Најголемиот светски атеист: Признавам, постои Бог!

Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Возраст
45
Постои само еден научник во историјата кој беше наречен „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“- доктор Ентони Флу. Пред бројните камери овој доктор изјавил „Ја свикав оваа конференција да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои“.

Овој професор по филозофија на најпознатите светски универзитети е автор на бројни книги кои ја оспоруваат религијата, од кои најпозната е „Бог и филозофијата“ – книга која имала бројни изданија.
Професорот Флу беше идол на сите светски атеисти, а неговите дебати со религиозните научници им бea омилена програма на атеистите ширум светот. Големиот успех на атеизмот во современиот свет доведе до формирање на бројни клубови на атеисти, а икона на секој од тие клубови беше токму доктор Флу. А тогаш се случи нешто шокантно, неочекувано…
На една дебата со еден религиозен научник, доктор Флу ги изнел познатите атеистички аргументи, а тогаш спротивната страна му поставила две прашања:
Прво прашање: „Господине Флу, јас во рацете ја држам книга. Каде настанала оваа книга?“
Доктор Флу одговорил: „Настанала во печатницата, секако“.
Тогаш религиозниот научник проговорил: „Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека книгата настанала во умот на писателот, а не во печатницата. Дали се согласувате?“ Флу одговорил дека се согласува.
А потоа следело второто прашање на кое доктор Флу немал одговор.
Второ прашање: „Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложени информации, запишани во гените, во чиј ум настанале тие информации?“
Долготрајното молчење на Флу било шокантно за неговите атеистички симпатизери, па разговорот бил пренасочен на друга тема, а споменатото прашање останало неодговорено.
Девет месеци по дебатата доктор Флу сеуште размислувал за прашањето чиј одговор не го знаел. Неговото мото, со кое подучувал генерации студенти, гласело: „Треба да ги следите фактите без оглед на тоа каде тие ќе ве одведат“.
И така фактите го одведоа најголемиот свестски атеист до заклучокот кој го изнел пред новинарите на свиканата конференциа и кој предизвикала вистински земјотрес кај поголемиот дел од научната заедница. Пред бројните камери доктор Флу изјавил:
„Дами и господа, поитувани пријатели, ја свикав оваа конференција за новинарите за да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои. Во најновото издание на мојата книга ‘Бог и филозофијата’ ќе пишува дека сите мои досегашни дела се надминати“.
Шокот бил преголем. Кога оваа вест одекнала во светските медиуми, во исто време поттикнала лавина коментари од страна на атеистите дека доктор Флу „не мислел така“, дека медиумите „лошо ја пренеле неговата изјава“ итн. Тогаш доктор Флу повторно излегол пред камери и повторно го потврдил своето јасно определување дека Бог постои и дека тоа е научен факт кој е јасен и несоборлив.
Но, знаејќи дека на овој свет постои онаа страна која агресивно ја прикажува светлоста како темнина, белото како црно, а слаткото како горко, така е продолжена агресивната кампања во бројните медиуми дека доктор Флу не изјавил дека ќе стане религиозен , туку дека „религиозните фанатици погрешно го интерпретираат“ и дека атеизмот е единствениот вистински пат во животот.
Доктор Флу тогаш во 2007 година седнал и напишал авобиографска книга „Признавам. Постои Бог!“ – за да го промени ставот на најортодоксните светски атеисти. Во таа книга тој го опишува своето растење во религиозно семејство, станувањето атеист под влијание на атеистичката литература и долгогодишниот труд на местото професор по филозофија на бројните светски универзитети како најборбен промотер на атеизмот во светот. А, тогаш, следи промената предизвикана од јасни научни факти.
Во својата книга доктор Флу, како маестрален филозоф и логичар, покажува дека најпознатиот светски еволуционист, доктор Ричард Докинс, потполно погрешно ги објаснил феномените во природата и го злоупотребил своето влијание како професор по биологија на универзитетот во Оксфорд. Книгата понатаму обработува и други прашања во врска со односот на науката и религијата, како и науката и атеизмот, и претставува вистински учебник на здравата логика и едноставното научно резонирање.

Развојот на науката фрли ново светло на безбројните чуда на природата кои потврдуваат дека овој свет е создаден и дека не можел да настане случајно, како што тврди современата теорија на еволуцијата. Археологијата, геологијата, астрономијата и другите научни дисциплини покажаа дека постои потполн склад помеѓу современите научни откритија и извештаите дадени во Куранот. Творецот не само што го создал овој свет, туку и на човекот му дал јасни упатства за квалитетен и успешен живот, запишани во Куранот и претходните објави.
Доктор Ентони Флу, свесен за овие факти храбро настапи во одбрана на она што е вистинито и животно важно. Оној кој го создал човекот е во состојба повторно да го создаде, и по неговата смрт повторно да го оживее, а за оние кои се упорни во побуната и непокорувањето не постои ниту еден доказ кој би можел да ги покрене во позитивна насока, како што вели Аллах во Куранот:
25.Има такви кои доаѓаат да те слушаат, но Ние на срцата нивни перде им ставивме, за да не го разберат Куранот, и глуви ги направивме, па и сите докази да ги виделе, повоторно во нив не би
поверувале. А кога доаѓаат со тебе да се расправаат, тие што не веруваат велат: „Тоа се само измислици на дамнешните народи!“
26. Тие забрануваат да се верува во Куранот, и самите од него се оддалечуваат, и самите себеси се упропастуваат, а и да не забележуваат.(Поглавје 6)

Иако не го прифатил ниту Исламот ниту Христијанството, како деклариран Деист, Ентони Флу е доказ против сите оние кои непотребно си докажуваат на себеси дека Бог непостои.

Преземен е дел од текст на Мирољуб Петровиќ за „Геополитика“
 
зависи каква му е дефеницијата за Бога,
сигурно не верува во Бога кој го направил универзумот за 7 дена............

Еве за мене Бога = случајноста, верувам во случајноста......сега дали сум верник????
 
People-about-religion-atheism-18482543-1084-735.jpg
 
Naprotiv netreba da se ubie.Treba da mu se dade Kuran da cita.treba da go procita prvin, a ako go odbie Kuranot, e posle e losho.

Мирољубиви бевте а ? Серам ви се и на вас и на сите други религии на челосо имагинарни пријателчиња :гомце:
 
11. И ниту еден Пратеник не им дојде, а да не го
исмејуваа.
12. Ете така Ние го внесуваме Куранот во срцата на
престапниците.
13. Тие во него нема да веруваат, а веќе е применета
законитоста на казнувањето врз дамнешните
народи.
89. и кажи: „Јас само јавно опоменувам.“,
90. како што и следбениците на Книгата ги опоме-
навме,
91. тие што Куранот го сметаа за магија.
92. И се колнам во Господарот твој, сите нив на од-
говорност ќе ги повикаме
93. поради тоа што го правеа!
94. Ти јавно исповедај го тоа што ти се наредува и
остави ги многубошците.
95. Ние ќе те заштитиме од тие што се исмејуваат,
96. што покрај Аллах друг бог земаат; и ќе знаат
тие!(Kuran,15)
52. Кажи: „Што мислите, ако Куранот е од Аллах,
а вие во него не сакате да верувате – кој е тогаш
во поголема заблуда од тој што е противречно
далеку од вистината?“
53. Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во про-
странствата вселенски, а и во нив самите, додека
не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина.
А зарем не е доволно тоа што Господарот твој
е Сведок за сè?

29. Затоа ти остави го тој што го одбегнува Куранот
и кој само животот на овој свет го сака.
30. Тоа е врвот на нивното знаење – Господарот
твој добро ги знае тие што скршнаа од Него-
виот пат и Тој добро ги знае тие што се на Ви-
стинскиот пат.
31. Аллахово е сè што е на небесите и на Земјата –
за, според тоа што го правеле, да ги казни тие
што прават зло, а со најубава награда да ги на-
гради тие што прават добро,..


ete taka momce,nikade ne pisuva ubij go ako ne go prifati Kuranot...tuku Bog ke se presmeta so takvite otkako Upastvoto ke im dojde
--- надополнето: 18 декември 2012 во 15:29 ---
Losh e krajot na takvite, mnogu losh zavrshetok
 
ete taka momce,nikade ne pisuva ubij go ako ne go prifati Kuranot...tuku Bog ke se presmeta so takvite otkako Upastvoto ke im dojde
--- надополнето: 18 декември 2012 во 15:29 ---
Losh e krajot na takvite, mnogu losh zavrshetok
Се е ок,само што упатството на многу сомнителен начин ни доаѓа...за разлика,можел да направи секој да се раѓа со спознание за Бог за да нема сомнежи...или да не направи суштества кои нема да бидат во можност да се сомневаат...итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom