Осомничениот Н.Е. го признал убиството на 18-годишниот Ангел Петковски при распитот во полициската станица, велат од МВР. По пријавата од очевидец, полисциските службеници излегле на терен и 19-годишниот Н.Е го пронашле во близина на Европската очна болница, на чии скали почина 18-годишниот Ангел.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска изјави дека осомничениот Н.Е ѝ е познат на полицијата за извршени имотни деликти. На прашањето од каде е осомничениот, таа на денешната прес-конференција одговори само дека е од Скопје.
Јанкулоска појасни дека на убиството му претходел обид за кражба на велосипед во дворот на куќата каде живеел Ангел. Кога Н.Е бил забележан од Ангел и неговиот татко, се вдал во бегство, а по него тргнале оштетените со автомобил марка „пежо“.
- Кога стигнале на улица Ѓорче Петров, на паркингот пред Европската очна болница, го паркирале возилото и се упатиле кон пешачката патека покрај течението на реката Вардар. Пред пешачкиот мост кој води до Сарај го забележале осомничениот. По вербална расправија дошло до тепачка и осомничениот, најверојатно со нож го прободел во десниот граден кош. Осомничениот потоа се вдал во бегство, а таткото го однел момчето во Очната болница за да добие помош – изјави министерката.
Вработените во болницата повикале Брза помош, но додека да стигне абулантното возило Ангел веќе им подлегнал на повредите. Лекар ја констатирал смртта, посочи министерката.
Настанот е пријавен во полиција од страна на очевидец кој ги забелажал тројцата инволврани. Наспроти информациите дека во кражбата учествувале повеќе лица, Јанулоска посочи дека пријавата од очевидецот се однесува на трите лица меѓу кои се и таткото и жртвата, а фактичката состојба ја докажуваат и снимките од видео надзорот на очната болница. Кражбата ја извршил само осомничениот Н.Е.
Велосипедот поради кој настана конфликтот што резултираше со убиство, пак, е пронајден во дворот на семејната куќа на Петковски, на улица Хераклеја во Ѓорче Петров.
Телото на починатото момче е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистичка обдукција.
Министерката рече и дека специјалните единици не употребиле сила против насобраните граѓани вчера во населбата Ѓорче Петров, блиску местото на убиството, но и при уличните нереди во кои интервенираа полициските сили. Јанкуловска посочи дека
Со полициска интервенција, соопшти Јанкуловска, приведени се 18 лица, од кои петмина се малолетни, а останатите на возраст меѓу 18 и 36 години. На сите им се доделени парични казни за сторени прекршоци. СВР-Скопје презема мерки за идентификување на други лица кои учествувале во тензиите.