Најголем дел од интелигентните и талентирани тинејџери одбираат да слушаат хеви метал

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Локација
Скопје
.....покажуваат новите истражувања, кои како причина ја посочуваат катарзичната моќ на овој вид музика.

Во студијата спроведена од Стјуарт Кадваладер и Џим Кембел од Националната академија за талентирана младина при Универзитетот во Ворвик, бил регистриран голем број на студенти кои го селектирале хеви металот како свој омилен музички жанр.

Постои општоприфатено верување дека надарените студенти го минуваат времето читајќи книги и слушајќи класична музика, но истражувањето покажа дека тоа е само погрешен стереотип. Испитаните 1.000 студенти на возраст од 11 до 18 години, кои се дел од 5% најпаметни луѓе во цела Британија, го побија верувањето дека т.н. металци најчесто се деликвенти и необразувани личности.

Студентите требале да ги опишат своите семејства, ставот кон образованието, своето хоби и предностите на медиумите а потоа и да ги рангираат жанровите музика кои најчесто ги слушаат. Од резултатите јасно се видело дека рок музиката е најпопуларниот тип на забава, но и дека постои одредена поврзаност помеѓу музиката која ја слушаат младите и нивните животни ставови.

Авторите на истражувањето тврдат дека оние на кои металот им е омилен издувен вентил, имаат недостиг на самодоверба, проблеми во односите со семејството и потешкотии при склопувањето нови пријателства. Некои од анкетираните студенти признале дека ја користат хеви метал музиката за да се справат со притисокот кој им го предизвикува нивната интелигенција, но и со фрустрациите и гневот кој секојдневно го чувствуваат.

_______________________________________________


Музиката која мнозинството ја сметате за агресивна и неандерталска, сатанистичка, одвратна...вистина е, има агресивност, има сатанизам во одредени поджанрови... но, зошто тинејџерите прибегнуваат кон оваа музика? дали затоа што овозможува идувување и искажување на своите мисли-емоции-размислувања, и не се пронаоѓа оваа музика во луѓе со затворени умови, конзервативни размислувања...

Let's go...пишујте
 
Растурени семејства, претешка и болна искомплексираност и стравови и немање самодоверба; од кои кога на последното ќе му додадеш бесни гитари и некое заебано текстче како "They can't take me away, i will rise" добиваш една...многу интересна комбинација.

Притисок од сопствената интелигенција, и чуството кога знаете дека стоите на друго скалило но нема начин тоа да и се објасни на заслепена маса, па тука прсти вмешуваат фрустрација и гнев кај повеќето, (иако би требало да се со двете нозе на тоа скалило па да можат да го преточат тоа во нешто корисно!) па формираат свој идентитет (overused бла) преку музиката.

Едноставно си бркаш свој сопствен живот и стил, а ја почитуваш хармонијата дадена преку металот, која ретко кој вистински би ја сварил. Тука нормално помага талентот, можно е некој со добар слух и врска од склопување акорди едноставно од чиста култура, да слуша тања савиќ?!
 
Пубертетот кај секој без исклучок претставува турбулентен период затоа што тогаш за првпат вистински почнуваш да ја осознаваш сопствената индивидуалност, стануваш свесен за "срањата" кои те опкружуваат и пробуваш да си го одредиш некако местото у општеството.
Е сега има тинејџери кои пробуваат да го камуфлираат црнилото кое ги опкржува и кое го носат во себе, со тоа што се "успиваат" у некој розев полусон, а поп музиката, турбо-фолкот и останатите музички бљувотини им помагаат да останат у таква сосотојба. Се "зашеметуваат" со лесни и ефтини емоции кои ги предизвикува музичкиот кич и се уверуваат дека се е ок, затоа што само така можат да го издржат хаосот кој ги опкружува. И тоа би било ок, ако тоа "самозалажување" у кое квази-музиката е посредник не носи со себе и интелектуално и морално осиромашување и стагнација.
Но затоа, има млади кои не можат да ја игнорираат лошата семејна ситуација, општествената Содома и Гомора и сопствените "демони" како несигурност, искомплексираност и сл., па бараат начин да ги променат. Тука е хеви металот кој прави да сфатат дека има и други освестени индивидуи како нив, кои преку музиката пробуваат да ги решат своите дилеми, и тоа сознание им дава сила да пробаат и самите да променат нешто и да не ги прифаќаат наметнатите "окови".
Преку нешто што е уметност стануваат уште посвесни за се што е погрешно околу нив, и на креативен начин се бунтуваат против истото. А самото сознание и дејствување со себе носи и интелектуален и емотивен развој, па ништо чудно што интелегентните и талентирани тинејџери прибегнуваат кон хеви-металот. Нивната освестеност едноставно не им дозволува да се задоволат со музичка пародија како турбо-фолк или нешто налик на тоа.
 
Мислам дека се зависи од една индивидуа до друга. Секој си е различен. Мислам дека некогаш нема баш некоја посебна причина зошто некои луѓе почнуваат да слушаат хеви метал, можеби едноставно музиката или текстот им се допаднале, па решиле да ја слушаат таа музика.
Јас лично не слушам хеви метал, меѓутоа сметам секој си има право да си одбере тип на музика што сака да ја слуша, без разлика дали било тоа хеви метал, рок, рап, поп, па еве дури и турбофолк. Јас си слушам тоа што мене ми одговара и не критикувам некој што слуша поинаков тип на музика.
Меѓутоа мислам дека на некој начин и општеството допринесува и наметнува некои моди (популарна музика), кои повеќето млади ги прифаќаат, без разлика дали таа музика е квалитетна или не. Едноставно тоа е во мода, а нели има луѓе кои по секоја цена мораат да бидат "модерни".
 
do negde e tocno, za mene. ne sakam da se falam, ama mislam dek spagjam vo ta grupa, inteligentni i talentirani tinejdzeri.
 
Мислам дека со самото тоа што се интелегентни,талентирани и според мене креативни бираат музика што е надвор од шаблонот и општоприфатеното...и не само хеви металот туку воопшто таканаречената алтернативна музика...мислам дека се свесни за опкружувањето,се задлабочуваат во музиката-текстовите(на пример учат да ја свират),се интересираат за нејзината позадина,за луѓето што ја направиле и со самото тоа бегаат од рутината и наместо да ги прифатат нештата како такви прават некој вид на бунт,се изразуваат и доаѓа до израз нивното "ЈАС"
 
Ок, ај вака да кажиме. Немора да генерализираме. Добра е студијата, но ваквите статистики од секогаш ме нервирале. Веднаш се донесува емпириски заклучок. Готово тоа е закон ... интелегентните деца слушаат метал! Има вистина во тоа, но мислам дека тука покрај тоа има и карактерот на личноста. Пример можеби слуша метал бидејки е повлечено и на тој начин доаѓа до празнење на неговата енергија и обратно можеби е темпераментно па истотака начин на трошење на енергија . МНОГУ т.н варијабли постојат за да дефинираме дали некој би слушал метал или не, неможе само чисто од интелегенцијата!

Btw, јас слушам метал :) :helou:
 
Сакате да бидете креативни? Земете штафелај, платно и нацртајте нешто. Напишете песна од срце. Креативност во никој случај не се манифестира преку бесни акорди и пцуење на системот. Со тоа ништо нема да се смени, а уште помалку да тргне на „подобро”.
Се "зашеметуваат" со лесни и ефтини емоции кои ги предизвикува музичкиот кич и се уверуваат дека се е ок, затоа што само така можат да го издржат хаосот кој ги опкружува. И тоа би било ок, ако тоа "самозалажување" у кое квази-музиката е посредник не носи со себе и интелектуално и морално осиромашување и стагнација.
Воопшто не се согласувам. Значи според тебе ние живееме во тотална анархија и хаос. Се додека сите мислат така, и го потценуваат постоењето на моралните вредности, тоа и не чека.
Второ. Се што не е метал НЕ е кич. Тие ограничувања ми се во најмала рака дебилни. Сите сте запнале за турбо-фолкот, како да постојат само метал од една страна и турбо-фолк од друга. А што е со останатите десетици различни жанрови на музика?
Не може мене некој да ме окарактеризира како недоволно интелегентна/креативна/талентирана ако го слушам она што го сакам (во случај тоа да не е хеви-метал). Мене интелектот не ми е директно поврзан со музиката, нити пак талентот.
Знам да одлепам на аренби, рап, и на македонска музика. И пак сум интелегентна и освестена.:)
 
Скулгрл напиша:
Сакате да бидете креативни? Земете штафелај, платно и нацртајте нешто. Напишете песна од срце. Креативност во никој случај не се манифестира преку бесни акорди и пцуење на системот. Со тоа ништо нема да се смени, а уште помалку да тргне на „подобро”.
Воопшто не се согласувам. Значи според тебе ние живееме во тотална анархија и хаос. Се додека сите мислат така, и го потценуваат постоењето на моралните вредности, тоа и не чека.
Второ. Се што не е метал НЕ е кич. Тие ограничувања ми се во најмала рака дебилни. Сите сте запнале за турбо-фолкот, како да постојат само метал од една страна и турбо-фолк од друга. А што е со останатите десетици различни жанрови на музика?
Не може мене некој да ме окарактеризира како недоволно интелегентна/креативна/талентирана ако го слушам она што го сакам (во случај тоа да не е хеви-метал). Мене интелектот не ми е директно поврзан со музиката, нити пак талентот.
Знам да одлепам на аренби, рап, и на македонска музика. И пак сум интелегентна и освестена.:)

Делумно се согласувам.

Преку музиката може да се плука системот и притоа да се искажи и генијалост и промена во свеста на младите. Дека кај нас тоа не успева не значи на запад (и на исток) тоа не успева.

Пример на запад бендови како Rage Against The Machine. Manic Street Preachers развија голема свест кај тие општества. На исток (пред 20-тина години) разни бендови од „западот“ им ги смена мислењата на младите таму...

Се согласувам со тоа дека музиката не е мерило за интелегенција, ама неможам да не го исплукам турбо-фолкот! Тоа не е музика!

 
Studiite se 90% sranje, servirana za masite.
Fakticki, vrska nema ova pogornovo. Jes da e u moda mladite u denesno vreme epten mnogu da slusaat methal i sve toa, ama ne mora da bide tocna konstatacijata deka najgolem del od intelegentnite i talentirani tinejdzeri slusaat takvo nesto. Ednostavno, dobro e da se ima vo predvid, no ne treba da se zema zdravo za gotovo, zatoa sto statistika ili studija ne mora da znaci cista vistina.
 
Посебно талентираните, ама знаете нешто интересно што имам приметено... сите се грди.
 
Со сите мислења од погоре се согласувам (освен со она пред мене).
Факт е дека за комплексна музика,како што е метал(или џез,класика)е потребно нешто повеќе вијуга за да се обработи во глава она што е примено.
Но ни не мора да значи дека тој што не е уживател на метал е "нижа раса".
Металот,како и се друго,во поголеми количини заглупува-трајно!
Посебно ако поединец ја прифаќа лириката од текстовите како свој животен стил или филозофија(екстремни варијанти)
Доказ? Па фрлете поглед од постовите на mkmetal форумот и ќе видете како може Х.Металот погубно да влијае на некои личности.
 
само да спомнам дека: тоа Хеви Метал требале да го кажат само Метал, Хеви Метал е поджанр на Металот

тенк ју :)
 
Mразам хеви метал(зборам за поджанрот) и ги мразам сите луѓе кои инспирирани од него почнуват да бунтуваат без причина, и почнуваат да се облекуваат идиотски,според стилот на нивните омилени изведувачи кои воопшто не им стои на нив,дали тоа значи дека сум меѓу глупавите? :pipi:
 
СпаЈдеР напиша:
Mразам хеви метал(зборам за поджанрот) и ги мразам сите луѓе кои инспирирани од него почнуват да бунтуваат без причина, и почнуваат да се облекуваат идиотски,според стилот на нивните омилени изведувачи кои воопшто не им стои на нив,дали тоа значи дека сум меѓу глупавите? :pipi:

Па, не. Во глобала тие анкети се грешка. Музиката е личен вкус и тој вкус сам се формира обично во тинејџерските години. Нема врска интелегенцијата со тоа. Ова само Гижо се фали дека он е многу паметен пошто слуша метал :pos: (инаку јас слушам метал)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom