Ваква сезона се глеа 10 епизоди без прекин.
Бонус е ако претходно си читал или гледал некој документарец за картелите и знаеш што да очекуваш.
За првата и втората сезона неам пишано,на кратко првата почна експлозивно,со повеќе добри карактери,глума,сценарио и сценографија и нормално фокусот е на Пабло без да претераат со него и со сила да бутаат дијалог - туку неговите акции низ текот ги оформуваат другите ликови.Неговата приказна можеше да се заврши со 2-3 екстра епизоди од втората сезона,но ваљда поради 10 епизоди форматот решија во втората сезона да го одолговлекуваат неговото бегство и успат да ги развијат карактерите на ДЕА американците као нас да ни е битно колку курви дупи странец коа доаѓа у заебана држава.За разлика од тоа во третава сезона нема толку хумор и секс какво во претходните две,но немаше ни потреба.
За тројкава можам да кажам дека добро ме изненади оти не очекуев дека вака интересно ќе биде со Кали ликовите пошо го нема целиот тој спектакуларен нарко-тероризам, еднаш се живее мото за разлика од Меделин.
Флоуто беше таман,карактерите не беа претерано освен Салседо кој почна Џејмс Бонд да станува при крајот

али сепак ок
Фаворити
Гилберто - Страствен но смирен човек ако би го опишал некао,за џабе надимак не му е The Chess Player,постариот брат од двајцата кои ја изградиле империјата и поглавниот.Он ти е Нимиц у светот на дрогата и сака се да биде подмачкано со вазелин и мисли дека со пари се може да се среди и не дозволува емоциите да го натераат да му се откачи некоја жичка.
За ралика од неговиот брат.
Мигуел - Кој е пичка у душа и секад е гледан ко втор од команда и самиот коа ќе почнат раце да му се тресат одма чека да слушне шо ќе каже братот,веројатно така бил и од дете.Со тек на време неговите фрустрации и инфериорност во картелот јасно се гледаат па коа брат му заврши у ќорка он мора некако да докаже дека е способен да биде лидер и мисли дека со убиства и терор ќе го заслужи тој епитет.Со тек на време гледаме како паничи и го става психо син му за одговорен на личната сигурност и субтилно неговото дете и другите му кажуваат како и што треба да прави.Многу наивен,несигурен и лесен карактер уште од првата епизода коа наместо фокусот да му биде бизнисот тој попрво би убил свој партнер за да ќари младо курвиче.Коа влезе у ќорка се виде дека братот бил у право и ајде живели брате ти беше у право.
Давид-син му на Мигуел
Има ли човек шо не му акнал бокс на суратов?
Одамна не сум видел таква фаца за праење партали и тоа глумење шо ти вели дај копилево нека го здрви некој.Преку кур ми е од неговиот генгста фазон и само затоа шо ми е син на Мигуел може да се курчи на кој стигне.Се гледа дека фрустрацијата да биде тоа што сака да биде е од татко му на кој секогаш му требаат наредби за да направи нешто као шо треба и чичко му кој е доминантниот во фамилијата.Фитиљот му е краток на детево као и неговиот живот.
Него боље актер за улогава амин.
Пачо - Не би коментирал за неговиот хомо портрет,тоа од нетфликс мора да бутнат некој а кој друг повеќе одговара за тоа ако не Пачо Херера.
Еден од главната четвортка во картелот покрај браќата и Чема-ЊуЈорк.Има еден дел во претходните сезони со него каде Пабло сака да го убие додека овој игра фудбал оти Пачо е поврзан со парамилитарните фаци и Лос Пепес кои по секоја цена сакаат да го скинат Пабло.Но во третава сезона немаше нешто од тоа.
Со харизма да биде пријател со секого одтука и неговите мексикански врски кои се главните во транспортот на дрога за американскиот пазар.Да не бараше одмазда и да не продолжеше со гонењето на Норте картелот овој и ден денес ќе беше жив поради малкуте докази што ги имаа деа,па дури и Паломари,Салседо против него за разлика од другата тројка.
Хавиер Пења и американците - Во оваа сезона Хавиер е постар и после успехот против Пабло веќе ко да кулира и скурчено му е да се истакнува и праи екцеси,го гледаме као не брка толку жени,не пие толку и сака да им каже на новиве деца да превземат одговорност а не да му се јават при првата фрка шо ќе им се деси.Веќе навикнат на нарко демокаратијата во Колумбија,повеќе дреме по канцеларии и работи паметно но адреналинот да биде во акција останува.Се додека луѓето повисоко од него му кажуваат џабе е да изиграва светски полицаец и време е да се врати дома шо и самиот укапира пред да се деси тоа.
Хорхе Салседо - Херојот или шпиунот/предавникот број 1 според Колумбијанците,тој ти е добар чоек за едни но змија за други.Неговите познавања од областа на безбедносната техника го стваат во позиција да биде одговорен за шпиунирањето и тактиките за безбедност на главните ликови од картелот.
Интелигентен,рационален човек,за да го направи тоа што го направи треба трпение,нерви и смиреност да не носи пиштол никогаш.Ретко некој шо не користи оружје може да те убеди дека е правиот чоек за твојата безбедност и толкава лојалност да му пружиш.
Хорхе ти е жутото комбе шо вмро не успеаа да го најдат,да е од нашава држава Хорхе е тој шо би ги пуштил бомбите.
Скоро сите женски ликови
На крај
Мадафака Навиганте

Шо да кажам за него,таков убица е еден у милион,брутален лик со интересни мали манири низ текот на серијата.
Увеч чил и ако би бирал од сите - него би го викнал за искачања,пиење и скара оти знаеш дека ако случајно се деси фрка,он е тука да ти чува грб наместо да те тасне или фати усвет со некоја фуфица.
Четвртата сезона време е да се почне од Мексико и немора од Чапо,туку од Гвадалахара картелите,убиството на Енрике-првиот убиен деа агент у странство,можеби и Амарило Фуентес (го има во сезонава во деловите со Пачо)кој е најбогатиот нарко криминалец кој некогаш постоел,почетокот на Гулф и другите картели итн.