П
Паспарту
Гостин
Само незнам зошто уште не е вака, народов е убеден дека нема фудбал во Македонија и затоа гледаме празни трибини на утакмициве. Додека не влезат неколку јаки спонзори во тимовиве, да се направи малку атмосфера не бива ништо. Погледнете само што стана со хрватскава лига, влезе T-Home како спонзор, влегоа уште многу спонзори и гледаме каква квалитетна лига имаат денеска. Почнувајќи од стадионите, најслабиот во хрватскава лига има добар стадион како нашиов Градски, па од играчи пари до се останато. Значи влегоа 3-4 спонзори во лигата и ја направија топ. Во недела обично некогаш ќе загледам хрватска лига на ХРТ, и стварно има добар фудбал. И меѓу најслабите тимови има добар фудбал, а овде и во најголемите дерби неможеш да видиш фудбал како што треба. Треба владава малку и за тоа да отвори тендери едно друго, вака ништо не иде на добро. И нормално, сакале вие прилепчани да го признаете или не, ама на Хари и другарите треба да им летнат главите, па тек тогаш можеме да очекуваме публиката да се врати, и добри утакмици.
Боби, за да има нашава лига јаки спонзори треба да има и луѓе со мозок кои знаат како да им ги "земат" тие пари на спонзорите. Пример, ако Т-Мобиле дава 1 000 000 евра годишно за нашава лига да се вика Прва Т-Мобиле Лига, сигурен сум дека 900 000 евра Хари и компанија ќе бутнат во џеб. Никоја будала не сака да фрла пари во оваа наша лига, зашто да фрла пари, кога знае дека неписмениве од ффм ќе ги поделат меѓу себе, а фудбалов ќе ни остане на исто ниво (ако не и полошо). Рибата смрди од главата, значи прво мора да се расчисти со сите неписмени кретени од ффм и т.н. спонзори, како Хари, Миле, Беџети, Јонуз, Брацо и после тоа да се гледа да се привлечат поголеми спонзори, а вака ништо од бизнисот...

За најголемо дерби... Смешно, а и жално ми е кога ќе видам некои деца од 12-13 години како сер*т овде на форумов во стил држава Скопје, Битола село, е*ете се сељачишта, скопски пе*ери итн... Уште потрагично е што истите тие слободно можам да кажам "копиљаци" ни кажуваат овде која навивачка група била најдобра, се фалат биле 30 души на гостување, а 50 се собрале на дерби (WTF!?), пцујат и плукаат по другите навивачки групи, а целата вистина е што не ни биле родени кога навивачките групи во Македонија беа во најголем подем. Немојте да зборите за некакво дерби во денешно време, тоа дерби не е ни Д од она што беше пред 12-13 години. На времето, Вардар - Победа Витаминка, Вардар - Силекс, Вардар - Пелистер, Вардар - Слога Југомагнат сите овие натпревари беа вистински дерби натпревари, на сите овие натпревари стадионот ако не цел, сигурно беше 80% исполнет. На обичен натпревар помеѓу Вардар и Рудар имаше по 6-7 000 гледачи, едноставно мерак беше да се отиде на стадион. Во Прилеп, Битола, Тетово, Штип и Струмица секогаш имаше многу публика на стадионите, тифо групите исто така беа на 1000 пати повисоко ниво од она на кое што се денес за жал...
Потоа дојде Ѕинго на власт и гледаше само како да го уништи Вардар, забрани гостински навивачи на стадионите и тоа беше почеток на крајот... После него дојде Ламбе, сиротиот 2 збора не знаеше да поврзе, а по него - Хари! Сиротиот цел Прилеп ако треба ќе го продаде само за да остане на власт, а додека имаме луѓе како него во ффм ниту повторно ќе видиме вистинско дерби, ниту пак ќе се врати публиката на стадионите...
Po reakcijava kako od BT da si!!! Ili koj gubi ima pravo da se luti.
