- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Во Прилеп од што се толку сиромашни луѓево и немаат леб да јадат, мораат по кафани да јадат, душички за гревота... кафаните во викенди се сите резервирани два дена однапред, во кафич да седниш кафе да пиеш или сок, нема шанса, преку цел ден се полни. Со месеци гледам врие градов од коли изнадонесени од Словенија и Германија. Па се натпреваруваат кој поскап мобилен ќе купи, со повеќе мегапиксели
. Сите до еден се на одмор заминати, некои и по два пати. Купуваат патики од 7000 денари (кинески гомна)... и таканатака...
А од сите страни слушам дека се немало пари. Ушите едно слушаат, а очите сосема друго гледаат. Мозоков сосема трето ми вика.
И на кое сетило да му верувам?
. Сите до еден се на одмор заминати, некои и по два пати. Купуваат патики од 7000 денари (кинески гомна)... и таканатака...А од сите страни слушам дека се немало пари. Ушите едно слушаат, а очите сосема друго гледаат. Мозоков сосема трето ми вика.
И на кое сетило да му верувам?


Не е дека нема за леб кај сите кои се жалат на немањето услови за живот туку сигурно е така останато од памтивек. А за кредитите, не е баш толку животот со кредити затоа што тој кредит треба да се врати со солидна камата, а ако не се врати...па имаат банките податоци за корисниците и нивната задолженост, не моеш да должиш во 10 банки како порано. Средства се има, а на што се штеди и стиска за одмор, дали е дедовина, нива, некој неоданочен бизнис...тоа си е нивна работа...да, малце е чудно постојано жалење од едни исти лица (бар кај мене на работа) за кои знам дека не се баш за жалење...ваљда е до навика негативната енергија наместо на психијатар да се истури врз соговорникот/пријателот.