Највисока вредност во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Паметен без пари не ти е вреден?:uvo:Види, од постовиве, на темава, направи си една табела ако толку многу сакаш да ги делиш луѓето на мажи и жени, во која ќе внесеш колку жени кажале дека приоритет им е богат маж. А види го твојот и постот на колегата погоре, па после збори мажи, жени... Зарем губи од вредноста како човек, затоа што нема пари?! ц ц ц... Срам да ти е! :tapp: Во однос на мојата мажачка, не мислиш веројатно дека ќе си дозволам да имам нула нели? Оти ако така мислиш, тогаш грешиш. Јас самата ќе заработувам, не мора кој знае колку, ама сепак нема да патам за леб. Додека сопругот, исто така претпоставувам дека ќе се труди. И сигурно нема да ми е тој боемски критериум-парите, мерило за љубов. Сакаш да кажеш дека ќе имам среќен брак ако маж ми има пари? Што станува со самодокажувањето, со прогресот, амбицијата? Сите тие се нула за тебе , не?

хммм... полека малце... реков и мислев паметен човек, кој незнае да го искористи својот памет да заработи пари... ете тој не ми вреди...
2.никаде не реков дека ти одма ке се омажиш за некој што ке почне од нула...
никогаш не правам дискриминација меѓу маж и жена, таман работа,кај виде дека ја ставам некоја навреда кон жените, и со таа навреда да ги делам??? ... но ти така ме сфати, што да ти праам...
мислев - највеќето од жените се такви, како што ги нарекувате спонзоруши, а у тоа ако гледаш некаква дискриминација или што и да е....тогаш океј..
не реков дека ке имаш одличен брак ако имаш пари и слично... но највеќето(зборам за у македонија) бракови, у кои учествуваат богаташи, испаѓаат успешни... така не???
ајт,премногу забегавме со овие споредби
и полека, не се пали толку, те молам без изрази како срам да ти е и слично, може? :smir: :tapp:
 
Бедно е што светот го вртат парите..таквата ситуација е направена одамна и токму поради неа има такви размислувања дека се е во парите.
Епа не е ..Прво треба да си здрав жив дома, фамилијата да ти биде здрава и жива, да имаш љубов во твојот живот и се разбира спокој(она што го спомна Мими)..Се додека ги имаш тие основни вредности ќе можеш да создадеш и пари за да егзистираш и да обезбедиш пристоен живот за тебе и твоето семејство.Точно е битни се но не и најбитни,бидејќи како што се стекнуваат така се и губат...Така да некој што сега има пари не значи дека и вечно ке ги има... се зависи од неговата умешност и неговите квалитети..што доведува до констатцијата дека најпрвин треба да имаш многу други вредности за да имаш пари...
 
хммм... полека малце... реков и мислев паметен човек, кој незнае да го искористи својот памет да заработи пари... ете тој не ми вреди...
2.никаде не реков дека ти одма ке се омажиш за некој што ке почне од нула...
никогаш не правам дискриминација меѓу маж и жена, таман работа,кај виде дека ја ставам некоја навреда кон жените, и со таа навреда да ги делам??? ... но ти така ме сфати, што да ти праам...
мислев - највеќето од жените се такви, како што ги нарекувате спонзоруши, а у тоа ако гледаш некаква дискриминација или што и да е....тогаш океј..
не реков дека ке имаш одличен брак ако имаш пари и слично... но највеќето(зборам за у македонија) бракови, у кои учествуваат богаташи, испаѓаат успешни... така не???
ајт,премногу забегавме со овие споредби
и полека, не се пали толку, те молам без изрази како срам да ти е и слично, може? :smir: :tapp:
Срам да ти е! :icon_lol: Не, озбилно сeга:smir: Од еден Жан Митрев, до еден Доналд Трамп, се согледува дека браковите не зависат од ќеш. Тие не успеваат заради парите! А извини како да не сметам за дискриминација тоа што викаш дека жените сакале богати мажи, а ти како маж кажуваш дека приоритет ти се парите? Контрадикција е тоа. Да не навлегувам дека евентуалните "спонзоруши" се доста очигледни, па за да бидат со некој и да го цедат, мора и истиот своеволно тоа да го прифати и да затвора очи пред тоа дека девојката е со него заради пари, а да отвара очи пред нејзините силикони и задник.:smir:
 
ти збореф за нормалните македонски богаташи, не некои големи фаци како Жан Митрев, човекот веќе си изградил кариера, озбилен е, има општествен углед и неможе да си дозволи да има 10 жени...не е како оние принцовите од Брунеи,или од тие бош држави... а Трамп, батали го, тоа ти е Холивуд,шоубизнис, тој човек не е имал секс додека да стане богат, може комотно да се кладиме :vozbud:
поентата беше, а ова е и сигурно... дека највеќе од жените(преска пишав околу 99% од нив, ама така ради реда го пишав, се разбира помалку се) си замислуваат таков брак, маж полн со пари, голема куќа, кола и сички други екстри, а единственото нешто што таа треба да го направи е да се омажи за таков.... но секоја жена, за среќа нема таков брак...
 
Не можев да се одлучам, ама избрав спокој :pipi:
 
Еве ќе те цитирам тука,ама во врска со предходните одговори....
Ај кажи ми ти како ќе имаш пари ако немаш ниту една од овие вредности?
Ако немаш среќа џабе ти е,ако немаш мудрост,пак џабе ти е од каде пари,кога ако си глуп нема да најдиш ни работа,ако немаш слобода шо ќе ти се парите,ај можеби ќе ја купиш,но ако ги немаш другите вредности,ако немаш искреност,ако крадиш и се друго,пак ќе завршиш без слободата,парите не можат секогаш да ја купуваат,ако си болен од сида,парите ќе ти помогнат да оздравиш?НЕ и да не набројувам уште еден куп други работи,ама парите можеби го вртат светот,ама не се СЕ што сака човекот....
Паметно кажано, значи џабе ти се сите пари ако немаш мудрост, ако си глуп нели? Епа затоа ја кога цитирам дека парите се најважната вредност на човекот, го правам тоа зошто човекот кој ги стекнал тие пари со напорна работа никогаш не може да биде: Глуп, да нема пријатели, да нема мир, љубов, успех, слава,слобода, итн.
Значи јас кога викам парите се најважна вредност, не го гледам само од една страна, треба да се има широк спектар на гледања да видиш колку работи парите можат да конзумираат со себе! :smir:
 
А зошто не сфатите дека парите го вртат свето и дека без пари не се живее???
 
А зошто не сфатите дека парите го вртат свето и дека без пари не се живее???

Кој не сфаќа? Јасно е дека без пари не се живее, но кога се ставени во листа со други нематеријални вредности, некому му доаѓаат и во последните редови. Не се може без нив затоа што со нив ги обезбедуваме основните средства за живот, но не се преокупација за секого. А и најчесто кога се зборува за пари, претпоставувам дека се мисли на изобилство од нив, кое би било дури и непотребно т.е. луксуз кој не е вреден колку што е вреден спокојот, љубовта, среќата и останатите погоре наведени вредности.
 
$$$$$$$$$$$$$$$$$$ ПАРИ $$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$
Парите носат со себе: љубов,слава, моќ, итн.
Па во денешно време така е ако имаш пари имаш се, не за џабе викаат парите го вртатат светот, но сепак некои работи не се купуваат со пари ;)

пс. На анкетата гласав за успех.
 
Уф тежок избор. Мислам дека едно без друго неможе за да бидеш среќен. И по малце да имаш од сите ке бидеш среќен.
 
Не можев да се одлучам, ама избрав спокој :pipi:

но, спокојта како таква, е под влијание на неколку други фактори, како среќа,пари,љубов и др...
така да не би се согласил со тебе за ова...
 
Паметно кажано, значи џабе ти се сите пари ако немаш мудрост, ако си глуп нели? Епа затоа ја кога цитирам дека парите се најважната вредност на човекот, го правам тоа зошто човекот кој ги стекнал тие пари со напорна работа никогаш не може да биде: Глуп, да нема пријатели, да нема мир, љубов, успех, слава,слобода, итн.
Значи јас кога викам парите се најважна вредност, не го гледам само од една страна, треба да се има широк спектар на гледања да видиш колку работи парите можат да конзумираат со себе! :smir:

Пак ќе прашам зошто парите ги редиш во преден план...Знаеш дека луѓето што повеќе пари имаат,стануваат полакоми и ги газат сите тие вредности..Значит луѓето што имаат пари можеби се паметни,но што поголема сума во банка,тоа помалку вредности во душата..Кажими тој што е богат,паметен е,работи нон стоп за тие пари,преку умерно,зарем тој човек ќе има пријатели?Одговорот е дека ќе има луѓе околу него,но пријатели никаде.После толку работење,зарем не е добро да имаш некој покрај тебе што го сакаш и што ќе те цени заради тоа што си?Повторно ќе имаш,ама некој што ќе е до тебе заради твоите пари,или пак ти ќе одбериш некоја само да ја покажиш пред другите(најчесто богатите луѓе се такви) и ред други работи има да не набројувам.И зарем ти после се ова можеш да ги ставиш парите,пред вредностите,пред тоа што сме ние,пред тоа што е нашата личност?

хммм види една работа, има многу глупаци кои немат грам мозок а имат пари, имат некоја јака кола, голема куќа и тн... не треба се да гледате у школото, се разбира обавезно е образованието, ама у реалниот живот, тоа што се учи на улица у некои ситуации може многу повеќе да биде корисно отколку самата диплома...
има милион такви шутраци кои не ја знаат азбуката а се богати едно-друго... но за мене таквите секогаш ке бидат сељаци,глупаци...
така да... не бива паметен без пари, ниту пак глупак со пари... тие немаат некоја голема вредност како луѓе според мене....

Да е паметен кога сака може да има пари,ако е глуп и да има ќе ги загуби..Него мене муабетот ми беше дека сите вредности треба да ги има помалку или повеќе,но да ги има,зошто една вредност помалку,и човекот е еден степен подолу од тоа што го прави човек...
 
Гласав за среќа.. За да бидеш среќен треба да имаш се.. (горенаведеното..):toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom