Натпревари за паметење

  • Креатор на темата Креатор на темата Iceboy
  • Време на започнување Време на започнување
Рики со неговата Гана ме инспирираше за оваа тема :D

Кои се најинтересните и највозбудливите фудбалски натпревари кои што сте ги гледале до сега ? Натпревари кои вечно ќе ви останат во глава ? (мразам воведи)

3. Уругвај - Гана (2 јули 2010) - 1/4 финале Светско првенство
Регуларните 90 минути, ништо посебни. Паднаа 2 убави гола, но тие не се причина што натпреваров го ставив на трето место.
Моментот:
bighands102589904.jpg

120та минута, Суарез ги покажа своите голмански способности.
Сите го чекавме свирчето на судијата да свирне крај и пенали, но наместо пенали свирна само пенал и ЦРВЕН картон. :(
Одговорноста ја зема Асамоа Гијан, играч кои преку пенали ги доведе Гана до 1/4 финале. Сите разочарани, секунди не делеа до пеналите, а останавме само со еден (бадијала ли останувавме до толку касно ? :P).
И кога сите очекуваа да го реши патникот во полу финале, се слушна ударот во пречка (ЈЕЕЕЕ сепак ќе гледаме пенали).
Повеќе среќа во пенал рулетот имаа Уругвај, но тоа не е толку важно.

Таков возбудлив крај ретко се гледа. Суарез, Гијан и јас вечно ќе го паметиме овој натпревар.

2. Роналдињо - Шевченко (15 февруари 2005) - Хуманитарен натпревар (ако не се лажам за цунамито во Шри Ланка беше)
xin_060202160938996208828.jpg

Тој беше прв натпревар од таков карактер што сум го гледал. Сите ѕвезди на едно место. Вистински спектакл приредија на терен.
Единствено што ми остана криво е што не го повикаа и Фиго :D

1. Милан - Ливерпул (23 мај 2005) - Финале Лига на Шампиони
Не паметам некогаш да сум бил поголем фан на Ливерпул (и тогаш ги мразев Милан де).
Но уште во првото полувреме Милан стекна 3 гола предност. Изгубив желба да го гледам веќе финалето. Сите мои другари за Милан само јас за Реал... ќе освојат Милан ЛШ па ќе ми се прават важни во школо, не може така :D И така додека заспивав пред ТВ, се случи чудо во Истанбул. За 5 минути успеаа да изедначат Ливерпул и повторно да ми го направат финалето интересно за гледање.
Натпреварот дојде до пенали и тогаш на сцена стапи Дудек (со оние балетанскине движења негови) :D
dudek-1.jpg

Подобро не можеше да заврши. Милан изгуби, а Шевченко промаши пенал во последна серија (хи хи омилениот играч на другарчињата :sneaky:)


Тоа е мојата ТОП3 листа. Споделете и вие некои импресии и натерајте ме да барам линкови за download да се изнагледам вистински фудбал :D
 
Последно уредено:
Дал је могуче (не од Тома Здравкович), број еден да не биде Истанбул? Није могуче. После тоа, таа меѓу Гана и Уругвај секако е втора, го мразев Суарез тогаш :D

Али третиот...


За тим што немаше фанови у Македонија, ова беше фасцинантен натпревар. Ептен се израдував за дечките, стварно мерачки ја освоија :)

Едит: Добро ај, и ради тоа што оние шо не ги сакам патеа тогаш :P
 
Хрватска - Турција европско првенство 2008. Луда утакмица, два гола после 117 минута и пенал рулет. Ме натеравте да барам да ја спуштам.
 

Ваков натпревар никогаш веќе не видов, во текот на сите 90' се напаѓаше од двете страни
 
Уругвај-Гана 1/4 финалето на СП. Слично како и Рики и јас почнав да ги подржувам Уругвајците како моја фејв екипа од Јужна Америка токму поради албумот со сликички од СП 2002. А исто така знам дека баш пред првенстовото т.е. за време на кфаливикациите влегов во жестока дебата на тема Уругвај-Аргентина. Во натпреварот навивав како Македонија да игра, а завршницата..Хичковска..феноменален меч.

Баерн М.-Челзи и Литванија-Македонија баскетот се self explanatory.

Ова ми се мечевите кои што ми приредиле најголеми емоции, а на една ваква листа може слободно да влезат и мечевите на Челзи и Барса, Челзи-Монако,Шпанија-Италија,Македонија-Шпанија, и еден меч на Челзи од ЕПЛ што не ми текнува на нивниот противник а мечот заврши со 2 гола во судиското продолжение.
 
двомечот од ЛШ Јуве-Реал --- судир на два Титани, каков мега дуел беше ова........времиња.



возвратниот натпревар Јуве играше како по ноти,голови на Дел Пиеро,Трезеге и Недвед и одбрана на пенал на Буфон кога се кршеше резултатот.[DOUBLEPOST=1396189794][/DOUBLEPOST]одлучувачкиот натпревар за Милан и Јуве за скудетото 2005та , кога Дел Пиеро со ножички го пронајде Трезеге да го верификуваат Скудетото

[DOUBLEPOST=1396190223][/DOUBLEPOST]мечот кога Јуве го изгуби Скудетото во последното коло,а требаше барем нерешено да извадат...........во поплавата подобро се снајдоа домаќините,дилеми имаше дали да се игра мечов,но последно коло и мораше сите да се изиграат истовремено

 
Последно уредено:

возвратниот натпревар Јуве играше како по ноти,голови на Дел Пиеро,Трезеге и Недвед и одбрана на пенал на Буфон кога се кршеше резултатот


Ова е дефинитивно најлудиот натпревар што сум го гледал, барем според мене.... Полуфинале, Реал доаѓа во Торино со предност од 2-1, Јувентус требаше да брка резултат. Сеуште се ежам кога го гледам видеово, башка и Италијанскиве коментатори :cuc:. Остај тоа, гледај го последниот гол на Недвед, знам беше негде 80 минута кога буквално цел Деле Алпи експлодираше кога го даде голот, без смирување на топката, без размислување, само онака ја опали кон голот. Заслужена му беше наградата Златна Топка за таа година...

Страшен натпревар.... натпревар полн со ѕвезди од двете страни :cuc:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom