Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Сакав да прашам неколку страни поназад кога ги видов сликите од моменталните фемили, ама дали се има сменето нешто тука. Бар Аеродром од секад важел како населба со добар малски живот, стари и млади. А сепак децана ми делуваат како тотално отсечени :toe:
Смена на генерации и многу нови доселени од разни места кои не ја негуваат таа маалска култура.

Сум имал можност да правам муабет со Аеродромци, жители на населбата, не навивачи, кои биле родени некаде периодот '87/'88-'93/'94, кои ми кажувале дека биле на улица од јутра до сутра, фудбал и баскет се играло секаде, секоја вечер собиранки низ сите маала со по 30-40 луѓе, големи друштва меѓу кои голем дел од нив биле и членови на ФА. И верувам дека баш тие генерации кога дојде време да ја превземат трибината го направија целиот тој подем на ФА бидејќи 2010-2012 имале некаде од 17-18 години до 25.

Не дека други населби го немале ова, меѓутоа по тие муабети имам сфатено дека маалскиот живот во Аеродром во тоа време бил на многу поголемо ниво на кое претпоставувам е сега. Од тука доаѓа и целата близина помеѓу членовите на ФА и таа организираност што ја имале.

Многу од овие луѓе што ги кажувам се заминати во странство по работа со цели фамилии, и тука се губи голем дел на тоа што Аеродром некад бил. За моменталниве генерации не знам и не можам да кажам, но и јас имам чувство дека ја немаат таа организираност како нивните предходници. Дали се сеуште млади и неискусни или е во прашање ова што го зборам ќе видиме.

Ова е само мое мислење и не значи дека е точно бидејќи никогаш не сум живеел во Аеродром за точно да знам што се случува.

Како и да е, убав период за навивањето беа тие години за сите групи зборам. На кошарка ФА, ЦПБ и Кумани беа одлични, фудбал Комити и Чкембари имаа прејаки дербиња, ракомет со Пирати иако никад не сум ги сметал за сериозна група имаше интересни дешавки и еден куп други групи кои тогаш пак се активираа.
 
Многу работи се пишуваат, доста од нив не се за отворен форум од ваков вид и се дискутират само во навивачкиот свет но ајде почнавте и продолжете, последните страници искрено ми се уживање за читање поради тоа што паѓаат маските :) , се покажува очигледниот ривалитет на релација Комити-ФА нешто што постојано сум го дискутирал со нив а постојано го негирале, но сакале или не да си признаат постои, ривалитет не е само да навиваш и да си правиш акции еден на друг.

Конкретно сакам да расчитам за генерациите, тој муабет секогаш ме иритирал тоа постојано судење од постариве на помладиве генерации, едноставно оваа генерација на ФА е сосема нова и допрва треба да се покажува и докажува во навивачкиот свет, да и се суди по само два месеца е неправедно, тие допрва треба да си го покажат својот квалитет и место во навивачкиот свет, критериумите и реномето што им го оставија претходните генерации е преголем товар па останува да видиме како ќе се износат со тоа.

Кога ќе се сетам што се пишуваа одредени членови на форумот за младите генерации на Комити во дискусии тука каде што можеби бев единствен што беше на нивна страна, дури нивните членови ги напаѓаа со дрва и камења за од кога дојдоа нивните пет минути направат работи за кои остантиве генерации пред нив во Комити беа мисловна именка, дечкиве направија револуција во Комити, ја издигнаа групата на ниво непознато за нив претходно во контиунитетот, станаа ловци а не пленот по улиците на Скопје, го направија најголемиот подвиг на тифосцената а според експертиве овде истиве ќе беа крајот на групата.

Затоа нека се остави на дечкиве на ФА да си го покажат своето кога веќе започнаа, прва работа споредбите со претходните генерации на ФА се непотребни, оние кои сме 87/88-93/94 генерации сме израснети на улица, не само во Аеродром туку ширум Македонија, некаде побогат некаде посиромашен маалскиот живот постоеше и беше на врв, сега поради различни причини тој е тотално запднат насекаде, друга работа таа генерација на ФА пред да ја превземе групата имаше активна група која навиваше постојано, можеби со многу послаб квалитет но основните навивачки лекции им биле научени од сам старт, додека овие дечки се враќаат после тотален пустош и мора се да учат со водење на групата, а тоа е многу тешко, претдхоната генерација имаше член/ови кои беа со ултрас IQ неверојатно голем за тифосветот (не само за кај нас) а тоа не зависи од тоа како си растел и која генерација си, едноставно или ќе го имаш или не во екипата, па ќе видиме.

Од се што е напишано за ФА што стои по мене најголемиот успех за онаа генерација на навивачи е тоа што тие успеаа да наметнат таков менталитет и да остават такво влијание врз младината во Аеродром да таа се гордее со сопствената навивачка група без разлика дали се дел или не од неа, тотално мртви а сите се исповетуваа со нив со разни постапки, дојде време групата да искористи момент и да направи обиди да се врати и успеват да мобилизират 100 луѓе под 20 години, нешто за кое групите кои се фалите (со право) со контиунитет го немате, значи они ја завршиле најважната работа по мое досега, но и дефинитивно треба озбилно да застанат зад момциве кои сега се дел, секој од нас има најразлични периоди во животот бил активен, се повлекол, се вратил, бојкотирал, бил у конфликт со групата и.т.н. но целосно повлекување од неа не ни паднало на памет, сепак навивањето како субкултура, тој навивачки свет и групите на кои припаѓаме допринеле многу да бидеме тоа што сме, се голем дел од нашиот личен идентитет и не личи да дигнеме целосно раце од групата на која претходно буквално сме давале се.
 
Многу работи се пишуваат, доста од нив не се за отворен форум од ваков вид и се дискутират само во навивачкиот свет но ајде почнавте и продолжете, последните страници искрено ми се уживање за читање поради тоа што паѓаат маските :) , се покажува очигледниот ривалитет на релација Комити-ФА нешто што постојано сум го дискутирал со нив а постојано го негирале, но сакале или не да си признаат постои, ривалитет не е само да навиваш и да си правиш акции еден на друг.

Конкретно сакам да расчитам за генерациите, тој муабет секогаш ме иритирал тоа постојано судење од постариве на помладиве генерации, едноставно оваа генерација на ФА е сосема нова и допрва треба да се покажува и докажува во навивачкиот свет, да и се суди по само два месеца е неправедно, тие допрва треба да си го покажат својот квалитет и место во навивачкиот свет, критериумите и реномето што им го оставија претходните генерации е преголем товар па останува да видиме како ќе се износат со тоа.

Кога ќе се сетам што се пишуваа одредени членови на форумот за младите генерации на Комити во дискусии тука каде што можеби бев единствен што беше на нивна страна, дури нивните членови ги напаѓаа со дрва и камења за од кога дојдоа нивните пет минути направат работи за кои остантиве генерации пред нив во Комити беа мисловна именка, дечкиве направија револуција во Комити, ја издигнаа групата на ниво непознато за нив претходно во контиунитетот, станаа ловци а не пленот по улиците на Скопје, го направија најголемиот подвиг на тифосцената а според експертиве овде истиве ќе беа крајот на групата.

Затоа нека се остави на дечкиве на ФА да си го покажат своето кога веќе започнаа, прва работа споредбите со претходните генерации на ФА се непотребни, оние кои сме 87/88-93/94 генерации сме израснети на улица, не само во Аеродром туку ширум Македонија, некаде побогат некаде посиромашен маалскиот живот постоеше и беше на врв, сега поради различни причини тој е тотално запднат насекаде, друга работа таа генерација на ФА пред да ја превземе групата имаше активна група која навиваше постојано, можеби со многу послаб квалитет но основните навивачки лекции им биле научени од сам старт, додека овие дечки се враќаат после тотален пустош и мора се да учат со водење на групата, а тоа е многу тешко, претдхоната генерација имаше член/ови кои беа со ултрас IQ неверојатно голем за тифосветот (не само за кај нас) а тоа не зависи од тоа како си растел и која генерација си, едноставно или ќе го имаш или не во екипата, па ќе видиме.

Од се што е напишано за ФА што стои по мене најголемиот успех за онаа генерација на навивачи е тоа што тие успееа да наметнат таков менталитет и да остават такво влијание врз младината во Аеродром да таа се гордее со сопствената навивачка група без разлика дали се дел или не од неа, тотално мртви а сите се исповетуваа со нив со разни постапки, дојде време групата да искористи момент и да направи обиди да се врати и успеват да мобилизират 100 луѓе под 20 години, нешто за кое групите кои се фалите (со право) со контиунитет го немате, значи они ја завршиле најважната работа по мое досега, но и дефинитивно треба озбилно да застанат зад момциве кои сега се дел, секој од нас има најразлични периоди во животот бил активен, се повлекол, се вратил, бојкотирал, бил у конфликт со групата и.т.н. но целосно повлекување од неа не ни паднало на памет, сепак навивањето како субкултура, тој навивачки свет и групите на кои припаѓаме допринеле многу да бидеме тоа што сме, се голем дел од нашиот личен идентитет и не личи да дигнеме целосно раце од групата на која претходно буквално сме давале се.
Не ги споредував ниту имав намера да ги нападнам, само кажав дека тие маалски дружби на тие генерации имале голем удел во тогашниот подем на ФА, се поклопиле и генерациите и времето а тоа и они самите си го потврдија во серијалот, и како што кажав сум правел муабет со многу луѓе кои не биле навивачи но пак си го терале тој маалски живот.

Нормално дека во сите градови и населби го имало маалскиот живот, не дека само во Аеродром било ова, само мислам дека таму бил на многу поголемо ниво поради бројноста на жители што населбата ја има.

Новата генерација на ФА не мислев да ја нападнам, напротив и јас мислам дека треба да им се остави време да покажат што знаат и со мала помош од постарите можат да се вратат кај што беа.
 
Ја пишав од радозналост, зашто дур растев беше вообичаена глетка 15 годишните да седат со 25+ во мало во Аеродром, па на утакмици имаше од сите генерации.
Овие што навиваат ми се чини дека немаат баш контакт со постариве во мало, инаку би дошол некој бар на дерби утакмиците. Како и да е да има едно дерби со Работнички мислам ќе се раздвижат :)
 
Не ги споредував ниту имав намера да ги нападнам, само кажав дека тие маалски дружби на тие генерации имале голем удел во тогашниот подем на ФА, се поклопиле и генерациите и времето а тоа и они самите си го потврдија во серијалот, и како што кажав сум правел муабет со многу луѓе кои не биле навивачи но пак си го терале тој маалски живот.

Нормално дека во сите градови и населби го имало маалскиот живот, не дека само во Аеродром било ова, само мислам дека таму бил на многу поголемо ниво поради бројноста на жители што населбата ја има.

Новата генерација на ФА не мислев да ја нападнам, напротив и јас мислам дека треба да им се остави време да покажат што знаат и со мала помош од постарите можат да се вратат кај што беа.
Само да напоменам коментарот не е реплика кон тебе туку еден осврт на дискусиите кои се дискутираат последниве постови, поточно за еден дел од нив, а ова со генерацииве нивното годиште го земав од тебе дека е на место и да не ми избега мисла, за другиве теми во дискусијата ќе се воздржам од коментар.
 
Drugovi, ja Mislim da vaama kolektivno svima organizujem jedan bus I to Samo u jednom pravcu, do psihijatrije u Demir Hisaru ili Negorskim Banjima. Jel vas nije sramota samih od sebe da sebe zovete navijacima, a svi zajedno na forumu nemate 20 godina navijackog stazha, cast izuzetcima ali po to shto se pishe moze se lagano zakluciti da tu ukupno ima 5 navijacha na foruma. Biti navijac, u prevodu znaci da ides na tribinu dok ne stignesh da ides na groblje.Pojela me je tudja sramota od ovoga shto citam, ovi su postali avangarda sa 6 godina navijackog stazha,zbog toga shto su izmislili toplu vodu, unikatne transparente, koreografije I zbog takozvanog samofinansiranja..snimili dokumentarac, a momentalno jedu semenke I daju aplauz Kao u teatru I to na svojih 28-33 godine vozrasti . Josh u startu se vidi da ste vi daleko od ultrasa I navijacha jer jedini nacin da se grupa samofinansira je ilegalan (prodaja droge, iznude, reket, I tako dalje sve Sto spada u kriminal ), tako da smanjite dozivljaj I nemoj da pricate bajke prodali SMO 600 majice puta 400 dinara,dobro ovaj decko Sto je ovo napisao vidi se da je navijanje ucio na YouTube, a ne na tribinu, shto mozemo zakluciti po njegovom komentaru u stilu dozivio Sam da jedan put odem u Bitolji I sad mi je dosta navijanja, proshao Sam sve shto je moglo Definicija navijacha I navijanja je mnogo prosta I jednostavna, a to je da ne postoji neshto na ovom svetu ukljucujuci to shto CES da se ozenish, da vodish decu u shkolu, shto CES mozda namjeshten zavrsiti na robiju, shto mozda nikada neces moci naci posao, a da ne pricam te prvodelenske price pritisak od strane politickih partija na grupu. Pravi ultras CE se sa svojih 50 godina vozrasti uvek isto osecati Kao kad Je prvi put otisao na tekmu ili gostovanje. Navijanje je nauka, a ne modni fazon I terapija za leciti svoje komplekse,I glumiti mangupa dok ti ne postane jasno da si pogreshio smer I zivio lazhan zivot. U sve ove nebuloze shto su se ispisali na zadnje stranice jedino je dobro shto cete ovde leciti komplekse I demonstrirati Vash mangupluk dok traje letna pauza.

Од кое македонско село си да ти ебам опинок? Вака српски не зборуваат ни трето колено дијаспора во Австалија.
 
Лејј читам 3 страни за минатото на ФА сте пишувале ...ова правеле тоа правеле ..
Ок правеле и сега каде е таа група , не е ни 20 % од тоа што била тогаш ...

Бројката им е сега 50 - 70 луѓе , кошарката во Мкд е падната , немаат ривали никакви ..
И наредна сезона ке им биде таа бројката на ФА , па глејте титула зимаат славеа јубилеј толку луѓе беа ...какво враќање какви бакрачи ..
 
@ultras1988 јас се најдов прозван од твојот коментар :D

Како прво, да расчистиме некои работи. Во Комити постоеше некој тип на подгрупа што се викаше МЛАДА ЕКИПА и тогашните критики одеа на сметка на нив, особено по непромислениот потег во Ѓорче, кога дозволија јавно да биде посрамотена групата.
Прво од тие ликови, гарантирам дека повеќето веќе не одат на трибина, а најмалку па да имаат некаков удел во тоа што е трибината во моментов.

Токму овој настан беше причина за Комити малку посериозно да си ги сфатат работите.
Групата ја водат млади, ама млади над 25 години, кои имаат минимум 7-8 години стаж на трибина. Значи не зборуваме за баш млади ликови кои паднале од небо. Тие од 15 години имале некаква улога во правење кореографии, смислување песни, дизајнирање маици и шалови, цртање графити, не се вчерашни. За изгледот на трибината секако се грижат лица над 30 години.

Комити годинава имаат страшен напредок, поради залагањето на ликови на возраст меѓу 20 и 26-7 години, кои и претходно беа навивачки едуцирани, а ги фатија и годините кога беше активна Екипа Корео. Дел од нив се учеа на КК Вардар, дел се членови на подгрупа која со години е активна на високо ниво во Комити, дел се членови на подгрупа која има активни постари членови (реткост), дел се членови на групи кои повторно се враќаат на Запад откако цели нивни претходни генерации избегаа во странство, ама сите тие почнувале на запад во годините кога групата имаше здраво водство кое беше навивачки едуцирано.

На Комити бродоломот им се случи од сите притисоци, во кои особено беа вклучени партиски фаци кои во 90тите биле страв и трепет на тифо сцената.
Кога Екипа Корео беше целосно во навивачки филм, ваквите фаци не можеа да се помират дека групата добива еден нов модерен изглед и тогаш младите ги нарекуваа ПЕДЕРИ/НАРКОМАНИ КОИ КРАДАТ ПАРИ ЗА ДА ДУВААТ ДОДЕКА ЦРТААТ, А ОВА НЕ Е ЛИКОВНО! :)
Тепање на трибина, кога не знаеш кој попрво те мава, дали полиција или овие, ќотек секое дерби итн.

Комити дојдовме на дереџе да немаме водач на навивање со години. Да нема никакви новитети.
Но, никогаш не престанавме да одиме на трибина и тоа членови кои сме на возраст над 25-30 години. За тој период, главна улога одиграа Екипа Пиво кои уште го држеа духот на западот. Не дека другите прекинаа да одат (Ченто и Клуб пред се'), ама овие некако имаа најубав изглед и постојано вадење на реквизити и некако ја одржуваа групата.
Константно групата имаше до 150 луѓе на трибина, а на некои утакмици имавме и поголема бројност кога имаше некоја прослава и слично.

Лично, за годинава бев скептик дека ќе изгледаме како што изгледавме. Знаев дека со падот во втора лига ќе проработи инаетот и ќе имаме подобра бројка, ама не очекував дека толку ќе се сложат коцките.
За ова, секоја чест за 5-6 луѓе кои буквално животот го посветија деноноќно на групата. Тоа се оние кои се малку постари во оваа млада екипа.
Сите замисли нивни, сите кореографии направени благодарение на нивни реализации.
За помладите секоја чест што не беа индијанци какви што порано биле често знаеле да бидат помладите екипи, го почитувале редот на трибина, не дремеле на шипки ко сите нивни претходници и пред се' браво за сите акции. Буквално ги добија сите дуели, имаа еден куп мангупски потези, паднато знаме од Шверцери, сто пати ги бркаа во секој дел од градот итн.

Годинава според мене ја почнавме солидно, но не толку добро. На гостувањето во Кратово во прво коло, бевме воглавно постари членови. Ги изненадивме сите дека бевме во солидна бројка, но немаше некоја новост на трибината.
Се сеќавам дека тогаш серев за тоа каде се младите :D
Натпреварите со Воска и Беса донесоа веќе поинаов дух, со кореографии, со добро навивање и веќе вклучување на нови песни.
Цел репертоар на песни извадивме, штета што само дел се пејат. И за ова секоја чест за дечкото што ги вади песните, непресушен извор е :P
За нас пресвртна точка беа гостувањата во Кадино и Тетово, како и селењето од Маџари во Лисиче на ФФМ.
За натпреварот во Кадино имаше огромна еуфорија, особено што се знае дека цел тој дел навива за Вардар. Во време на корона, на стадиончето сигурно имаше над 2000 луѓе.
Сите страни на трибините беа преполни, на нашата трибина беше гунгула. Од Кадино молеа да се намали бројката дека ќе јадат казна. Дојдоа многу нови членови од околината, со кортео со 100-тина средношколци од кои некои продолжија и понатаму да одат на натпревари. Навивањето беше супер, кореографии, нова песна која се пееше цело полувреме.
Кореографијата беше спремана цела вечер на самиот стадион во Кадино.
Измеѓу некаде беше гостувањето на Рибари во Маџари и пак ќе кажам, нешто што ретко се гледа на трибина. Цела гостинска група да биде избркана од стадион и буквално да бегаат по улици. И тоа од само една подгрупа на Комити. Без разлика на противникот, потег за респект, особено што претходниот ден гостите глумеа фраерлук на социјалните мрежи (со српските знамиња). Нема да навлегувам многу во оваа тема, веќе сме ја дискутирале на долго и широко. Ќе остане запаметено и дека Драчевци им правеа кортео на ден на утакмица по кеј, без поолемо присуство на полиција и дека во последно коло им направија напад сред Охрид, во кој само со игра на случајности (грешен ранец) не им паднаа знаме. За мене нема веќе потреба толку да се замараат со Рибари, особено што ете се решија некои работи околу татарите итн.
Гостувањето во Тетово беше страшно!!!
Балисти се мобилизирале пред утакмица, состаноци во секое маало.
Какви Балисти, какви бакрачи, какви екипи бевме собрани од двете навивачки групи, Полјациве ќе ги јадевме :D
Одлична атмосфера, грмење, јаки кореографии, одлична баклијада, изглед на трибина 10-ка и се' тоа на одвратно дождливо време.
Да не збориме што пар Балисти се симнаа да провоцираат и избегаа со брзина на светлината. После натпревар буквално без полиција се шетавме во помали групи низ делот од стадион до Центар, никаков напад не се случи. После тоа заеднички собир во кафана на двете групи.
За овие три гостувања, имаше само еден бус за Тетово, сите други си доаѓавме со коли и во Кратово и тука и во Кадино (ако го броиме за гостување, сепак ми е некои 20 км од дома :D).
Дојдоа на ред натпреварите на ФФМ.
Активирање на Лисиче. Активирање и на постари членови од Аеродром.
Не треба многу да се зборува за овие натпревари. Какви само кореографии беа вадени со екипи како Кораб, Велешта или Гостивар. Со Силекс крцаше целата трибина.
Секоја чест за кореографиите и за трудот истите да бидат изведени. Копирање со гас маски и слично, стигна веднаш :)

Пак ќе кажам, секоја чест за оние кои работеа по цела вечер на кореографиите. Замисли место да си излезеш за викенди, веќе сме во години каде што повеќето се или пред женење или женети, некои земале лепеле упатства на секое столче, лепеле најлони на секој стол, поединечно пресметано. Покривни знамиња кои се спуштаа од горе, местење кореографија, планирање на баклијадата.
Буквално ни овозможиле само да си дојдеш и да ти е мерак да навиваш и потоа да се фалиш по форуми колку било јако.
Ако ви се верува и во вакви услови, имаше фаци кои ќе заебат кореографија. Пример, залепени најлони во различни бои со цел да излезе кореографија. Им викаш на едни средношколци да ги одлепат најлоните кај што стојат и да ги кренат, они ги одлепуваат и сите правец во еден ред, поебаа се' :)
Значи, кога веќе одиш на трибина и не учествуваш во никаква организација, барем мисли со главата и не го сери трудот.
Ваквите ликови ми се втори на листата персони нон грата. Првите убедливо се (воглавно постари) ликови кои доаѓа два пати годишно, се лепи за ограда или дошле со друштво и не пејат цела утакмица. Демек види колку години стаж имаме и сега треба да дрвиме курац и да го ебеме навивањето со тоа што не пееме.

Оваа генерација има толкав успех и затоа што клубот во моментов нема пари, па нема лешинари на трибина.
Горе доле има ОГРОМНА ПОЧИТ од старите кои одат на трибина кон трудот на младите. Не само што им ја препуштија трибината, туку помагаат за одржување ред. Не се дозволува дремење на шипка како порано, се шетаат по трибина и опоменуваат ако некој прави бељи итн.
Секоја чест за некои постари фаци кои се активни секое коло.

Натпреварите на ФФМ беа класична забава. Пиво на точење во наша организација, празнење на сите локални продавници, носење скара. Екипа кајгана со скара и пиво во неколку кола, сиренце, салатичка, но и непрестајно навивање ;)

Во втора полусезона не верував дека ќе направиме онаква мобилизација за во Охрид. Бев скептик, си признавам.
Предобро изгледаше трибината. Се претера само со инцидентите на трибина.
После тоа не верував дека по киксовите на клубот ќе се продолжиме во иста бројка.
Ама не се дадовме. Повторно со Охрид имавме одлична кореографија со рачно изработените мотки. Одлични бевме и со Тетекс во заедничкото навивање.
Во втора полусезона имавме многу селења, ваму таму. Те на ФФМ, те на Градски, те во Маџари, те во Железара.
Не отидов во Маџари против Кадино, а имало најјако навивање. Поради невремето, целата кореографија завршила во околните куќи :D
Измеѓу дојдоа и изданијата на ракомет. Пак ќе повторам. Комити МОРА посериозно да навиваат на ракомет. Како прво, симпатии од обична публика се привлекуваат на европските ракометни дуели. Така и привлекуваш нови членови. Сите симнуваа капа кога навивавме уште по пола саат по поразите. Она против Веспрем беше за секаква почит, кога уште долго и долго се пееше во сала. Па скоро 2000+ луѓе останаа да пејат во сала уште долго време. Колку и да го сакаме ФК Вардар, успесите на РК Вардар се тие што може да донесат промоција на групата.
Конечно биднаа трите гостувања во Битола (2) и Кавадарци, со кои ги срушивме сите митови од некаков страв.
За овие гостувања, изгледа веќе сум остарел. Премногу ми доаѓаат тие бутања со полиција, толкав пат за пола саат утакмица итн. На две од овие три гостувања бевме со кола, мал дел фатив да бидам во автобус/комбе. Внатре нешто што ич не ми се допаѓа, а го имало секогаш.
Најгласните во автобуси, не пејат на трибина. Многу филмања од некои помлади членови, фантомки, едно друго, на трибина стонирање.
Имавме екипа за респект, а немавме онаков пропуст како Чкембари кога влегоа во Скопје ко на панаѓур, па изгубија маици Ветерани и Лозари (колку сакаат нека негираат дека не знаат што се случило, дечкото што ја зема една од маиците, уште има скршено рака откако го здроби противникот :D). Сите влегувавме заедно, кодекс солиден, ред на трибина одличен.
Се плашев од меѓусебни тепачки, ама тие беа сведени скоро на нула годинава.
Едно недоразбирање на ФФМ доведе до тепачка и во Охрид малку се разгореа страстите после трите големи инциденти со полиција.

Мора да напоменам (по 100ти пат) дека полицијата е далеку потолерантна од порано. Во барем 10 наврати имаше да не погребаат ако реагираа како порано. Тоа донекаде е и причина што имавме одлична сезона. Порано ќе се замаравме со кривични, оцрнување по медиуми итн.

Младите треба малку да се сопрат со јавни инциденти. Се знае како и каде се напаѓа :D Не можеш да нападнеш некого преку толку полиција.
Штета што не остваривме влез во бараж во фудбал, тоа ќе беше шлагот на сезоната. Во фудбал имавме и многу места каде што имаше забрана за гостување. Па така мораше да се оди во помала бројка за да се издејствува некакво пуштање на трибина.
Сметам дека групата требаше да изврши поголем притисок за некои гостувања, како оние во Гостивар.

Од песните кои се извадија, најпевливи се ЛЕЛЕ КАКВА РАДОСТ Е, ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ ИМА САМО ЕДЕН КЛУБ и најпеената СЕ' ЌЕ МИНЕ СЕКОЈ ОД НАС ТУКА...
Последната се погоди со заминувањето од овој свет на неколку наши истакнати постари членови. За двајца беше направена добра кореографија, посветени графити, а за Гокси и цел број од Пивска конверзација.

Кореографии скоро на секој натпревар (сигурно над 20). Претеризам дури беше, на некои натпревари имаше по 2-3 јаки кореографии.

Треба ли нешто да се зборува за налепници и реквизити?
Ова е ненормално, преку 20000 налепници беа направени. Буквално се преплави Скопје. Секакви видови, од сите подгрупи. Особено оние налепници за знакон сообраќаен за преминување улица е вистинска иновација.
Бројот на графити вртоглаво расте. И тоа какви графити.
Обоени се целосно Ченто, Маџари (овие две од порано), целосно боење на Лисиче, како и сите населби во кои досега беа доминантни ЦПБ. Карпош, Тафталиџе, остана само наше. Графити во скоро сите населби, каде порано не ни имало графити.
Да кажам дека во овој дел ако порано имавме проблеми со Шверцери, сега не смејат да писнат и целосно се распаднати. Огромни графити нацртани во близина на нивното маало. Голем напредок е што не ги шкртаат, ама во некое далечно минато ќе нападнеа уште додека го цртавме.

Баклијадата како најава за прославата?
Организирано од камче до камче, изведено маестрално. Шверцери ги болеа нозете од бегање годинава, па не се ни осудија да нападнат некаде по кеј.
Другите групи некако многу тивки во пофалбите за баклијадата (не дека е нешто невидено, но перфектно беше изведена на огромна километража) и за паднатото знаме.
Да беше друга група во прашање, се кладам дека пофалбите ќе беа многу поголеми. Сите знаеме колку повеќе пофалби добија Лозари лани на пример или ФА на времето :D

Работата е што низ годините Шверцери секогаш тепаа деца под 18 години кои ги начекуваа на судска палата или на искачање и после школо.
Ама пошто сега немаме многу членови под 18 членови, останаа со прст у гз, а со тие од трибини немаат ни храброст, ни сила да се носат. Освен ако не ангажираат некои партиски поданици и полициски структури.
Најјако мочање за крај на сезона. Мислеа со 5 минутно ненајавено дефиле низ Рекорд ќе не издоминираат, за на крај да бидат заќутени и да има целосна штама кај нив.
А сезоната почна разочарувачки за мене. Не искористивме момент да ги скинеме кога играа прво европско коло на Градски.
Бев таму, да знаете само каков страв имаше во сите тие што надвор од навивачката група си одеа од стадионот. За малку не паднав реквизит, сам меѓу нивни членови, ама во последен момент ми ги открија намерите :D
Уште сме трн во око.

Сепак, оваквите напади и паднатото знаме, веројатно ќе бидат голем поттик за Шверцери да се вратат на трибина и не чека интересен период. Се надевам дека нема да заврши пичкарски со бодење деца во нивен стил.

Сепак, после добрата сезона, не смее да има големо залетување.
Тоа што Комити ќе имаат експлозија од нови членови, може да биде голем проблем. Спомна некој порано дека треба групите да работат на носење на поедуцирани членови (попаметни, факултетски образовани), а не на шлајм фаци што дошле да тепаат време. А за жал, ние уште привлекуваме такви фаци. Истите се цепаат, губат реквизити, придонесуваат да дојде до тепачки меѓу подгрупи, неретко несвесно издаваат акции на социјалните мрежи итн.
А при наплив на нови членови, мора да има и вакви.
Комити треба да престанат да се замараат да се докажуваат на некои групи во Македонија. ФОкусот треба да си биде на нашата трибина, на Вардар, а не во докажување со други. Нема потреба фокусот на гостување да биде противничката група. А ако ни нападнат некои нови помлади членови, сигурно ќе почнат одмазди и на крај ќе изгубиме само ние.
Треба убава и постојана едукација на новото членство да личи на МОМЕНТАЛНИТЕ КОМИТИ, а не на Комити од 90-тите.
Уште ни е проблем што просечен граѓанин за нас има прелошо мислење стекнато од времето.
За мене е разочарување што младите не го купуваат фанзинот, не сакаат да се едуцираат навивачки, читајќи други искуства. Ама за налепници, 5000 денари ќе дадат ако треба.
Само мал дел од нив помага за графитиве, другиве исто се лешкори, сакаат се' на готов. Така што не е баш дека групата целосно ја наследиле помладите од младите.
И најголемата критика ќе остане дека мора да се работи на водењето на навивање. Повеќе да се следи играта, да не се пее за противникот, да се прави разлика пд навивање во фудбал и ракомет итн.
Да се исфрлат од репертоар дебилни песни како оние за Каролина Гочева, да се прекине непријателски да се влегува во секој град итн.
Пример, во Кавадарци беа погодени со запалки верни фанови на РК Вардар. Ако Лозари се браќа Чкембарски, меѓу кавадарчани има и многу вардарови фанови.
Нема потреба од провинцијалски скандирања, одамна поминало времето кога тоа било интересно.
Цели генерации ни се отселија, Скопје е непрепознатливо, нема потреба за вакви песни.

Некои споменаа дека Комити не преработувале македонски песни. Dude wtf, Комити имаат доволно групи и изведувачи да си направат концерт како што беше последнион (океј де, не беа сите од Комити). Не постои друга група која има толку изведувачи со песни со мотиви од клубот.
Да, се случувало некој да отпее песна за одредена навивачка група или клуб, ама немало толкав број на андерграунд групи посветени на еден клуб, како што има Вардар.

За крај, убаво е што се врати ривалството со Чкембари. Убав е филингот кога гостуваш во полна сала со налекетризирана публика. Убаво е и надвор од трибини да има ривалство. Периодов бев на свадба надвор од Скопје каде што се спречкавме (пријателски) на Дирлада, јас и уште еден гостин, против група Лозари/Чкембари. Грмеше цел ресторан со двете верзии.

Да си работат сите групи на напредок на својата, без крадење од другарите од трибина и одење на стадион за лични интереси.
И секако, прво треба да одите на трибина заради клубот, а не заради групата.
ХИНТ: На форумов се направија 20 нови акаунти од млади лица од Комити, а никој од нив не пишува во темите за ФК/РК Вардар.
Затоа и на трибина над 10 години остануваат само оние кои одат за клубот, а не да утепаат време. За таквите нема никакво оправдување за паузи од по години од трибина ;)
 
Последно уредено:
@ultas1988 јас се најдов прозван од твојот коментар :D

sto ste brkale vie be aman koj cirkuz si tropas gluposti celo vreme , sigurno imas info sto im se sluci vo HolidayInn pred nekolku nedeli na “brkacite” tvoji
 
Има некои интересни тематики што може да се диксутираат тука, ама за жал нема доволно објективност од членовите на групите, а и многу повеќе преовладуваат индијанците отколку искусните членови.

ФА и Комити никогаш не биле ривали ниту пак ќе бидат. Без да ги деградирам, имале успешни сезони, ама им помина времето очигледно. Пак ќе кажам Арт Тим ги сметав за единствени ривали на сценава во Македонија. Ниту една друга екипа немала креативни решенија како они и Екипа Корео. Она што најмногу ми смета кај нив е тоа упорно лупање у гради како у Аеродром први направиле се, а далеку е тоа од реалноста.

Кај денешниве деца проблемот е што се помалку има маалски живот. Шо знам, у мое време сме седеле на клупи сме раскажувале приказни од гостувања, инциденти, сме размислувале за нови песни, кореографии, акции. Чекавме да улета некој постар да ни каже некоја приказна од негово време или некое специјално гостување и што се дешавало, нешто што не беше познато на ниту еден форум или социјален медиум. Сме гледале видеа и слики од странски групи се барало идеи, што може кај нас да се подобри. Шалови, налепници, списанија сме разменувале по странски форуми со ривалски групи имало колекционерство. Идеш у школо главна тема навивање, у маало фудбал/навивање. Искачаш со екипа што идеш на гостување, правиш акции кога сите идат по дискотеки, се правеле кореографии дење ноќе. На еден начин 24/7 беше тоа и навивачката култура беше на многу повисоко ниво. Денес повеќето само галамат на форуми и фејсбук, а на дело нигде ги нема. Со чест на исклучоци.

Маалски живот веќе и да нема, барем мојата населба замре. Повеќето се иселени во странство, а тие што се населија не се од Скопје, ниту па имаат интерес за домашен спорт. Дркаат на Реал и Барса, и радо би да платат 200 денари кафе за да ги гледаат во кафич отколку да се појават барем еднаш на стадион. Порано имаше и тепачки со други маала, со шверцери беше бркотници, Нерези секој ден имаше инциденти, со Пирати имало неколку средби, сега е многу потивко. Нема ниту иницијатива за некакви акции. Истите ликови ги прават акциите со години веќе.

Сезонава за Комити... младината си гази на секое поле моментално, ама ако сме искрени конците уште ги движат малку постарата младина што остана активна од пред некоја година. Еден дечко е мадафака за песни, а еден е за кореографии. И уште многу други кои го помагаат ова. Најдоброто нешто што се деси сезонава е што лешинарите ги нема, а постарите конечно дадоа поддршка на младите како што треба.
Нека продолжат групите да работат на подобрување и да се едуцира младината. ФА имаат огромен минус што нема кој да ги научи децава што им ја "водат" трибината. Без разлика на притисоците кои сите сме ги имале, поддршка има начин како да се даде.
 
sto ste brkale vie be aman koj cirkuz si tropas gluposti celo vreme , sigurno imas info sto im se sluci vo HolidayInn pred nekolku nedeli na “brkacite” tvoji
Ај а бе живи сте биле вие, па кај бевте до сега бе ве немаше така подолго време
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom