Народот нема леб да јаде

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Во Прилеп од што се толку сиромашни луѓево и немаат леб да јадат, мораат по кафани да јадат, душички за гревота... кафаните во викенди се сите резервирани два дена однапред, во кафич да седниш кафе да пиеш или сок, нема шанса, преку цел ден се полни. Со месеци гледам врие градов од коли изнадонесени од Словенија и Германија. Па се натпреваруваат кој поскап мобилен ќе купи, со повеќе мегапиксели:drk:. Сите до еден се на одмор заминати, некои и по два пати. Купуваат патики од 7000 денари (кинески гомна)... и таканатака...
А од сите страни слушам дека се немало пари. Ушите едно слушаат, а очите сосема друго гледаат. Мозоков сосема трето ми вика.
И на кое сетило да му верувам?
 
Jaс пак мислам ти погрешно ја сфати.
Се нашле да зборат немам пари за ова немам пари за она.И веке гледаш следното утро тргнуваат на одмор.
Ете ке ти кажам пример:
Продавачи во бутик во близина на моето место на живеење постојано се жалаат дека по се нешто им недостасува,пари за роба,пари за доградување на куката,за школување на децата и се обврзани да плакаат кирија на сопствениците на куката кај што се наога бутикот.
И што се случува?
Преку нок тие решиле да почнат да градат кука(ја имам видено гром е)следната недела отишле на одмор дури за Палма де Мајорка.
Од кај тие пари на нив а се жалеле претходно дека немаат пари за свои потреби?

Тоа нив прашај ги, ама изгледа имале пари. Има луѓе што навистина немаат пари. Гледате ли вести бе луѓе? Државава оди да не кажам каде а највеќе ме боли тоа што пари се трошат на глупости.
 
Eпа тогаш тие од Прилеп нека престанат да ги полнат автобусите за Скопје ако имаат пари, а тие што се од Скопје нека одат во Прилеп да работат или во Виница, а ако ве фати патот накај с.Свињарци може и таму....
 
Тоа нив прашај ги, ама изгледа имале пари. Има луѓе што навистина немаат пари. Гледате ли вести бе луѓе? Државава оди да не кажам каде а највеќе ме боли тоа што пари се трошат на глупости.

Aбе јас не велам дека навистина не постојат такви луге ама зборот ми беше дека се жалат и оние кои имаат а уствари велаат дека немаат и се жалат,и тоа беше суштината на темата.Односно воведот.
Добро кажа >>RaZoR<< едно слушам друго гледам.:toe:
 
Jaс пак мислам ти погрешно ја сфати.
Се нашле да зборат немам пари за ова немам пари за она.И веке гледаш следното утро тргнуваат на одмор.
Ете ке ти кажам пример:
Продавачи во бутик во близина на моето место на живеење постојано се жалаат дека по се нешто им недостасува,пари за роба,пари за доградување на куката,за школување на децата и се обврзани да плакаат кирија на сопствениците на куката кај што се наога бутикот.
И што се случува?
Преку нок тие решиле да почнат да градат кука(ја имам видено гром е)следната недела отишле на одмор дури за Палма де Мајорка.
Од кај тие пари на нив а се жалеле претходно дека немаат пари за свои потреби?

--- надополнето ---

Мора да,ама подобро ке одам во Охрид на една недела отколку да ги фрлам сите пари за да одам настрана од Македонија.
и ке земе и ке мора да ја отплака со камата,а што ако не успее да ја собере таа сума до одреденото време?Ке му ја запленат куката.(постојат такви случаеви)

Mојата поента. Сите јадат бубрези дека немаат...А има и кретени ако кажеш незнам кај идеш или што си купил пази и тоа одкако тие ќе те прашаат и кажеш некое малку поскапо место или да не е во МК веднаш ќе почнат да зборат ОООООО па ти си виска класа богашташ ова она па, и да ти се понашаат.
Какви фаци има во МК го е феноменално.
Од истата причина политичарите (без разлика која партија или опција) секогаш или некажуваат кај ќе одат или велат некаде скромно "на село" или 'во Охрид'. Ајде беееееее Дури и да се најчесни земаат минумум 500-1000 евра месечно и неможат да одат на море...
Македонска Работа. :tapp::tapp:
 
А зошто да одам во Охрид, поради нивното преголемо „гостопримство“??Или пак поради тоа што е „наш бисер“ па мораме да го исркаме бисерот со „лајца“?!
Гостопримство нула од Охриѓани (без навреда), цени зголемени до „на Господ гаќите“, и згора на тоа уште те понижува и те гледа попреку зошто си Скопјанец.... Абе ај!
Точно, не мора во Грција ќе си фатиш накај Хрватска, Црна Гора, Бугарија или пак некоја метропола ако имаш пари.Ако имаш пари! Не мора да е одморот на море, можеш да се одмориш и разонодиш на сосем друг начин , не мора покрај плажа со коктелот....
 
Тоа нив прашај ги, ама изгледа имале пари. Има луѓе што навистина немаат пари. Гледате ли вести бе луѓе? Државава оди да не кажам каде а највеќе ме боли тоа што пари се трошат на глупости.

Ти од вести на ТВ (пооооооооооооосебно А1) се информираш :pos2::pos2: Не биди наивен.
 
Зашто идете со глава у зид не ми е јасно или така ви одговара ?
Не е поентата да знаете лично 2-3 примера луѓе што немаат и имаат. Гледајте реално малце, пратете статистики чуда се праат низ светов. А не Трпе од маало колку имал и кај идел ме заболе кичмата мене за него.
 
А зошто да одам во Охрид, поради нивното преголемо „гостопримство“??Или пак поради тоа што е „наш бисер“ па мораме да го исркаме бисерот со лајца?!
Гостопримство нула од Охриѓани (без навреда), цени зголемени до „на Господ гаќите“, и згора на тоа уште те понижува и те гледа попреку зошто си Скопјанец.... Абе ај!
Точно, не мора во Грција ќе си фатиш накај Хрватска, Црна Гора, Бугарија или пак некоја метропола ако имаш пари.Ако имаш пари! Не мора да е одморот на море, можеш да се одмориш и разонодиш на сосем друг начин , не мора покрај плажата со коктелот....

Па да,ако имаш пари ама ако можам навистина да си го дозволам тоа би отишла во Хрватска на пример.Ако не можам да си дозволам во соседните земји ете би отишла во Охрид ама да го поминам одморот во двор не фала.А да се жалам дека немам пари а утре на одмор во Палма де Мајорка е малку да не речам смешно.

--- надополнето ---

Mојата поента. Сите јадат бубрези дека немаат...А има и кретени ако кажеш незнам кај идеш или што си купил пази и тоа одкако тие ќе те прашаат и кажеш некое малку поскапо место или да не е во МК веднаш ќе почнат да зборат ОООООО па ти си виска класа богашташ ова она па, и да ти се понашаат.
Какви фаци има во МК го е феноменално.
Од истата причина политичарите (без разлика која партија или опција) секогаш или некажуваат кај ќе одат или велат некаде скромно "на село" или 'во Охрид'. Ајде беееееее Дури и да се најчесни земаат минумум 500-1000 евра месечно и неможат да одат на море...
Македонска Работа. :tapp::tapp:

Македонски менталитет тоа е :toe:
 
Па да,ако имаш пари ама ако можам навистина да си го дозволам тоа би отишла во Хрватска на пример.Ако не можам да си дозволам во соседните земји ете би отишла во Охрид ама да го поминам одморот во двор не фала.А да се жалам дека немам пари а утре на одмор во Палма де Мајорка е малку да не речам смешно.

Точно, а со тие пари што ќе ги дадам во Охрид можам да заминам на друго место.Точно дека ќе ме фати малку поскапо, ама малку поскапо не многу.И подобро ќе дадам повеќе пари, барем за тие пари ќе видам повеќе гостопримство и повеќе ќе ме ценат како турист а не скоро истите пари што ќе ги дадам, да ги дадам во Охрид и згора на се да ме гледаат како некој „скопски педер“.
Секоја чест на исклучоците!
 
Значи поентата на темата е тоа дека бидејќи "богатите" зборуваат дека нема пари, значи дека народот стварно ни е богат. Не тресете, можеби има такви како што кажувате дека одат У ПМ(палма де мајорка), ама има луѓе кои едвај врзуваат крај со крај.

И зборувате нешто за македонски менталитет, македонска работа. Па практично, вие покажувате таков менталитет, што ви е пакос каде ќе отиде некој на летување, ако се со пот заработени парите нека иде и на Тунгузија. Поентата е што 30% од народот и повеќе немаат егзистенција.
 
Мора да,ама подобро ке одам во Охрид на една недела
Од друга страна, добар дел од охриѓани условно не ги сакаат скопјани. Според ова зарем не е логично ниту таму да не одиме? Во бивша Ју во словенски камп, словенци ни викнаа милиција да не приведе, нас македонците не нарекуваа -цигани. Не сме ниту за таму...не можеме да се раководиме според политиката.
Што се однесува до лебот, нека јаде месо ако нема за леб :) Не е дека нема за леб кај сите кои се жалат на немањето услови за живот туку сигурно е така останато од памтивек. А за кредитите, не е баш толку животот со кредити затоа што тој кредит треба да се врати со солидна камата, а ако не се врати...па имаат банките податоци за корисниците и нивната задолженост, не моеш да должиш во 10 банки како порано. Средства се има, а на што се штеди и стиска за одмор, дали е дедовина, нива, некој неоданочен бизнис...тоа си е нивна работа...да, малце е чудно постојано жалење од едни исти лица (бар кај мене на работа) за кои знам дека не се баш за жалење...ваљда е до навика негативната енергија наместо на психијатар да се истури врз соговорникот/пријателот.
 
Vistina e deka meckata ne jade zimno vreme , ednostavno taa " nema leb da jade " , no zatoa go troshi mevot dobien od "socijalizmot " .
Nekoj "pameten" ke rece , e kako moze meckata da "nema leb da jade", koga ete ja , zivee .

Postoeshe vo moe vreme izreka " dolzen ko Grcka " , bea bedni , nikakvi . Gledam i denes ne e razlicno i deka " visokiot standarot " koj go imaat vsushnost bil opticka varka .

No , ne e sekoj nadaren toa da go vidi .
 
Тоа нив прашај ги, ама изгледа имале пари. Има луѓе што навистина немаат пари. Гледате ли вести бе луѓе? Државава оди да не кажам каде а највеќе ме боли тоа што пари се трошат на глупости.

Секаде има беда и сиромаштија. Дури и во најразвиените земји како САД, Германија, Англија, ама не се земаат како слика за целото општество.
Прочитај ми го пак постот погоре и замисли која слика би ја добил странец ко ќе дојди кај нас и гледа 24/7 кафани, ресторани, кафичи полни до даске, се возат скапи коли и џипови... дури и питачите имаат мобилни. Дали тој би си рекол дека сме беда?!
Точно е дека има стварно фамилии што тешко сврзуваат месец за месец, познавам и такви, ама далеку се од немање за храна.
Па на крајот на краиштата... колкумина во Македонија умреле и умираат од глад и неухранетост?
Ми изгледа оти сосила со Танзанија се споредуваме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom