Наумче Мојсоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Возраст
48
Здраво.

Еве една тема за Наумче Мојсоски, бидејќи сметам дека заслужува да има, зашто се покажа и повеќе од доволно на претходното Светско Првенство. Според мене, тој е најдобриот централен бек што го има Македонија.

Па повелете.
 
Де бе.
Подобро да дискутираме за Наумче на темава " Македонската репрезентација - мажи'' од колку да отвараме нови теми, барем така би требало според мене.

Да не правиме збрки оти сега се повеке теми ке се отворат утре ке видиш и тема со наслов ''Борко Ристовски'' така да ...
:jaj:
 
Де бе.
Подобро да дискутираме за Наумче на темава " Македонската репрезентација - мажи'' од колку да отвараме нови теми, барем така би требало според мене.

Да не правиме збрки оти сега се повеке теми ке се отворат утре ке видиш и тема со наслов ''Борко Ристовски'' така да ...
:jaj:

Ок си е темата, македонските репрезентативци секогаш ќе заслужуваат посебно место во овој подфорум, како и во другите спортски подфоруми. Кога може да има теми со прасицата 13ка, зошто не за македонски спортисти?

Пред некој ден гледав интервју на Наумче за А1, раката му беше замотана, но изјави дека ќе гледа што побрзо да се врати на терените, да закрепне и да биде во топ форма за наредните квалификации што ќе ги игра репрезентацијата.
 
Наумче е ѕвер бе...Со самото тоа што тој го остава срцето на теренот кај мене е веќе голем спортитст.Кога го гледам како го маваат од земја и пак станува и се бори....Му посакувам што побрзо да оздрави,дека навистина ни е потребен !:back:
 
Наум беше после Лазаров најдобар на СП во Хрватска.Точно е тоа дека го остава срцето на теренот ,но тоа не е доволно ,треба и играчка мудрост.Штета што немаме уште некој како него!:nesvest:
 
Абе луѓе... Има ли некои информации до каде е заздравувањето на палецот на Наумче? Кога се очекува да се врати на теренот?
 
Одлични вести! :je: Се надевам дека ќе влезе набргу во натпреварувачка форма, зашто ни е преку потребен во репрезентацијата.
 
Фантастична игра на Мојсовски против Металург! БРАВО :aplauz:
 
Така е. Беше извонреден. Спремен е пак да игра за репрезентацијата. :vozbud:
 
НАУМЧЕ МОЈСОСКИ е ЅВЕР!!! Ги СМАЧКА Металург... Има многу мила ѕвезда и е ПРЕУБАВ... :)))):vozbud: Lalalal...x) Мислам дека пак ке играат Вардар - Металург.. не сум сигурна... ама се знае кој ке победи... ВАРДАР.. :))) * 18 *:vozbud:
 
Се покажува добар на светското првенство во дресот на Македонија и во Металург исто има шанси за Подобар Клуб.
 
Се покажува добар на светското првенство во дресот на Македонија и во Металург исто има шанси за Подобар Клуб.

Кој црн Металург бе!? :tapp: Абе детенце, не е работата само да напишеш нешто овде и да се направиш 2 години постар, гледај малку ракомет...
 
Еве и едно интервју со Наумче Мојсоски:

Петок, 01 Мај 2009 09:00

После повредата на СП се врати на терен и постигна 7 гола во дербито против Металург. Дали повредата е минато и за што поточно се работеше?

Како што знаете на самото светско првенство на натпреварот против Норвешка во 10 мин добив тежок удар во раката со што следеше скршеница на палецот. После тоа следеше подолга пауза од 2 месеци во која интезивно помина со терапии. Во тој период се играше и натпреварот со Исланд од квалификациите кој морав да го пропуштам поради недоволно санираната повреда. После две недели се одигра натпреварот со Металург во кој што влегов недоволно опоравен и го одиграв тој натпревар со големи болки. Сега повредата е минато и не чуствувам никакви болки.

За првпат скопското ракометно дерби се одигра во салата „Борис Трајковски“. Каква беше атмосферата и по што се разликува од мечевите во Расадник и Автокоманда?

Точно така, тој натпревар се одигра за прв пат во салата „Борис Трајковски“ во согласност со двата клуба. Атмосферата беше одлична како што наликува на еден дерби натпревар. Разликата од мечевите во Расадник и Автокоманда е голема, како што знаеме и двете сали немаат доволен капацитет да ги соберат сите љубители на ракометот.


nmojsoski2.jpg


Струшката спортска јавност беа и повеќе од задоволна од нашето трио во репрезентацијата. Дали Струга има млади играчи кои во иднина би можеле да го облечат репрезентативниот дрес?

Мислам дека во нашава држава најдобра ракоментна школа има во Струга од каде што потекнаа многу играчи. Моментално во втората екипа на Вардар настапуваат седум струшки ракометари од кои шест се во младинската репрезентација на Македонија. Има и во други клубови млади таленти од Струга кои се потенцијални репрезентативци на Македонија. Значи, како стојат работите мислам дека најдобро се работи во струшките школи за ракомет.


Какви се твоите впечатоци од СП во ракомет, дали си задоволен од пласманот или можевме и подобро?



Да ни го понудеше некој тоа 11 место на СП одма ќе го прифатевме, но кога видовме како стојат работите дека можеме и повеќе на крајот, сепак не сум задоволен од пласманот. Еден натпревар не делеше од тоа големо полуфинале но тоа сепак не се случи бидејќи се повредија тројца клучни играчи и тој најважен натпревар го изгубивме. Атмосферата во тимот беше на највисоко ниво. Морам да напоменам дека бевме одлично пречекани од Хрватската јавност и искрено се чувствувавме како да играме дома. Изненаден бев од присуството на голем број Македонски навивачи и таа слика нема да ја заборавам никогаш во животот.


nmojsoski.jpg

Сигурно не беше лесно да се следат последните 2 натпревари од клупата?
Потешко во животот никогаш не ми било. Кога играш таа позитивна трема поминува веднаш но тоа што го чувствував на тие два натпревари не може да се опише. Незнам како издржав до крај да седам на трибините.

Покрај твоите ракометни квалитети за кои знаевме од порано, ги видовме и твоите музички квалитети во дует со Наум Петрески. Како ги доживеа тие денови во Вараждин кога репрезентацијата и навивачите беа како едно?

Тие моменти не можат да се опишат ако не си бил таму. Во тие денови додека бевме во Вараждин ние играчите и навивачите бевме како еден. После секој наш натпревар одевме во шаторот заедно да ги прославиме победите. Таа вечер кога победивме со Полска вечерта таму пееше Наум Петрески. Кире како капитен сакаше вечерта јас да запеам заедно со Наум бидејќи предходната вечер Кире пееше. Ме повика на бината и така јас и Наум ја запеавме „Лихнида кајче веслаше“. Се беше супер!

Што мислиш за шансите на нашата репрезентација да избори пласман на ЕП после лошиот старт во квалификациите?

После лошиот старт на квалификациите нашите шанси за пласман се намалија но не и згаснаа зошто наредните натпревари ги играме со фаворитите Исланд и Норвешка. Еден од нив ќе мора да добиеме на гостински терен. А знаеме дека скандинавците добро си стојат меѓу себе така да се надеваме дека нема да ги наместат мегусебните натпревари.


nmojsoski1.jpg


Твоите почетоци беа во РК „Струга“. Колку години помина во клубот и како се одвиваше понатаму твојата кариера?

Во ракометниот клуб Струга поминав четири години каде што и всушност беа моите почетоци во ракометот. Потоа продолжив во ракометниот клуб Пелистер во кој што играв пет години. Освоивме две титули во домашното првенство и игравме во финалето на челинџ купот. Од таму се преселив во Вардар каде што освоив две титули во двете години. Потоа заминав за Шпанија и играв една сезона во Логроно. Таму беше одлично но поради финанските проблеми на клубот морав да се вратам назад во Македонија. Сега оваа сезона повторно настапувам за Вардар каде што сега за сега добро ми оди.


Нашиот град и понатаму дава репрезентативци иако спортот е во лоша состојба. Дали се финансиите единствен проблем и што мислиш дека треба да се направи за клубот да се врати онаму каде што припаѓа, во првата ракометна лига?

Да, најголем проблем се финансиите и мислам дека треба што повеќе да се вложува во ракометот. Треба најпрвин да се започне од првиот човек на градот да вложува во ракометот, а покрај него и некои од подобрите фирми да застанат зад клубот.


Ти благодариме што одвои време за нашиот сајт, и понатаму ќе ги следиме твоите настапи и ти посакуваме многу нови успеси.

Фала, поздрав и до вас и се надевам дека ракометниот клуб Струга ќе застане на здрави нозе и ќе се врати каде што припаѓа.


Еве и линкче
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom