Како ќе ме убиеше мојата сестра.....бевме деца јас и мојот комшија си игравме со топка кај него во двор, а сестра ми и помагаше во истиот двор на другарката со нижење на тутун (прилепска работа..ако другар/ка ниже тутун ти одиш доброволно помагаш за побрзо да ја пуштат и да ја киднете негде). Како што игравме ни текна да почнеме да ги маваме со топката по грб од 3-4метри далечина и почнавме ...еднаш, два пати, три пати нормално бевме опоменати најпрво човечки потоа со хистеризирање но ние односно јас продолжив да си пуцам по грбот на сестра ми мртов ладен. Во еден момент пред да пуцнам се заврти назад и ја фрли до пола нанижаната игла кон мене, иглата ми се забоди во врат блиску до грлото среќа не ги "фрлив патиките" на лице место да беше еден-два см по десно ќе се случеше најлошото ..мислам така рекле докторите пошто јас се сеќавам дека само ја тргнав полунанижаната игла надвор и темница....