Најпотценети и најпреценети актери/актерки?

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
32 години има, допрва почнува. Видов за 2012 дека скоро сите филмови му се crime/drama, така да ќе има уште сериозни улоги.
 
Фанови на Гослинг да го гледате и во Half Nelson, супер глума имаше и беше номиниран за Оскар.

Ги прочитав мислењата неколку страници поназад и уште не ми се веруе како не ви здосадува да дискутирате одново и одново за просечни актерски имиња (Анистон, Џоли, Витерспун, Булок, Чарли Шин), мој предлог, да го гледате Tinker Taylor Soldier Spy, фантастична глума на целата актерска тајфа на чело со Олдман (се уште не ми се верува дека Клуни ќе му го грабне оскарот), е ова се тотално потценети актери, така е кога се борат против машинерија како Холивуд :(
 
Blue Valentine и Fracture, само да се надополнам дека греота е такви муабети да му се вадат. :)

Леле немој Blue Valentine, многу лош филм. Немој да ми изиграш карта не е за секого, оти баш овие ги преферирам. :) Уствари за Гослинг е муабетот, кој беше океј, а општо филмот со оваа што треба да ја гледам како Мерилин.. да кажеме само филмот можеше да биде поголем одошто беше.
 
Не играм на таа карта, ќе си премолчам. :)

Ако ја исклучиме таа карта, сепак останува фактот дека глумата му беше на задоволително ниво во тој филм, барем емоциите и тагата што требаше да ја пренесе, кај мене успеа да ја долови. И тоа не го прави просечен ( или каков и да беше во претходната страна) актер. :)
 
Леле немој Blue Valentine, многу лош филм. Немој да ми изиграш карта не е за секого, оти баш овие ги преферирам. :) Уствари за Гослинг е муабетот, кој беше океј, а општо филмот со оваа што треба да ја гледам како Мерилин.. да кажеме само филмот можеше да биде поголем одошто беше.
Не е лош филмот, и не дека не е за сите, само филмот е секојдневие. Сега на некој тоа не му се свиѓа.:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Го сфаќам филмот и тоа што сакал да биде, Рајан ми беше супер само што таа Мишел ми го уништи цело возење.
 
Мишел повеќе емотивност доближи како споредна улога во Brokeback Mountain, одошто овде како главна улога. Ама ете и тоа е од субјективна призма гледано, и баш затоа уште поистакнат ми беше во тој филм зошто целата тага како тој да ја носеше. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
jeremy-irons.jpg

Џереми Ајронс. Некако легнати му се историските улоги и психолошките драми/трилери. Ептен со класа ги глуми филмовите-на олд скул начин. Фантастично го фаќа Кафка во истоимениот филм, одличен е во Жената на францускиот полковник со Мерил Стрип, па дури и во малце нетипична за него улога во Умри Машки 3 во улогата на Сајмон Грубер е на високо ниво. Мене лично најмногу ме импресионираше во The Dead Ringers кога глуми две улоги на двајца браќа близнаци кои се доктори. Иако се различни табиети Ајронс одлично ја врши трансформацијата од едниот во другиот.
 
Потполно се сложувам за Џереми Ајронс ... иначе според мене еден од потценетите актери и покрај тоа што е одличен глумец е Харви Кајтел ... има одиграно одлични улоги а посебно му е добра улогата во Лошиот поручник ( филм од пред 16-17 години во режија на Абел Ферара ) ... за потценети ги сметам и Денис Хопер и Кристофер Вокен , и двајцата одлични актери . Од актерките според мене потценета е Ума Турман и покрај тоа што е прилично популарна , сепак мислам ги нема добиено признанијата кои ги заслужува .
 
Би го додал тука и Woody Harrelson во еден од најпотценетите актери и покрај тоа што го играше Tallahasse. :D
 
Леонардо прецент, лол. Кејт Винслет, Никол Кидман, Анџелина... извини немам лоша намера ама мора да се шегуваш. Чисто информативно ги гледаш само новите филмови или и нешто постаро.

Не знам што си толку збунет , убаво си напишав (за Леонардо) дека во поновиве филмови преглумува.
Преценет е, односно се турка на стара слава.

А за Кејт, Никол и Анџелина не сакам ни муабет да правам. Особено Анџелина.
 
Па, не знам кој не би бил збунет кога според тебе горенаведените актери се преценети.
 
Анџелина Џоли, Натали Портман, Пенелопе Круз и Ен Хатавеј дефинитвно ги преценија...Мене ми се дури и потпросечни како актерки...А г-цана Џоли најверојатно мисли дека се оствари себеси потполно како актерка, па премина во режисерски води со оној смотанион филм Во земјата на крвта и медот...:rolleyes:
И Џенифер Анистон исто така е прецената...
А за потценети, ја би ги кажала Рене Зелвегер од жените (брилијантна глумица) и Стивен Дорф од мажите...Би требало да им се даде повеќе значење, публицитете и медиумски простор...

А за Бен Афлек, Меган Фокс, Гвинет Палтроу,Џастин... :facepalm: -Јас не би ги ни спомнала...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom