Народни мудрости

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.442
Поени од реакции
35.215
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Колку пати сме ги превртеле оичте кога некој фамилијарен метузалем, симбол на мудроста ќе ни упати по некоја народна мудрост која би требало да не предупреди на последиците од будалштината која сме ја направилe? Еве неколку од најслушаните, во наша интерпретација со една мала ревизија, бидејќи едноставно "не е злато се што сјае" :)

Кој рано рани две среќи граби
Веќе одамна сфативме дека оваа изрека е народна глупост, а не народна мудрост. Впрочем, не попусто се измислиле варијациите на тема: "кој рано рани цел ден зева", "кој рано рани - го заебал петелот", "кој рано рани, до пладне ќе убие некого" или "кој рано рани не се наспал". Oва е веројатно народната мудрост со најмногу спротивставени контра-аргументи и е жив доказ дека старите не секогаш се во право. Барем не во нашиот свет во кој ретко кој се буди во четири наутро за до изгрејсонце веќе да ги има завршено сите физички работи предивдени за тој ден.

Кај што има чад, има и оган
Исто така е вистинито и дека кај што има чад има и пушени колбаси или гурманска плескавица, па вие процените која верзија повеќе ви се допаѓа. Иако мнозинството од вас веројатно ќе ги одберат колбасите и плескавицата, метафоричкиот чад кој навидум го прикрива пожарот се однесува нели, на трачевите кои не се далеку од вистината. Но нити народната мудрост не треба да се зема толку здраво за готово, а посебно оваа се покажала како живо промашување во повеќе наврати. Луѓето денеска многу почесто се досадуваат (бидејќи не стануваат во четири наутро за на нива - со чесни исклучоци) и се занимаваат со животите на другите луѓе па понекогаш и злонамерната лага може да предизвика ефект на чад, кој реално "чади на празно".

Koj признава, пола му се простува
Дека на оној кој ќе признае пола треба да му се прости, отсекогаш било едно многу сомнително тврдење кое потекнува од старата народна кујна на мудрости. Зошто вам би ви се простила некоја гадост само затоа што сте имале храброст да ја признаете вината? Цврсто веруваме дека оваа теза е дело на некој кој во својот живот баш и не бил опкружен со вистината, па ова би требало да биде некаков поттик на сите кои некогаш изрекле некаква лага. Демек, ајде, признај, нема да се лутам... Аха, се разбира.

Најлесно е по коприви да се удира со туѓ пeнис.
Народната мудрост која го вклучува машкиот полов орган, еден активен глагол и копривата, има неколку варијанти. Сепак за да не би биле премногу вулгарни ќе претпоставиме дека поентата и не е толку тешко да се претпостави и ќе се согласиме дека сите сме особено паметни и досетливи кога се во прашање другите, но кога се работи за некој наш проблем, едноставно занемуваме. Така било, така и ќе биде. Впрочем, прашајте си го пријателот.

Се е добро кога добро ќе сврши
Иако мудроста сама по себе нема некоја ертоска конотација, нашите постари честопати во желба да создадат хумористична атмосфера ја подискривувале од оригиналот, па можеби и сте ги чуле варијантите: "Се е добро кога добро ќе СЕ сврши" или "Се е добро кога НАДВОР ќе СЕ сврши". Шала на страна и рака на срце, овде и нема премногу мудрост: едноставно, доколку "ја фатиме удолницата" или "се отиде по ѓаволите" - неможе да очекуваме некој баш добар крај.

Што трезниот мисли, пијаниот говори
Е, овдека суштински навистина нема што да се противречи. Можеме да се правиме паметни и да кажеме дека не се сите пијаници исти и дека немаат обичај да "брборат" кога се под "гас", меѓутоа факт е дека алкохолот ги отпушта сите кочници на здравиот разум и го стартува моторот кој делува само на јазикот. Со стагнацијата на мозокот во тие моменти, посегнуваме за одамна заборавените телефони на бившите ни партнер(к)и, на најдобриот пријател му признаваме дека сме спиеле со неговата девојка (секако пред тие двајца да започнат врска), го отвораме срцето кон партнерот и кажуваме секакви глупости кои е подобро никој жив да не ги чуе...Но тоа е така бидејќи се она што криете во вас и не сакате да го споделите со остатокот на светот во моментите на пијанство изгледа совршено нормално - и како такво, нема причина да крие од сите :)

Сакате да ја дополните листата? Бујрум :)
 
Брза кучка слепи кучиња раѓа - Се мисли нели дека треба во животот прво да се размисли, а не брзоплето да се постапува.

Куче што лае не каса - Оние фалбаџии кои постојано се јаки на зборови, ама на дела ги нема.

Рани куче да те лае - Ова се мисли на оние блиски луѓе со кои сме делеле се, а потоа не изневериле

Еј ама ми тргна со поговоркиве и кучињава.:icon_lol:

Потоа имаше, Гром во коприва не удира, Мразата човекот го гнаси, а работата го краси и така натака, не ми текнуваат повеќе засега.:)
 
Кој другому гроб копа, самиот во него попаѓа - се мисли дека не треба да се чини никому намерно зло бидејќи тоа само нам може да нисе врати.
 
една ластовица не чини пролет!
едит-видов, барана е "рецензија" за напишаното, па еве да си пишам на кратко: најреална, највистинита до сега =))) толку.
Кој другому гроб копа, самиот во него попаѓа - се мисли дека не треба да се чини никому намерно зло бидејќи тоа само нам може да нисе врати.
или, не му го чини на друг, она што тебе не сакаш да ти се случи. =) тука се =)
 
Од пијаниот и будалиот бега.
 
Фрли назад за да најдеш напред - се мисли дека секое сторено добро дело ќе ни се врати во иднината и нам.

Од пијаниот и будалиот бега.

Затоа Љубчо кидна во Бугарија од Бранко и ГWујо?
 
Фрли назад за да најдеш напред - се мисли дека секое сторено добро дело ќе ни се врати во иднината и нам.
фрли рипче, фати крапче? пак ми се тука негде =)
 
Брат за брат, сирење за пари - се`, демек, на светов си има своја цена и се` се наплаќа.

Кој високо лета, ниско паѓа - кај нас за некои важи поговоркава, ама некои се` уште добро летаат и тоа високо. :)

Долга коса, краток ум :ne_zboram - затоа ја фино ја скратив. :wink:

Ситиот на гладниот не му верува -
некои по извесно време почнуваат да веруваат кога ќе се сменат местата.

Што си надробил тоа ќе си сркаш - сем ако не го претепаш тој до тебе па неговото надробено да стане твое.
 
Попаметниот попушта - мислам, зашто ? за поглупавиот да победи ?:pos:
за да се теши лузерот, демек, попаметен бил. многу е глупа поговоркава, но спречува непријатности, тепачки, војни итд =)
значи, добра е од практичен карактер :pos:
едит-сега ми текна, подеднакво лузерска е и: позади добриот коњ, прашина се крева. не ја поштувам баш.
 
Подобро врапче в рака, отколку гулаб на гранка - утешителна народна мудрост, за нешто што не може да се добие. Незнам колку држи вода, бидејќи не треба да прифаќаме било што, само затоа што во моментот не можеме тоа што сакаме. Треба борба за се` и никакво отстапување со вакви мисли.

Тој што се попарил со млеко и на јогурт дува (има и други верзии оваа) - демек повреден човек од нешто или некого многу е повнимателен или треба да е. И точно и не точно ... зависи за што се работи.

Кој последен се смее, најслатко се смее - оваа мудрост ќе да ми е најточна и најреална. Сепак може да влијае и негативно ... да остави некого да чека да се насмее последен, без да се потруди да испадне така. :)
 
Брза кучка слепи кучиња раѓа - Се мисли нели дека треба во животот прво да се размисли, а не брзоплето да се постапува.
морав да ја цитирам оваа поговорка. и таа е меѓу највистинитите и си наоѓа често примена низ секојдневието.
 
Попаметниот попушта - мислам, зашто ? за поглупавиот да победи ?:pos:
затоа плавушите со допир ѕидови кршат....
(но офенс) (кидинг)

кој нема во главата има во нозете - превод ако не мислиш на време.. јебига :)
 
јазикот коски нема,а коски крши

Ме мрзи да пишувам некој нека даде објаснување наместо мене
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom