Еве се прибрав дома и ја разработив малку мојата теорија дека Тоби е Обито. Но, ова е лично моја теорија и воопшто нема да се изненадам ако на крајот излезе нешто друго. Кишимото сака да ги изненадува своите читатели со неверојатни случувања. Затоа јас сум отворена за која било теорија. Би сакала да видам како и другите размислуваат, па затоа и го пишувам ова. Да напоменам дека постов има спојлери за оние кои сѐ уште не се во тек.
Сметам дека Тоби е Мадара или дел од него кој го користи телото на Обито. Неговата двојна личност е една од повеќето индикации дека тоа е возможно. Во моментите кога Тоби е претставен како весел лик, Обито успева да надвладее, меѓутоа Мадара го потиснува во моментите кога нему му одговара да се претстави како Мадара Учиха.
Важно за оваа теорија е дека Зетсу работи за Тоби, односно за Мадара. Јас мислам дека тој, по наредба на Мадара, со техника го вратил Мадара во живот и дел од таа техника е да користи тело од друг Учиха. Единствен начин како тој би земал тело на Учиха (без да биде предупреден кланот, како заштитник на Шаринганот) е доколку се случи нешто како што му се случи на Обито - смрт под неразјаснети околности. Доказ за мене дека Зетсу работел за Мадара, како шпион и десна рака, е дека тој живее веќе многу години и посведочил многу настани од минатото. Исто така, неколку пати Тоби кажа дека тој не е комплетен и негов план е да стане комплетен, што и според мене е еден доказ за теоријава.
Во врска со возраста на Обито во времето кога бил извршен нападот врз Коноха - јас мислам дека тој тогаш имал 14 години. Тука изгледа дека е невозможно тој да биде Тоби, бидејки тогаш би имал тело на тинејџер, додека Тоби има тело на возрасен човек. Меѓутоа, ова е единствениот момент кога Тоби е нецелосно покриен, вклучувајќи ги и ракавиците. Во тоа време, претпоставувам дека некој друг бил носител (vessel) на Мадара, додека тој чекал телото на Обито да биде спремно (целосно здраво).
Треба да се земе во предвид покриеноста на телото на Тоби во следните негови појавувања... периодот кога тој имал контрола врз Мизукаге, периодот кога тој се сретнал со Итачи, перодот кога тој официјално стана член на Акатски, итн. (сите се случуваат во годините после нападот врз Коноха, последователно). Јас мислам дека во периодите кога тој е покриен го користи телото на Обито, затоа што имал потреба да ги покрие недостатоците настанати при несреќата. Доказ дека десната страна на Тоби има недостатоци е фактот дека тој во еден момент ја извади својата рака и потоа ја смени со рака составена од белата смеса од која е составен белиот Зетсу. Исто така, најголем дел од неговото лице е видливо (поконкретно десната страна) во моментот кога Тоби сакаше да ја извади маската пред Саске, и во таа сцена вивидно се гледаат лузни – исто така резултат на несреќата. Јас мислам дека треба да се земе во предвид луцидноста на Обито во моментот кога тој се збогуваше со Рин и Какаши, што е доказ дека неговата глава не претрпела големи повреди и дека тој имал поголеми повреди на своето тело (особено раката и ногата).
Друг важен фактор за моето размислување (а воедно и најголем доказ за мене) е фактот дека Тоби ја користи техниката Space-Time Migration, која е многу слична на техниката Kamui која ја користи Какаши. Една од поважните карактеристики на Шаринганот, нели, е уникатноста на моќите кај секоја личност индивидуално, па затоа мислам дека ова не е случајно. Јас мислам дека сличностите на овие две техники потекнуваат од тоа дека окото кое Какаши го користи е на Обито, а Тоби го користи телото на Обито во кое е имплантиран Eternal Mangekyo на вистинскиот Мадара. Поради тој Eternal Mangekyo, но и различностите во гените и тренингот на Какаши и Тоби, постојат некои различности помеѓу двете техники. Но, важно е дека базата на техниката е иста и дека Тоби не ја користи оваа техника во борбата против Минато, што и ја докажува мојата теорија дека во тоа време било користено тело на друга личност, а не на Обито.
Има и некои други мали детаљи кои што ме водат кон ова размислување, но постов веќе ме плаши.
Мислам дека сето ова што се случува (воглавно плановите на Тоби и Зетсу) е дел од долгорочните планови на вистинскиот Мадара, кој (кога беше оживеан со Едо Тенсеи) веќе знаеше за војната и кој ја започнал. Не беше воопшто изненаден, веднаш застана на страна на личноста која ја води војната, без дури и да се сретен лично со неа.
А, за окото на Данзо – тој не го имаше имплантирано окото на Обито, туку окото на Шисуи (најдобриот другар на Итачи). За десното око на Обито ништо официјално не се знае.