Најевтин супермаркет

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpp
  • Време на започнување Време на започнување
Во Штип - Елида Маркети денес отворија два нови маркети, а пред две-три недели отворија уште 2.

Од четирите - две им се на локации каде воопшто немаше маркети со месеци/години. Ќе видиме како ќе се покажат, се надевам навистина дека ќе работат добро.
 
Елида се наши или шипски? Низ Куманово ги има еден куп.
 
Елида се наши или шипски? Низ Куманово ги има еден куп.

Ова е најточно, им го предаде бизнисот на ќерките и они го пропаднаа начисто.
Платите им ги оставија најмали од сите маркети, си отидоа луѓето. Еден човек работи и на сувомеснато, млечни производи и на риба и на готови јадења. Сум чекал и по 20 мин да ми исечат сувомеснато. Нормално никој нема да чека по толку време, ќе отиде во друг маркет за истото.
Брзата каса ги дотолчи, луѓе си искачаа со работи без да ги платат.

Имаат капитал со годи, и лиса центрите па од таму ги вадат парите, иначе од маркетите ништо.
 
Може не е за ова темава ама ќе прашам

Се наоѓа во Скопје Нескафе Голд Еспресо? Во Тетово бев и во Веро и во Тинекс и во Рамстор кај што се продава и го нема. На летокот на Рамстор за месецов го пишува дека е на акција отидов денес нема.

Татко ми го пие тоа кафе и сега не може да си го купи. Пред неколку недели случајно во Охрид кога беше во Тамаро го имаше таму и го купи. Сега не знам дали уште таму имаат а и не живее во Охрид за да го купува редовно.
 
Последно уредено:

Можеш да го порачаш:

https://ramstoredodoma.com.mk/нескафе-голд-75-гр-
 
Точно е дека Тинекс ќе се затвора?
Не знам дали ќе се затвара, но полека но сигурно пропаѓа. Неколку пати како идам, празни равтови, дел од производите ги нема, чудно нешто се дешава.
 
Ама не е ова тоа кафе. На ова мислам што пишува еспресо во тегла со златно капаче.
Прегледај го приврзокот 474056

Прегледај го приврзокот 474058

Не е баш ко на сликата твоја ама види.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom