Одамна сакав да отворам една дискусија, чисто сумљам дека ќе оди во позитивен правец од едноумие што владее овде, ама ај да пробаме.
Тема: Гостување
Засегнати страни: Рибари и Лозари (оваа сезона како две најспротивни групи за оваа тема ги земам за пример, и НАЈДОБРО е членовите од овие две групи да НЕ се вклучат во дискусијата за да не оди во грешен правец со форсирање идеали).
Што според вас останатите е успешно гостување? Дали гостовањето од 3/4/5 души го сметате како успешно и треба да се брои како активност на групата? Чист пример Рибари. Оваа сезона гостуваат секаде најчесто по толку, една кола. И интересно ми е она "во сопствена режија". Ако е во сопствена, зошто воопшто се брои како активност - гостување на групата а нема никаква организација ниту повик? И секогаш, истите 5 души со една мотка (шал) одат сегде, навиваат вкупно 10 минути од цел натпревар, никаков повик за гостување во име на групата, ниту знаме на Рибари, во сопствена режија како што тие сакаат. И истите тие му се смејат на Лозари, кои пак, поради некои причини не гостуваат на повеќето натпревари организирано (ќе се вратам на ова пак), но секогаш кога гостуваат се во доста добра бројка во однос на број на жители - клуб - група, со официјално знаме Лозари, и слично. Да се вратам назад кај организирано, тврдам дека неколку членови на Лозари СЕКОЈ натпревар во гости патуваат и го следат, но никогаш не објавиле слика како активност на групата, бидејќи без официјално знаме на групата, без јавен повик, и самиот мислам дека не треба да се смета како активност на групата. Некако премногу станавме инфлуенсерски настроени, па не ги гледаме работите во реалност. Официјално Рибари како група, немаат реализирано ниту 5 натпревари во гости. Дури од тие 5, на ниту еден не е извадено знаме Рибари, туку постојано коцки од Викенд Агенда и Блу Форс. И исто знаете дека барем 10 души од секоја група, без разлика дали организирано или не, присуствува секаде со клубот свој. Па дали тоа заслужува да се води како активност на групата? По оваа логика излегува дека треба и секој исчкртан ѕид со таг на група да се смета како уметност, графит и активност на групата.