Народот нема леб да јаде

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Дали народот навистина нема леб да јаде?

Ако го барате одговорот на ова животодајно прашање прашајте го Гугл, само Гугл може со сигурност да ви ја разреши дилемата.
Впишете во срч боксот,
"Народот нема леб да јаде"

24 000 резултати потврдуваат дека навистина народот во Македонија нема леб да јаде.

Шалата на страна.
Ме инспирираше еден пост на ванаби хепи.
Прокоментира дека минатиот викенд 17 000 наши сограѓани заминале на одмор во Грција.

Ако 200 илјади македонци (зборам за луѓе од средната класа, буџите одат на палме де мајорка,тенерифе,куба) оваа година можеле финансиски да си дозволат летување во Грција тогаш која е таа мала група педера која постојано плаче дека народот нема леб да јаде?

Ех како да не,немаат леб за јадење.Жими таквата.
Можат да си дозволуваат секое лето да одаат на одмор во Гејлада,Турција...Можат да си дозволуваат скапа гардероба и реновирање на куки и подоцна се жалаат дека немале пари.
Веке слушната приказна.Исто ко што кажаTHE_CHOSEN_ONE ...се согласувам потполно.За ова немале пари за она немале и оп после на одмор.Бре!
 
Живот на кредит сте слушнале за тоа, ете така ама почнаа да ги наплаќаат хипотеките на куќите па излезе дека големите газди паралии живееле на кредит....

--- надополнето ---

Само ја сум глупиот шо не ја разбира темава?
Изгледа :icon_lol:.
 
Јебешга.
Ако е суштината у тоа демек кукаат сите, а преку лето идат на одмор у Грчка, Турција. Тоа е нивни проблем, нивен буџет и не би разглабал за проблемите на другите. ;)
 
Имам пари бе никаде не одам, ми се можи.....
 
Годишниот одмор не го сметам за луксуз кога голем дел од граѓаните можат да си го приуштат. 80% се подготвени да одвојат 500 еура, кога се работело за летувања никогаш не било проблем... безпарицата и последиците од тоа следат пост-летните авантури, тогаш започнуваат и главоболките за неподмирените кредити и нивните "поволни" камати.

ODMOR.jpg

и ја сакам шатл.
 
Дали народот навистина нема леб да јаде?

Ако го барате одговорот на ова животодајно прашање прашајте го Гугл, само Гугл може со сигурност да ви ја разреши дилемата.
Впишете во срч боксот,
"Народот нема леб да јаде"

24 000 резултати потврдуваат дека навистина народот во Македонија нема леб да јаде.

Шалата на страна.
Ме инспирираше еден пост на ванаби хепи.
Прокоментира дека минатиот викенд 17 000 наши сограѓани заминале на одмор во Грција.

Ако 200 илјади македонци (зборам за луѓе од средната класа, буџите одат на палме де мајорка,тенерифе,куба) оваа година можеле финансиски да си дозволат летување во Грција тогаш која е таа мала група педера која постојано плаче дека народот нема леб да јаде?

Нека јадат колачи...
Има сиромаштија ама повеќе се жалат од колку што е...Знаеш Македонска работа ако дознае комшијата дека имаш пари може да ти напакости а и во право се стварно е така ептен се љубоморни и завидливи Македонците.
 
Живот на кредит сте слушнале за тоа, ете така ама почнаа да ги наплаќаат хипотеките на куќите па излезе дека големите газди паралии живееле на кредит....

Сме слушнале,многу нормално ама после додека го исплакаш ке ти тече пот од г'з(се извинувам на речникот):)
 
Ако 200 илјади македонци (зборам за луѓе од средната класа, буџите одат на палме де мајорка,тенерифе,куба) оваа година можеле финансиски да си дозволат летување во Грција тогаш која е таа мала група педера која постојано плаче дека народот нема леб да јаде?

Е таа `мала група педера` се 30% невработени луѓе и уште`ситен` дел луѓе што се во државните фабрики пред колапс... Ама затоа администрацијата ни брои 200.000 луѓе па они можат и во Тунгузија на одмор да одат... Можеби фамозното “Народот нема леб да јаде“ треба да се смени во “Кој му го јаде лебот на народот?“. А тоа е се разбира В Л А Д АТ А на `ситни` проекти како што е луна парк, гратска плажа, Скопје две илјади и четиринаесетта и тако даље и тако даље... Кого го боли уво што некој отишол на одмор во Грција со свои заработени пари...тоа е негов проблем. Но дали Владата ги заработи тие пари што ги троши сега? Се разбира дека не!
 
Годишниот одмор не го сметам за луксуз кога голем дел од граѓаните можат да си го приуштат. 80% се подготвени да одвојат 500 еура, кога се работело за летувања никогаш не било проблем... безпарицата и последиците од тоа следат пост-летните авантури, тогаш започнуваат и главоболките за неподмирените кредити и нивните "поволни" камати.

ODMOR.jpg

и ја сакам шатл.

А бе каков кредит, кеш ама од инает не одам......
 
Може влади, партии и политики да прескокнете у темава?
Фала.
 
Сме слушнале,многу нормално ама после додека го исплакаш ке ти тече пот од г'з(се извинувам на речникот):)

Епа нема и „јаре и паре“.
Работникот кој чесно си го заработува парчето леб, за да може да одвои пари и за одмор он мора да земе кредит па после да го отплаќа работејќи по погоните на некоја фабрика за месо; на пет степени температура.
И ова е точно, народот нема пари и не судете според граѓаните на Скопје проширете го погледот; погледајте и надвор од Скопје и видете и таму малку каква е ситуацијата.
Тоа во Скопје не е сјајна ситуацијата не па надвор.
 
Aма што воопшто има врска дали луѓето одат на одмор во Грција или каде било со тоа што луѓето немаат леб да јадат? Тие што немаат леб да јадат очигледно не одат на одмор. Темава е добра ама е погрешно поставена и насочена.
 
Jaс пак мислам ти погрешно ја сфати.
Се нашле да зборат немам пари за ова немам пари за она.И веке гледаш следното утро тргнуваат на одмор.
Ете ке ти кажам пример:
Продавачи во бутик во близина на моето место на живеење постојано се жалаат дека по се нешто им недостасува,пари за роба,пари за доградување на куката,за школување на децата и се обврзани да плакаат кирија на сопствениците на куката кај што се наога бутикот.
И што се случува?
Преку нок тие решиле да почнат да градат кука(ја имам видено гром е)следната недела отишле на одмор дури за Палма де Мајорка.
Од кај тие пари на нив а се жалеле претходно дека немаат пари за свои потреби?

--- надополнето ---

Епа нема и „јаре и паре“.
Работникот кој чесно си го заработува парчето леб, за да може да одвои пари и за одмор он мора да земе кредит па после да го отплаќа работејќи по погоните на некоја фабрика за месо; на пет степени температура.
И ова е точно, народот нема пари и не судете според граѓаните на Скопје проширете го погледот; погледајте и надвор од Скопје и видете и таму малку каква е ситуацијата.
Тоа во Скопје не е сјајна ситуацијата не па надвор.

Мора да,ама подобро ке одам во Охрид на една недела отколку да ги фрлам сите пари за да одам настрана од Македонија.
и ке земе и ке мора да ја отплака со камата,а што ако не успее да ја собере таа сума до одреденото време?Ке му ја запленат куката.(постојат такви случаеви)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom