навивање потоп, не по звучност, него по самата енергија, како почудени бевте, и грото деца бевте, работен ден то е.![]()
Како шо ќе кажиш ти, така нека е, la haine crew.Тие деца имаат 3 пати поголемо навивачко искуство од вас.