Напредни генерации

  • Креатор на темата Креатор на темата ПрИтИ_гРл
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе си се повторам :
Децата го следат првобитниот инстикт, а тоа е оспособување да бидат возразни преку игра. Внесете го тоа во вашите глави. Они потсвесно знаат дека играњето топка и добрата кондиција не е веќе на цена туку познавање на технологија и компјутери . Они се оспособуваат за новиот начин на живеење од мали нозе со тоа што поминуваат значително време со технологијата на овој или оној начин. Технологија која го движи нашето општество. Познавањето на таа технологија ни ги зголемува шансите за успех, затоа и децата не се замараат со топката таа е излишна во ова оптштество.

Децата се најчистиот приказ на тоа што се случува во општеството под завесите и маските негови >.>


А порано пред 5- 10 години кога играа со топка и скокалина му беа намалени шансите за успех? Не дека треба целосно да ги баталат компјутерите да немаат допир со технологијата ама мора да се има граница(и со мала помош од родителите воспитувачите можат да ја повлечат) ... Неможи нешто шо порано било добро сега да е штетно и непотребно. Знам дека еволуцијата не може да се сопри...Но сепак...
Таквите игри и тоа како му се потребни.
 
Едно прашање само:За која возрасна граница зборувате?
Гледам овде и од 15 до 18 зборуваат за некои „мали“,па неможам да се вклопам во темава :страФ
 
Едно прашање само:За која возрасна граница зборувате?
Гледам овде и од 15 до 18 зборуваат за некои „мали“,па неможам да се вклопам во темава :страФ

имаш право ние помалите можи и не сме компетентни да кажуваме за дамнешнина и нас не има фатено донекаде животот пред компјутер ама пак можиме да поделиме некои искуства нас како ни било тогаш... Ја на пример до прва година мижитатара и народна играв ...
Мислам дека темата се однесува на денешните млади тие денес што имаат од 6 до 14, 15 години ... Така да можиш слободно да си прокоментираш :smir:
 
abe deca vas prvo ve sjebale roditeljite sto ve sklepale ama i vie ke im ja ebate mamata cel grb na nivni rachun jebi ga....
 
Се надевам дека напредноста не се мери според бројот на пирсеви, тежината на нанесена шминка и цената на гардеробата. Ниту на времето на излагање и враќање. Ниту според користење на техниката.
Можеби не стојат во место условите на живеење, ниту сфаќањата и сознанијата за одредени појави во општеството, можеби е до тоа, следење на условите, на развојот на новите секојдневни видици. Ние го следиме развојот на општеството, кој пак развој е условен од развојот на многу полиња на нас самите-луѓето.
Ваљда тука нешто е отприлика.
 
Се надевам дека напредноста не се мери според бројот на пирсеви, тежината на нанесена шминка и цената на гардеробата. Ниту на времето на излагање и враќање. Ниту според користење на техниката.
Можеби не стојат во место условите на живеење, ниту сфаќањата и сознанијата за одредени појави во општеството.

Работите кои ги наброи се показател на кршење на одредени табуа, конзервативни ставови и некои морални ограничувања(не сите) кои денес не држат вода, што пак е показател на понапредна генерација, која може да биде успешна или не зависно од тоа како ќе бидат искористени тие поголеми слободи што си ги дозволуваат, индивидуална работа.
Ние често се идентификуваме со некое наше време, наша младост, желби и потреби и одбиваме да ги прифатиме новостите што ни ги носат новите времиња, што не мора да значи дека не се добри, проблемот е што не се обидуваме да ги разбереме, и доа доведува до големо недоразбирање помеѓу генерациите.
Природата е во постојана промена и движење, така и човекот.
 
Заборавив да спомнам дека ова ми е според првиот, воведен пост. Ради тоа и ги набројав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom