Народни мудрости

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Убедливо најглупа поговорка шо никад не успеав да ја дешифрирам е: Јал-не јал, три и пол. :jaj:

Баба ми често ја користи, ама секогаш во различен контекст, па не успеав да и ја најдам поентата. :icon_lol:
 
Мажо е со крсто на чело а Жената е со крсто на тило. Од иљада мажи еден има неверен, а од иљада жени една има верна.
 
Jaс би се надоврзал со верување:

Кој ти се јавува на јадење ти мисли арно - ова е доста дипломатско верување, од причина што, кога некој ќе те прекине во јадење ти иде да го отераш у три лепе п..., арно ама ти текнува на ова, и си се тешиш дека истата особа на телефон ти мисли арно...:))
 
Порано имаше во Прилеп на градскиот саат една интересна поговорка,гласеше:
Лажната вистина е болна за вистинската лага.
Не знам,ама некако многу длабока мисла ми е ова,и доста време имам размислувано што сака да кажи авторот.
 
Највеќе ме нервира “Наведнaта глава сабја не се сече/покриен гс кур не го буши :)’’-
Пропагираат бескичменост и понизност,особини со кои денешно време нема да те утеши ни “Паметниот попушта магарето рика’’ :)
“Кој носи не проси’’ помага само кога ке облечам некоја блуза вишок на топло време,па дур се потам си ја повторувам :)
 
Тивка вода брег рони. Оваа знае да биде доста точна, и доста трачарска. Во стил, од некој тивок и мирен може да се очекува нешто големо. Знае да биде точна, ама и не мора да значи. Како и повеќето поговорки :)
Слична на неа, Испод мира, триста вира. Српскаста е, ама општо проширена. И една од ретките што “држи вода“. Не се верува на непознат човек само затоа што изгледа мирно.
Ни лук јал, ни лук мирисал. Оваа ми е многу смешна, ме потсеќа на една реклама за компјутери на К-15 од шездес` друга. Поентата ден денес не ја имам најасално сфатено, ама би требало да се работи нешто со прикривање на траги. Демек, ако скриеш некоја “валканица“, и ако премолчиш, никој нема да знае, исто ко да не си јадел и мирисал лук воопшто :icon_lol: Што директно противречи на На лагата и се куси нозете. Е сеа, на која да и верувам? :Ѕ
Убавиот збор железни врати отвара. Абе, мај ес. Многу често треба пред луѓето да покажеш заби и да си лош, за да се однесуваат убаво со тебе. Убавиот збор отвара железни врати само со фер луѓе, кога и на нив не им е дојдено преку нос. И сигурно постои поговорка што го кажува спротивното на ова, само не ми текнува сега.
Кој пее, зло не мисли. Море, колку мислам. :zlo:
Молчењето е злато. Да, важи. Молчи си, прај се мутав цел живот. Злато ќе добиеш за тоа. Секако.
 
Два пати мери, еднаш сечи - Се мисли дека добро треба да размислиме пред да направиме некоја глупост, да ја преиспитаме ситуацијата и кога ќе бидеме сигурни дека се` е во ред да го сториме планираното.
Слична е со Брза кучка, слепи кучиња раѓа.
:star:

Што е твое, ќе си дојде - Самата мудрост кажува на што се мисли. Не ја сметам за скроз точна оваа мудрост. Обично луѓето се тешат за некоја работа со оваа изрека.

Око за око, заб за заб - Доколку некој ти направи нешто, ти врати му со иста мера. Повеќе се користи во негативен контекст, како одмазда. Спротивно на ова е Ако некој те удри по едниот образ, ти заврти му го другиот. Оваа мудрост ретко кој ја практикува.

Се` се враќа, се` се плаќа - Делумно точно, но како што во се` има исклучок, така и тука. Знам неколку луѓе кои се вистински змии, но животот им тече како мед и млеко. Добро, не мора да значи дека еден ден, нема да им се врати.:wink:
 
Ако во рајот е нејќат, во пеколот со тапани ме викаат.
 
Убедливо најглупа поговорка шо никад не успеав да ја дешифрирам е: Јал-не јал, три и пол. :jaj:

Баба ми често ја користи, ама секогаш во различен контекст, па не успеав да и ја најдам поентата. :icon_lol:


Стварно е глупа :icon_lol:
Мене вака ми делува ко да сака да каже дека без разлика дали си јадел или не, дошло три ипол саат. Во стил, времето тече и не те чека.
Моја претпоставка :pipi:
 
Mене најглупа ми е дека повторувањето е мајка на знаењето....Ја би ја преформулирал и би рекол дека повторувањето е знак дека не си научил...Многу просто , ако некад научиш нешто тогаш тоа тешко дека ќе го заборавиш само кога ќе треба да се сетиш на нештото ќе треба малце појше да помислиш и да пробуричкаш по фолдерите у главата...
 
лекот бил 5 пари ама требит да го знајш
бог да те чува од женска беља
кој гроп на дуг копа сам во него паѓа
 
go ebal gluviot nemiot go pisale svedok kjoriot
edna turska geldi bigirle kastim esekle ili dojdov so konj sjojdov so magare
 
Исто глупа поговорка ми е дека попаметниот му попушта на поглупиот...Тежок нон-сенс...Тој да е попаметен ќе најде начин да го надитри или пак да го убеди во нештото за да не се дојде до ситауција да мора да се откаже поради тоа што овој другиот не сака да се уразуми...Ако е навистина поумен тоа значи дека располага со поголема интелегенција и дека ќе направи све неговата да е последна....
 
Стварно е глупа :icon_lol:
Мене вака ми делува ко да сака да каже дека без разлика дали си јадел или не, дошло три ипол саат. Во стил, времето тече и не те чека.
Моја претпоставка :pipi:
Хаха, ако е ова објаснувањето, ондак и оно е глупо :icon_lol:

Може да е нешто у смисол, што и да направиш џабе... Кога си дојден во ситуација кај што немаш што да преземеш, па јал-не јал, исто ти се фаќа... :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom