Напредни генерации

  • Креатор на темата Креатор на темата ПрИтИ_гРл
  • Време на започнување Време на започнување

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во времето на таткоми кога тој бил 15-16 години, девојче на негова возраст да се видело со кармин на уста или малку поткачени чевли се мислело најлошото за неа! Не зборувам стрикно за мода, самото однесување било далеку сменето од сеа...
Со тек на време се се менува нели, но сега мислам дека ова е претеризам... Зашто? Па излегувам надовр гледам еден куп девојки кои се ни помалку ни повеке од 15-16 години, со црвени кармини, штикли... Со никакво однесување, поточно речено која од која повеке се прави машкуданка... Излегуваат до 2-3 саат на вечер, на школо мизерни оцени, пирсеви, тетоважи на секаде на телото... На што се дожжи сето ова? Дали вие машките повеке ги сакате оние мили девојки кои живеат за свои години, а не се преват моми уште од мала возраст... Можда малку е дискримитивна темава али секако очекувам мислења и од девојките...
:pie:
 
Така те лажат дома? Уф, имам забележано премногу родители, кажуваат колку сме биле различни од нивното време... но, баш и не е така... воопшто не е така!

И тогаш излегувале (ок, можеби имало поголема строгост од нивните родители), и тогаш останувале до 1-2 и тогаш се пијанеле, и тогаш имало љубов, и тогаш се с*ксале :)

Некако како одбранбен механизам им стануваат муабети: Кога јас бев на твој години....
Замисли ситуација родител да ти вели (поготово мајка на ќерка) „јас кога имав 16 години имав завртено веќе 10 дечковци, на 15 ја изгубив невиноста.... итн итн....”
Како ти би се чувствувала? Хм, родителот да направил повеќе од тебе на твои години? No way... веднаш тоа делува на психата- негативно!
 
Da da ova sega se napredni generacii, definitivno!!!
Pa od mnogu rana vozrast pocnuvaat da facaat deckovci, da se oblekuvaat kako za povozrasni, da se pijanat, da se pirsaat i mnogu drugi raboti da isprobuvaat se koga vremeto ne im e dojdeno za toa, koga treba da si go iskusat svoeto detstvo na detski nacin a ne na vozrasen nacin, no sepak mislam na onie 12-13 godini, zasto sepak 16godini e malu podrugo ma da se uste e dete!
A na sto se dolzi seto toa?! Pa neznam, najverojatno na samite nivni karakteri, na samata nivna zelba da porasnat pred vreme...
A od generacija na generacija normalno e rabotite da se menjavaat, sigunro ne se odi nanazad tuku napred taka da toa i si go nosi svoeto!!!
 
ПрИтИ_гРл напиша:
Во времето на таткоми кога тој бил 15-16 години, девојче на негова возраст да се видело со кармин на уста или малку поткачени чевли се мислело најлошото за неа! Не зборувам стрикно за мода, самото однесување било далеку сменето од сеа...
Со тек на време се се менува нели, но сега мислам дека ова е претеризам... Зашто? Па излегувам надовр гледам еден куп девојки кои се ни помалку ни повеке од 15-16 години, со црвени кармини, штикли... Со никакво однесување, поточно речено која од која повеке се прави машкуданка... Излегуваат до 2-3 саат на вечер, на школо мизерни оцени, пирсеви, тетоважи на секаде на телото... На што се дожжи сето ова? Дали вие машките повеке ги сакате оние мили девојки кои живеат за свои години, а не се преват моми уште од мала возраст... Можда малку е дискримитивна темава али секако очекувам мислења и од девојките...
:pie:
Се е како што кажа со денешниве генерации, само што возраста ја утна. На 12-13 години се почнува се тоа. Но не се сите такви. Во генерација ако има 50 женски, мора да има 15 кои ќе бидат понапредни од другите. Значи они порано ќе почнат да "бркаат" дечковци (или па нив ќе ги бркаат), ќе почнат да се шминкаат, да седат навечер до покасно, да носат штикли....
 
Дека има такви девојчиња кои се прават постари и се трудат да изгледаат постаро точно е, ама дека се напредни воопшто, јас повеќе би ги нарекла назадни...греота се тие, ништо не знаат, секој може да ги прелаже, а и го немаат најубавото нешто - детството...Облеката, однесувањето, тетоважи и пирсеви се најмал проблем, најголемиот проблем е во нивните главчиња, тоа што тие мислат дека така треба, дека тоа е добро...општеството ли е криво, родителите или самите деца не знам, али паметно би било тоа некако да се среди, после кога ќе сфатат што изгубиле касно ќе е за нив...
 
За тоа 12 годнини, да се слагам, веќе прераснува во ужас, а тоа е последица на тоа што го кажав во првиот пост (ако мајката е отворена за нејзиниот живот 100% кон ќерката).
Кога мајка ми можела на 15 да има дечковци, зошто јас да немам пред неа
- тоа си велат малите девојчиња од 12-13 год....
 
дека тоа стварно го има, точно е. дека не е во граници на нормала-не е!
јас коа бев копиљ, си играв со џамлии преку ден, а жмурка позади зграда навечер! а не сеа, глеам клинци со мобилни се договараат за на кафе, а навечер по дискачите! згора на тоа, мување ова-она.... растат пребрзо-факат. штета за нив што си го скратуваат детството за неколку години.
 
Факт е дека сега ние сме малце понапред со времето одколку да речеме пред 10 години. Ама што да се прави така идат работите сега. Инаку оваа „еволуција” има и сајд-ефектс како лоши оцени во школо, пијанчење недај боже и до дрога доаѓаат на 12-13 години. You wanted America, you've got America. Enjoy!
 
Напредни?
Погрешно сфаќање имаат девојчињата за реалниот свет, им се брза да пораснат, си го уништуваат детството. Секое време носи промени, а не верувам дека во времето на нашите родители било поинаку, проблемот е што тогаш таквите биле помалку а сега 90% е така. Следењето на модните трендови и разните глупости што ги прават ѕвездите и омилените пејачи, глумци резултира на нив негативно.
Не верувам дека во догледно време може некако да се измени тоа.
 
Напредни генерации, секако ... Не ми е јасно само до кај и до КОГА ќе тераме вака. Можеби во нивно време било поинаку да, но и сега е поинаку, ама на некој забеган начин. Значи секое време си носи свои маани и доблести. Во нивно време немало девојчиња (12-3-4-5) што се облакале како 20год.. ку*ви ... Па во нивно време се знаело кога се даваат цртани, шпански серии, порничи итн. И не биле толку (не)образовани кога се работи за мода, секс ... Во нивно време по диска се одело од 16 па натака, не од 3то одделение ... Немало толку мувања, пренесување бактерии и сл.
Имало да секакви изроди имало, ама што во нивно време било изрод, сега тоа е на цена, и сите се обидуваат да се прават нешто што не се ... Кај се видело до 2-3 саат навечер дечиња да се шетаат со шишиња вотка во раце ?! Неможев да им поверувам на очите ... Мислам се е на страна во ова време, се е испревртено, морални граници, сфаќања, обичаи и сл. Не дека сме забегале мнооооогу дури и премногу напред од времето на родителите, бабите - дедовците, ама сме дефинитивно бааги напред во се. :lelee:
 
Како што кажа walker girl и другите, не дека порано немало ништо од тоа денес што го има, но ако било тогаш 10%, сега е 90% застапено. А кој е крив и на што се должи таа потреба за предвремено растење? Па ваљда на телевизијата, интернетот и списанијата најмногу ... преблокирани се сите медиуми со лоши примери за младината, која лесно подпаѓа под нивно влијание затоа што не е воспитана правилно и неможе да си го препознае вистинскиот пат по кој треба да пешачи ... ми се лоши кога ја имам таа слика пред мене, па пред да почнам да пцујам, ќе си прекинам ...:uvo:

И да, јас воопшто не би ги нарекла напредни генерации ... психички, овие генерации само заостануваат.
 
Според мене, тоа во никој случај не се напредни генерации.Тие само се уназадуваат. Место да ги проживуваат најбезгрижните години од нивниот живот на правилен начин,на здрав начин со спортување,дружење, они глумат лудило.Пушат,се пијанчат,се однесуваат недолично за своите години и мислат дека се фраери или фраерки и мислат дека тоа така треба да се прави.
Сметам дека за 10-15 години кога ќе проживеат све порано отколку што требало,веќе све ќе им биде здосадено,ќе немаат никаков мотив,ќе немаат младост на некој начин и ќе кукаат што не си го проживеале детството како што требало и тој дел најмногу ќе им фали.
 
И ова напредни генерации??? е за жал не се..
не сфакам само зошто сакаат да пораснат толку брзо
а толку е убаво во детството..не важи само за 15-16 години ( кај нив стана нормала кога у школо видам некоја у штикли дошла нафрцкана цела..:tapp:)
туку и за оние помалите како што кажаа некои над мене 12-13 години па навечер седат дури повеке и од мене мување со кого стигне.. се пијанчат по улици се тепаат и што ти не..што е и најлошо од се конзумираат цигари..дрога....баш тие најмалите..тоа ти е забава? ова мислам дека и нема да го сфатам ..
 
Луге зборувам опто, примерот со таткоми го наведов само како пример! Еве вие постарите како беше во ваше време? Игравте народна или со чамлии, а девојките до 15 години уште со барбики и кукли...
Зборувам за тоа дека однесувањето тогаш и сега е сменето за 180 степени!
13 годишни со мобилни, се муваат, излегуваат до доцна, пијат, пушат се се... Родителите полека полека се навикнуваат на таквите работи, што значи еден ден и ние ке бидиме а тогаш какви ке бидат нашите деца? Што ке бидат тие?
Знам, знам дека секаде имало исклучоци-кај нема? Но убаво кажа дивајн тогаш биле 10% а сега 90%...
 
Е добро де, јас сум 17 години, не сум нешто стара па ипак играв џамлии и џамија и школка, и знам многу деца што го правеле тоа, сепак и родителите си имаат удел, а и копиљаците без мозок...не сфаќаат што значи детство, нема кој да им објасни колку е едноставно да станеш од спиење и да идеш да играш некоја игра без да мислиш на дечкото, дали те вара, што ќе облечеш вечер...ПОБОГУ ДЕЦА, ОСВЕСТЕТЕ СЕ! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom