pa sto se krivi dukanite na albancite vo Gjorce !? nesfatlivo !? Sto se resava so toa !?
Читај доле (но и покрај тоа, генерално се сложувам со тебе дека не треба да се пали по дуќаните).
Можеби и имаш право до негде.
Но јас зборам конкретно за овој случај,ама баш конкретно за овој... и тотално е непотребно се случува ова што се случува.
Никој не е цвеќе за мирисање верувај, но на овој случај од ниедна страна не може да му се додаде етнички предзнак и ова може да биде само на штета на сите, и невини луѓе да страдаат.
Овој случај е само продолжение на предходните милион. Само резултат на една погрешна политика на толерирање на злочини.
- Колку пати граѓаните од Ѓорче реагираа заради зачестените упади на групи од околните албански села?
- Дали има некоја куќа од Ѓорче која нема свое возило или друг предмет, во Грчец, Кондово, Сарај или Крушопек?
- Дали има некоја куќа од Ѓорче чиј барем еден член не е нападнат или малтретиран од тие Албанци кои доаѓаат во групи, дејствуваат и си одат, во сигурна територија преку мост?
- Колку пати е укажувано на дивјачкото возење на жителите на селата, низ Ѓорче? колку луѓе згазија?
65 годишен маж претепан во Ѓорче Петров
65 годишен маж жртва на уште еден напад на насилниците кои тепаат случајни минувачи. Аце О. вечерва околу 19 часот и 40 минути бил претепан од група непознати лица во Ѓорче Петров. Десетина насилници го пресретнале пред Евопската очна болница Св.Лазар и почнале да го удираат со безбол палки, боксови и клоци во пределот на главата и телото.
По ова напаѓачите се дале во бегство преку мостот кон Сарај. МВР трага по нив.
Дедо и внук претепани на улица
Дедо и внук биле истепани среде улица во скопската населба Ѓорче Петров. Полицијата соопшти дека пред три дена вечерта околу 23 часот седумдесет и едно годишниот П.Г. и неговиот малолетен, седумнаесет годишен внук К.Г. биле пресретнати од четири непознати лица, кои без повод и причина физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци по телото.
Едно од непознатите лица со нож му нанело убодна рана на внукот на П.Г. во пределот на десната слабина, по што се оддалечиле. Повредениот е пренесен во ГОБ Скопје „8 Септември“ за укажување лекарска помош, а се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
За жал, можам уште примери да ти дадам.
Но што е со оние кои не ги објавуваат?
Можеше многу лесно во било кој од овие и сите други напади, во Ѓорче, некој да погине. Но, ете тоа сега се случи.