Narcos (2015)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zedd
  • Време на започнување Време на започнување
За ден ипол за изглеав али вака ко шо ги претставија Пабло Ескобар БИЛ ГОСПОД за овие, можда ми изглеа така пошо една сезона имаа за нив ама meh ми се некако.

Мексико е следно, се надевам ќе има нешо со подобар квалитет.
 
мене ми се свиѓаше сезонава, дефинитивно подобра од втората...
 
Предобра сезона, мене многу ми се свиѓаше.

Штета шо ќе треба цела година да чекаме за нова сезона...
 
Ајде да се види со Кали картел шо имаат смислено!
Тоа ме занима ,Кали картел е години напред од Меделин на Пабло,Пабло уствари ти е пион и лудак т.е. затоа и така заврши а главните фаци ко Очоа фамилијата не беа ни пипнати кои и дене денес го држат бизнисот со дрога во Колумбија.

Деа,Циа и Фби повеќе се плашеле од Кали фаците него од ал-каеда , или у споредба Кали се екстремно богати фаци,олигарси као Очоа од Меделин и доволно интелигентни за да измислат нови начини за перење пари,во Кали нема тероризам и нарцисизам/мегаломанија као Пабло шо се гледаше.Просто кажано покондурен сељо шо праи у споредба со аристикратија на некој начин.Но интересен лик за филм.

Штета што има многу импровизација па и у првите сеозни имаш многу невистина околу картелот,Пабло и сите вмешани.
Ако одат според проверени извори,Кали треба да ги претстават као најмоќниот картел кои некогаш постоел и ден денес повеќето легални бизниси во Колумбија ги држат.

Али па тој картел бил толку лоукеј шо нема испади фаци као у Меделин шо имаше,така да сценаристите ќе треба со сила да влечат карактери кои се извојуваат.

Меделин е Очоа со распашана банда на чело со пиунот Пабло-потврдено после неговата смрт.Кали се невидливи и длабоко влезени во политика,скоро совршен картел.[DOUBLEPOST=1504526594][/DOUBLEPOST]
За ден ипол за изглеав али вака ко шо ги претставија Пабло Ескобар БИЛ ГОСПОД за овие, можда ми изглеа така пошо една сезона имаа за нив ама meh ми се некако.

Мексико е следно, се надевам ќе има нешо со подобар квалитет.
Според серијата.Но Пабло е реално само насилник и никој и ништо дури и во неговиот картел коа се у прашање главните умови.Пабло еТони Монтана а сите знаеме као Монатана заврши, со еден телефонски повик го средија.Главните фаци бараат сурати ко него да вршат прљави работи за нив.После смртта телохранителите на Пабло изјавија дека главните газди се Очоа фамилијата која има моноопол на кафе и кока плантажите у Колумбија.Така да серијава премногу се фокусира еден лик да го величи а да ги занемари вистинските лидери.
 
Последно уредено:
на почетокот убаво си пишува дека серијата е базирана според вистински настани, но сепак тие се изменети заради драматични разврски во серијата...колку и да не е прецизно базирана, сепак серија како серија, треба да биде интересна за гледање без многу мистерии и клифингери на крајот...
 
Т[DOUBLEPOST=1504526594][/DOUBLEPOST]
Според серијата.Но Пабло е реално само насилник и никој и ништо дури и во неговиот картел коа се у прашање главните умови.Пабло еТони Монтана а сите знаеме као Монатана заврши, со еден телефонски повик го средија.Главните фаци бараат сурати ко него да вршат прљави работи за нив.После смртта телохранителите на Пабло изјавија дека главните газди се Очоа фамилијата која има моноопол на кафе и кока плантажите у Колумбија.Така да серијава премногу се фокусира еден лик да го величи а да ги занемари вистинските лидери.

Јасно ми е, нормално, убаво си објаснил и ти у постот а и во првата епизода се виде како добро функционираат Кали, со прислушкување, со луѓе насекаде.
Се виде убаво колку тешко можеа неприметено да напраат рација.

За Пабло точно е дека бил далеку од главна фаца, него братучед му го држеше у нормала и колку толку беше поокеј ама откако го скинаа него овој изгуби компас, почна да праи 300 глупости кои доведоа до негов пад.

Поинтересна беше за гледање со Пабло, имаше побесни фаци околу него, Ла Кика, Гача и компанија беа луди.
 
Се согласувам дека е поинтересна за гледање поради колоритните ликови од Меделин,но неможам да им простам лик како Карлос Лендер кој според мене и неговата биографија е каде каде полуд и погенијален од Пабло,чоекот си купи приватен остров од од 1978 до 1982 Содома и Гомора се дешавало таму.Со авион пуштал милиони у долари од курчење, и безброј други екцеси.У блоу филмот со Џони Деп има еден дел од неговиот претеризам.Во врвот на бизнисот секоја пратка кокаин одела преку него но ликот имаше неколку минути во целата серија.Штета.
 
Едно време излезе афера со финансирањето на ЦИА и туркањето на јужноамерикански влади со дрогата така да не знам колку може да се држат до вистинските настани, какви и да се.
 
Трета епизода почињам и педери се најмал проблем за разлика од пропагандата на тутунскиве компании кај шо секоја 5минута некој/а пали цигара или бара цигара.:misticen:
Изглеа ко Марлборо да е главен спонзор на серијава.
 
Има на нет интервју со Хорхе Салседо, оној вистинскиот каде вели дека многу од работите кои што се претставени во сезоната се вистинити. Негира дека он го убил Навиганте и претпоставува дека тоа е ДЕА. Вели дека он тој период бил цело време со семејството опкружен со милион полицајци околу него и најбитно било да го извадат жив од Колумбија а не да оди по улици и да брка други заштитени сведоци, односно Паломари.
 
У трета епизода е доста убаво објаснето зошто се форсираат педерите околу Пачо.
 
Не се форсира намерно геј пропаганда, вистински е тоа прикажано, Пачо Херера бил геј, и не се криел. На нет прочитав многу интересен коментар за ова, не чувствува опасност од тоа што е геј и гајле му е кој што мисли, бидејќи тој всушност е опасноста .
Мене ми беше најкул лик, најјаки убиства, впрочем по тоа и бил познат во вистинскиот живот. Сцената со моторот кога го влечеше тој во првата епизода, во црквата кога се појави, сам кога ги уби кога го нападнаа од North Valley, многу јаки сцени. И Чепе. Многу харизматичен лик, ме потсеќаше на Пабло. Кога му кажаа keep a low profile, и после во фризерницата хахаха.
Мене ми се допадна сезоната, многу поразлично функционирале од Пабло.

Некаде прочитав дека од октомври на Нетфликс ќе искочи нешто слично на Наркос, за италијанската мафија или нешто слично.
 
Што им бил фетишот на криминалците со шарените кошули и поло маици
 
Ваква сезона се глеа 10 епизоди без прекин.

Бонус е ако претходно си читал или гледал некој документарец за картелите и знаеш што да очекуваш.
За првата и втората сезона неам пишано,на кратко првата почна експлозивно,со повеќе добри карактери,глума,сценарио и сценографија и нормално фокусот е на Пабло без да претераат со него и со сила да бутаат дијалог - туку неговите акции низ текот ги оформуваат другите ликови.Неговата приказна можеше да се заврши со 2-3 екстра епизоди од втората сезона,но ваљда поради 10 епизоди форматот решија во втората сезона да го одолговлекуваат неговото бегство и успат да ги развијат карактерите на ДЕА американците као нас да ни е битно колку курви дупи странец коа доаѓа у заебана држава.За разлика од тоа во третава сезона нема толку хумор и секс какво во претходните две,но немаше ни потреба.

За тројкава можам да кажам дека добро ме изненади оти не очекуев дека вака интересно ќе биде со Кали ликовите пошо го нема целиот тој спектакуларен нарко-тероризам, еднаш се живее мото за разлика од Меделин.
Флоуто беше таман,карактерите не беа претерано освен Салседо кој почна Џејмс Бонд да станува при крајот :icon_lol: али сепак ок

Фаворити

Гилберто - Страствен но смирен човек ако би го опишал некао,за џабе надимак не му е The Chess Player,постариот брат од двајцата кои ја изградиле империјата и поглавниот.Он ти е Нимиц у светот на дрогата и сака се да биде подмачкано со вазелин и мисли дека со пари се може да се среди и не дозволува емоциите да го натераат да му се откачи некоја жичка.
За ралика од неговиот брат.

Мигуел - Кој е пичка у душа и секад е гледан ко втор од команда и самиот коа ќе почнат раце да му се тресат одма чека да слушне шо ќе каже братот,веројатно така бил и од дете.Со тек на време неговите фрустрации и инфериорност во картелот јасно се гледаат па коа брат му заврши у ќорка он мора некако да докаже дека е способен да биде лидер и мисли дека со убиства и терор ќе го заслужи тој епитет.Со тек на време гледаме како паничи и го става психо син му за одговорен на личната сигурност и субтилно неговото дете и другите му кажуваат како и што треба да прави.Многу наивен,несигурен и лесен карактер уште од првата епизода коа наместо фокусот да му биде бизнисот тој попрво би убил свој партнер за да ќари младо курвиче.Коа влезе у ќорка се виде дека братот бил у право и ајде живели брате ти беше у право.

Давид-син му на Мигуел
Има ли човек шо не му акнал бокс на суратов?
tumblr_o15x8wXYla1ri30bxo1_500.jpg

Одамна не сум видел таква фаца за праење партали и тоа глумење шо ти вели дај копилево нека го здрви некој.Преку кур ми е од неговиот генгста фазон и само затоа шо ми е син на Мигуел може да се курчи на кој стигне.Се гледа дека фрустрацијата да биде тоа што сака да биде е од татко му на кој секогаш му требаат наредби за да направи нешто као шо треба и чичко му кој е доминантниот во фамилијата.Фитиљот му е краток на детево као и неговиот живот.
Него боље актер за улогава амин.

Пачо - Не би коментирал за неговиот хомо портрет,тоа од нетфликс мора да бутнат некој а кој друг повеќе одговара за тоа ако не Пачо Херера.
Еден од главната четвортка во картелот покрај браќата и Чема-ЊуЈорк.Има еден дел во претходните сезони со него каде Пабло сака да го убие додека овој игра фудбал оти Пачо е поврзан со парамилитарните фаци и Лос Пепес кои по секоја цена сакаат да го скинат Пабло.Но во третава сезона немаше нешто од тоа.
Со харизма да биде пријател со секого одтука и неговите мексикански врски кои се главните во транспортот на дрога за американскиот пазар.Да не бараше одмазда и да не продолжеше со гонењето на Норте картелот овој и ден денес ќе беше жив поради малкуте докази што ги имаа деа,па дури и Паломари,Салседо против него за разлика од другата тројка.


Хавиер Пења и американците - Во оваа сезона Хавиер е постар и после успехот против Пабло веќе ко да кулира и скурчено му е да се истакнува и праи екцеси,го гледаме као не брка толку жени,не пие толку и сака да им каже на новиве деца да превземат одговорност а не да му се јават при првата фрка шо ќе им се деси.Веќе навикнат на нарко демокаратијата во Колумбија,повеќе дреме по канцеларии и работи паметно но адреналинот да биде во акција останува.Се додека луѓето повисоко од него му кажуваат џабе е да изиграва светски полицаец и време е да се врати дома шо и самиот укапира пред да се деси тоа.


Хорхе Салседо - Херојот или шпиунот/предавникот број 1 според Колумбијанците,тој ти е добар чоек за едни но змија за други.Неговите познавања од областа на безбедносната техника го стваат во позиција да биде одговорен за шпиунирањето и тактиките за безбедност на главните ликови од картелот.
Интелигентен,рационален човек,за да го направи тоа што го направи треба трпение,нерви и смиреност да не носи пиштол никогаш.Ретко некој шо не користи оружје може да те убеди дека е правиот чоек за твојата безбедност и толкава лојалност да му пружиш.
Хорхе ти е жутото комбе шо вмро не успеаа да го најдат,да е од нашава држава Хорхе е тој шо би ги пуштил бомбите.


Скоро сите женски ликови :drk:


На крај

Мадафака Навиганте :cool:
Шо да кажам за него,таков убица е еден у милион,брутален лик со интересни мали манири низ текот на серијата.
Увеч чил и ако би бирал од сите - него би го викнал за искачања,пиење и скара оти знаеш дека ако случајно се деси фрка,он е тука да ти чува грб наместо да те тасне или фати усвет со некоја фуфица.




Четвртата сезона време е да се почне од Мексико и немора од Чапо,туку од Гвадалахара картелите,убиството на Енрике-првиот убиен деа агент у странство,можеби и Амарило Фуентес (го има во сезонава во деловите со Пачо)кој е најбогатиот нарко криминалец кој некогаш постоел,почетокот на Гулф и другите картели итн.
 
Не се форсира намерно геј пропаганда, вистински е тоа прикажано, Пачо Херера бил геј, и не се криел. На нет прочитав многу интересен коментар за ова, не чувствува опасност од тоа што е геј и гајле му е кој што мисли, бидејќи тој всушност е опасноста .
Мене ми беше најкул лик, најјаки убиства, впрочем по тоа и бил познат во вистинскиот живот. Сцената со моторот кога го влечеше тој во првата епизода, во црквата кога се појави, сам кога ги уби кога го нападнаа од North Valley, многу јаки сцени. И Чепе. Многу харизматичен лик, ме потсеќаше на Пабло. Кога му кажаа keep a low profile, и после во фризерницата хахаха.
Мене ми се допадна сезоната, многу поразлично функционирале од Пабло.

Некаде прочитав дека од октомври на Нетфликс ќе искочи нешто слично на Наркос, за италијанската мафија или нешто слично.

Лошо се изразив, не форсирање, туку портетирање. Баш фактот што е геј, не му даде да излезе од нарко бизнисот. Нели викаше дека татко му не му зборел откако го фатил со машко, а Родригез го напраиле партнер откако дознале дека е пешо.

Самото тоа што изградил свет во кој е прифатен како геј, и не му даваше да се повлече, затоа што не беше спремен да се врати назад во светот каде што педериве не се префатени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom