Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.442
- Поени од реакции
- 35.215
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Колку пати сме ги превртеле оичте кога некој фамилијарен метузалем, симбол на мудроста ќе ни упати по некоја народна мудрост која би требало да не предупреди на последиците од будалштината која сме ја направилe? Еве неколку од најслушаните, во наша интерпретација со една мала ревизија, бидејќи едноставно "не е злато се што сјае" 
Кој рано рани две среќи граби
Веќе одамна сфативме дека оваа изрека е народна глупост, а не народна мудрост. Впрочем, не попусто се измислиле варијациите на тема: "кој рано рани цел ден зева", "кој рано рани - го заебал петелот", "кој рано рани, до пладне ќе убие некого" или "кој рано рани не се наспал". Oва е веројатно народната мудрост со најмногу спротивставени контра-аргументи и е жив доказ дека старите не секогаш се во право. Барем не во нашиот свет во кој ретко кој се буди во четири наутро за до изгрејсонце веќе да ги има завршено сите физички работи предивдени за тој ден.
Кај што има чад, има и оган
Исто така е вистинито и дека кај што има чад има и пушени колбаси или гурманска плескавица, па вие процените која верзија повеќе ви се допаѓа. Иако мнозинството од вас веројатно ќе ги одберат колбасите и плескавицата, метафоричкиот чад кој навидум го прикрива пожарот се однесува нели, на трачевите кои не се далеку од вистината. Но нити народната мудрост не треба да се зема толку здраво за готово, а посебно оваа се покажала како живо промашување во повеќе наврати. Луѓето денеска многу почесто се досадуваат (бидејќи не стануваат во четири наутро за на нива - со чесни исклучоци) и се занимаваат со животите на другите луѓе па понекогаш и злонамерната лага може да предизвика ефект на чад, кој реално "чади на празно".
Koj признава, пола му се простува
Дека на оној кој ќе признае пола треба да му се прости, отсекогаш било едно многу сомнително тврдење кое потекнува од старата народна кујна на мудрости. Зошто вам би ви се простила некоја гадост само затоа што сте имале храброст да ја признаете вината? Цврсто веруваме дека оваа теза е дело на некој кој во својот живот баш и не бил опкружен со вистината, па ова би требало да биде некаков поттик на сите кои некогаш изрекле некаква лага. Демек, ајде, признај, нема да се лутам... Аха, се разбира.
Најлесно е по коприви да се удира со туѓ пeнис.
Народната мудрост која го вклучува машкиот полов орган, еден активен глагол и копривата, има неколку варијанти. Сепак за да не би биле премногу вулгарни ќе претпоставиме дека поентата и не е толку тешко да се претпостави и ќе се согласиме дека сите сме особено паметни и досетливи кога се во прашање другите, но кога се работи за некој наш проблем, едноставно занемуваме. Така било, така и ќе биде. Впрочем, прашајте си го пријателот.
Се е добро кога добро ќе сврши
Иако мудроста сама по себе нема некоја ертоска конотација, нашите постари честопати во желба да создадат хумористична атмосфера ја подискривувале од оригиналот, па можеби и сте ги чуле варијантите: "Се е добро кога добро ќе СЕ сврши" или "Се е добро кога НАДВОР ќе СЕ сврши". Шала на страна и рака на срце, овде и нема премногу мудрост: едноставно, доколку "ја фатиме удолницата" или "се отиде по ѓаволите" - неможе да очекуваме некој баш добар крај.
Што трезниот мисли, пијаниот говори
Е, овдека суштински навистина нема што да се противречи. Можеме да се правиме паметни и да кажеме дека не се сите пијаници исти и дека немаат обичај да "брборат" кога се под "гас", меѓутоа факт е дека алкохолот ги отпушта сите кочници на здравиот разум и го стартува моторот кој делува само на јазикот. Со стагнацијата на мозокот во тие моменти, посегнуваме за одамна заборавените телефони на бившите ни партнер(к)и, на најдобриот пријател му признаваме дека сме спиеле со неговата девојка (секако пред тие двајца да започнат врска), го отвораме срцето кон партнерот и кажуваме секакви глупости кои е подобро никој жив да не ги чуе...Но тоа е така бидејќи се она што криете во вас и не сакате да го споделите со остатокот на светот во моментите на пијанство изгледа совршено нормално - и како такво, нема причина да крие од сите
Сакате да ја дополните листата? Бујрум