Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Не е поентата дали се согласуваш со мојот пост....јас го пишувам она шо го мислам,не ми е гајле дали ќе добијам лајк....Од сите твои постови досега само со овај не се согласувам( ако воопшто нешто ти значи...) позз.
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 13:06 ---
Одите на одмор во Бугарија, Грција, Турција, гледате турски серии, ќе живеете во најновите згради изградени од Турчин, летате од Турски аеродром, навивате за Баерн, Дортмунд( памтите Хитлер .... ?), се збратимувате со германски навивачи ....Сите сте/сме предавници( според вас). Ајде сега трк да се влажните на Баерн и да пеете заедно со збратимените нацисти од Шалке...
Отсекогаш сум против ваквите работи,посебно кога некој вени сечи за клубови од држава која негира се шо е македонско(и црква,и име,и нација)...
За мене Грците и Србите се исти....
За ваквите луѓе шо да се коментира,повеќе се замараат за Партизан и Звезда отколку за својот народ,за својата репрезентација..
За луѓето шо дркаат за Барса,Реал,Мен Ју и останато неам шо да кажам.....тие живеат во замислен свет..свет кој се состои од даљинско и дрес..ништо друго...
На рандом(важни) мечеви на Металург,Вардар,Македонија на ЕП,СП сите се Македонци,патриоти,сите се навивачи,на прослави сите се антички Македонци,сите се чукаат во гради,а кога нема да оди,кога ќе се избрукаат на некоја утакмица сите се први плукачи...
Тоа е нашето,и да оди и да не оди се делиме на ваши и наши....
За мене постои само еден клуб,Пелистер од Битола,и една репрезентација Македонија....
Само за нив ќе навивам,за друго не се замарам,другите можам само да ги гледам на тв(ги поштовам Барса за фудбалот шо го играат,отсекогаш сум ги ценел,ама никогаш не сум навивал за нив,и како ќе навивам за нив од пред телевизор)?..таков сум,можеби таквите како мене се малцинство,ама тоа е...
Мојсо е професионалец,платен преплатен,и не го личи да урла со некои четници и да пее националистички песни...
Ако си седеше како господин(,како шо му доликува на еден репрезентативец на 5то пласирана селекција на последното ЕП)да си ја гледа утакмицата никој немаше А да речи...и зошто би рекол?
Ама дечкото урла,скока,како некој напален тинејџер,демек Гробар е....
Колку сакате бранете го,ама во секоја нормална држава имаше да го распнат....ова не му долкува на еден репрезентативец....
Ова да се случи во Србија има да го обесат,кај нас предвниците ги величаат,ги прават херои,а вистинските херои,патриоти завршувале во затвор,кодошени од овај народ кој самиот не знае шо сака...
Овде се бранат луѓето кои величаат нација која не не признава како луѓе,камоли како држава...
Е па дркајте на Мојсо..шо да речам...сега на ЕП во Данска истиот Мојсо ќе ја става левата рака на срцето и ќе глуми Македонец,ама после ова шо го видовме нема право,маските паднаа....

Затоа не бива од нас држава...зошто за да заштедат тие истите патриоти кои се чукаат во гради на секој национален празник,на секој продолжен викенд одат во Грција,да заштедат некое евро,па после кукаат зошто им ги уништуваат колите,море треба да им ги палат колите,за ум на Македончето....
Ниту сум бил на одмор во Грција,ниту планирам некогаш да одам,подобро ќе ги запалам парите пред граница отколку на тие копуци да им ги дадам...
Ги спомнуваш Германците,шо зло сме виделе од Германците по осамостојувањето,остај ти Втора Светска Војна,помина то одамна......
Ни негираат нација?ни негираат црква?не нарекуваат Јужна Бановина?