Најголемо разочарување

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
денешниов пораз во фудбал
 
nema nekoj koj ne se razocaral ... barem jas taka mislam i si stojam zad taa teza ...
a za mene , sum se razocarala i sum se cuvstvuvala najloso , ama od toa razocaruvanje sum izlegla kako mnogu posigurna , mnogu pomokna ... porazot ne pravi posilni i pohrabri
 
На личности што им верувам, не знаев дека е толку полн светот со лицемерие. Но добро е тоа што ме научија да не верувам на луѓето и да не се поврзум многу со некого. Па затоа фала им.
 
What doesnt kill us, makes us stronger, ay?
Со секое разочарување стануваме се поотпорни и поотпорни на истите.
Значи _must e. Секој мора да го доживее, но секој различно го поднесува, сепак и неговиот интензитет е од главна улога.
Битен фактор за преживување на тој момент е да има на кој да се потпрете.
Не сум доживеал некое големо разочарување, добро, освен себе. Разочарување сум како појава. Oh, well.. :icon_lol:
 
Разочарување...па секој ден се разочарувам од нешто,од времето од цените од луѓето...

Ама најновото разочарување и ми беше пред 2 недели кога си купив чистач на пареа,многу ми беше од помош,их,ама се радував и што...
прегоре:pos2::pos2:испушти чудни звуци и толку...е многу се разочарав:kesa:
Најмногу се имам разочарано од мојот неуспех да си ја остварам мојата најголема желба,константно се разочарував и мислев дека никогаш нема да успеам.
После долга 4годишна борба успеав,се е како што сакам јас и не би сакала повторно така да се разочарам.
 
Периодов, односно изминативе неколку месеци претрпев ужасно разочарување па се бунев и не сакав да ја прифатам реалноста.. кога реалноста ми лупна шамар благо речено - ме осакати. Подобро што ме акна од земја, барем од некаде да почнам да се средувам наместо да талкам и да се губам во сопствените илузии. Нема бегање од реалноста, каква и да е. Колку и да бегам знам дека кога тогаш ќе ме стигне, па така да, џабе е одолговлекување т.е. себеизмачување
 
Од себеси и тоа не ни знаев дека сум се разочарал во тоа поле од мојот живот. Потоа се одмота клопчето некои работи си дојдоа на место и ми станаа познати неколку причина зошто било тоа така и зошто ми се имаа случувано некои работи кои што несвесно сум ги привлекувал. И не беше проблем тоа што сум ги привлекувал туку дека несвесно се однесував на таа тема на разочарувачки начин кон себеси како човек. Не верувам во судбина ама знам дека сите ние имаме одреден параметар кој што е дел од нас како некој колосек, и ако излезиме од него во невоља сме, и не мора да значи дека свесно го знаеме тој колосек, јас не го знаев. Сум бил добар во област од животот, во која што да бидеш толку многу добар не е добро, па така да во еден одреден момент имав решено воопшто да не бидам добар во таа област и тоа не ми донесе ништо добро. Па така да денес одржувам рамнотежа свесно знаејќи за тој колосек и неговите позитивни и негативни работи.
 
Да живееш значи да се разочаруваш. Просто неможе се да ти иде по очекувањата. Колку повеголеми очекувања толку поголемо разочарувања. Исто и јас не сум имун на разочарувањата. Секојдневно се соочувам со неостварени и срушени надежи и очекувања. Од големината на разочарувањето така и го победува. Што поголемо тоа и потешко. Но нема шанси да дозволам какво и да е разочарување да ме скрши. Силен дух и лозунгот "Што нема да те убие ке те направи посилен" и разочарувањето е победено.
 
разочарувањата се случуваат баш од преголемите амбиции и желби..додека во својот ум мечтаеш за нешто во кое си сигурен дека ќе се оствари те прави среќен и нестрпливо го очекуваш тоа, кога ништо не може да те бутне доле бидејќи си непоразлив борец оптимист ииии....и потоа следи тоа разочарување за кое воопшто не си размислувал, а тогаш...тогаш се ти е исто...ниту еден збор не може да те утеши,ниту едно место не ти е доволно ниту пак било што да направиш ке промени ситуација едноставно не можеш да ја прифатиш реалноста онаква каква што е и очајно се обидуваш да најдеш нови излези...ништо повеќе не ти е важно дури забораваш на себе си на она што си...но сепак животот продолжува со надеж дека се ќе се среди.. :icon_roll:nesum:
 
најголемо разочарување ми се има случено во љубовта, сум се разочарала и во пријателите но во љубовта најмногу.
 
Како сте го поднеле тоа?

Што мислите, разучарувања т.е. угорнините го прават животот поинтересен или посуров?

Како сте ги тргнале мислите за разочарувањата? Како сте ја пребродиле таа состојба? Како да најдеме утеха?

И...разучарување во комбинација со депресија-дефинитивно има излез од оваа ситуација, но како?

„После дожд секогаш изгрева сонце“ :)
Секогаш се водам според оваа мудрост, а разочарувањата знаат и некогаш да бидат многу поучни, иако некогаш се плаќаат доста скапо нажалост. ;)
И да, како секој човек, така и јас сум се разочарувал во животот на моменти, но сум наоѓал сили тоа разочарување да го пребродрам, а и сум извлекувал доста поуки од некои разочарувања.
 
Во животот нема разочарувања ,има само лекции , ако на доброто кажеме еднаш фала на лошото два пати , ако сватиме зошто тоа ни се случува и научиме како понатаму, тоа разочарување нема да се повтори, ако не ,повторно ќе ни се случува додека не ја научиме лекцијата ,затоа секогаш најпрво треба да се прашаме ,зошто ова ми се случува ,инаку се зависи само од нас и нашата реакција на случувањата.
 
Од другарите, сеа стварно се виде кој се вистински кој не.За жал малку се.:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom