Напорни луѓе

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Shoot them in the knee ..

Лично ногу,ногу не ги ебавам ни 2%. Си имам и обичај да ги отерам у 3 ПМ.
Е сега со напорни згодни путиња идам со друга тактика , тогај трпам да ми се качуват на глава со цел да дојдам до главниот плен :pipi:
Ти се качуваат на глава а ти трпиш само за да ти се качат на глава* онаа :D
 
Психолошки профил психопат тоа се тие луѓе ако не сте слушнале.
 
Исто и јас. Јас тоа го викам автопилот. Се ставам на автопилот и само викам аха, да така е, климам со главата а не ни слушам што вика. Кога ке слушнам како некои кои поима немаат од животот зборуваат за незнам какви големи работи, употребуваат некои стручни зборови од преку 12 букви на кој не му го знаат значењето одма ми станува јасно каква е работата.
И на крајот ќе ти каже нешто слично на "Шах на мали голчиња". :facepalm::pos::pos:
 
за жал нема спас од напорните луѓе.
познавам илјадници такви ама само еден братучед ми има оставено впечаток. абе прав отек е човеков.
не се гледаме многу често ( од друг град е ) ама кога ќе се видиме абе да посакаш самоубиство да извршиш. аууууууууууу.
цело време зборува уста не затвора, ај дојди ваму да отидеме, ај дојди таму, мене ми се јаде ова, а сигурно и тебе, знаеш ја го познавав ванчо од петрета брат му оној што и беше маж на онаа од вевчани ама избега епа братучеда и од другарка и, дечкото......АКО БЕ ЧОЕК НЕ ЗАМАРАЈ....АКО....
а лани се сретнавме на одмор. среќа што требаше да си оди следниот ден инаку ја ќе избегав мајке ми.....
кога сум со него постојано си ја пејам песнава:
 
Ви се случило ли да си имате работа со тешки типови на луѓе?
Во друштво, тоа се оние кои ги малтретираат сите со теми кои само нив ги интересираат.
На работа, ќе ги препознаете по тоа што постојано имаат некои идеи и проекти кои само ним им се сфатливи. Оперираат со милионски суми, ќе ви изнакажат се и сешто (само не суштината на муабетот), а по разговорот со нив се чувствувате како да ве прегазил шлепер.
Некој ќе каже дека ова е типичен пример на енергетски вампир, со што се согласувам.
Но, од каде таквата потреба да ја малтретираат околината со нешто што само ним им е битно? Од каде недостатокот на минимална социјална интелигенција, која наложува дека ако нешто не и е интересно на спротивната страна, мењаме тема.
Дали ова го прават намерно, свесно, да се изживуваат или не?
И најважно, кој е психолошкиот термин за вакво однесување? :)
Абе што ти требаше ваква тема да отвараш :(
Таман заборавив ме потсети.
Не ми јасно како некои и по два дена не ја затвораат устата им викаш ќути,не ме допирај ќе те тужам осет да се немало :mad:
Пробав и со игнорирање абе не помага?
Ако знае некој лек ве молам кажете.
 
Абе што ти требаше ваква тема да отвараш :(
Таман заборавив ме потсети.
Не ми јасно како некои и по два дена не ја затвораат устата им викаш ќути,не ме допирај ќе те тужам осет да се немало :mad:
Пробав и со игнорирање абе не помага?
Ако знае некој лек ве молам кажете.
Лек? Ако не сте со девојчиња ако сте машко друштво да седите речи му прекини брат не ме интересира. Или пак тргни се настрана и озбилно зборуј со него и кажи му да не го прави тоа.
 
Лек? Ако не сте со девојчиња ако сте машко друштво да седите речи му прекини брат не ме интересира. Или пак тргни се настрана и озбилно зборуј со него и кажи му да не го прави тоа.
Ке испадне глупаво, ке се навреди..заради едно дрдорење, пријателство да расипуваш :)
 
Лек? Ако не сте со девојчиња ако сте машко друштво да седите речи му прекини брат не ме интересира. Или пак тргни се настрана и озбилно зборуј со него и кажи му да не го прави тоа.
Епа за со девојчиња е проблемот,а го имам и ова пробано ама некои имаат IQ испод 30.
 
Jas mislam deka poimot''naporni luge'' ne postoi vo mojot recnik...sum go zamenil so ''simpaticni i antipaticni luge''.
 
Уфффф милион пати сум се нашла во комбинација со такви луѓе.И баш знаеле да ми ја исцицаат целата енергија што ја имам и да се осеќам после тоа навистина ко да ме прегазил воз.
Обично гледам побрзо да избегам од такви луѓе.Не им укажувам или нешто слично,оти тие си се такви и такви ќе си останат.Човек неможеш да смениш,а камо ли за некои 5 минути.
 
И за напорните има лек. Игнорирање, незаинтересираност за било што што го прават тие, молчење. Може и еднаш-двапати да ги напнете со едночасовен монолог за некоја тема која не ги интересира, а обично не ги интересира ништо што не е некако поврзано со нив.
После вие ќе им станете напорни па ќе бегаат кога ќе ве видат :)
Сепак, од некои нема спас на нормален начин, па останува културно, ама на прилично разбирлив и јасен начин, да ги упатите на она место од каде што излегле пред х години.
Напорниве ги има на секакви возрасти, од 5 годишни деца на кои им е нешто досадно, до 70 годишни паразити со долго искуство.
 
Сите сме напорни за некого, не си ласкајте дека другите само се такви, а вие не сте. Е сега разликата е што има луѓе кои се напорни за грото и луѓе кои некој поединечно ги доживува како напорни.
 
Сите сме напорни за некого, не си ласкајте дека другите само се такви, а вие не сте. Е сега разликата е што има луѓе кои се напорни за грото и луѓе кои некој поединечно ги доживува како напорни.

Се разбира дека сите сме некому напорни :) Меѓутоа, од сосем субјективни причини не сме кадарни да се видиме во такво светло. Затоа можеме да зборуваме само за другите, а за себе малце поретко.
Од друга страна, верувам дека добар дел од луѓето можат да насетат дали и колку се напорни, по реакциите и однесувањето на спротивната страна која е изложена на напор, па можат да преземат нешто во врска со тоа - да замолчат, да заминат и сл. Проблем се несетените, оние што немаат абер кога е доста.
 
Мислам дека е лесно да се препознае кога на некој му е преку глава да слуша некој муабет.
Има некој го прават од инат а некој без осет тие што го прават од инат дефинитвно имаат премногу негативна енергија и како што кажа член погоре мора да ја истресат некаде тие што го прават тоа без осет треба исто така да се опраат.

Факт е дека знаеме да бидеме сите напорни понекат но сепак има луге што се напорни на целата околина нон стоп и не знаат кога да престанат или па знаат но не сакаат.
 
Back
На врв Bottom