Да не знаеш дали воопшто ќе има ширење на SPAR во цела Македонија?
Се што беше под Кит-Го, Супер Кит-го, Кит-го, Тера маркети тоа ќе оди под Спар, Тера маркетите ги има Источна Македонија.
Прво ќе ги ребрендираат Супер Кит-го.
Спар исто имаат 4 врсти, ај, да кажеме како сестрински фирми, што влагаат под нив. Не ми ни текнуваат кој им беа имињата.
Кај има Кит-го низ земјава, тоа ќе биде под Спар, значи источна Македонија, Битола, Струга,Куманово, Велес, дали ќе отвараат други маркети за тоа немам уште информација.
Некој погоре пиша, ќе видиме каква ќе биде борбата со мак конкуренцијата, Кипер,Кам и Стокомак имаат капацитет да спуштат цените и да парираат.
Принципот на Спар е едноставен, спушта цени за да ја уништи конкуренцијата па после степено ги враќа на поскапо цените.
Пред еден месец, еден пријател баш кажуваше како ги уништија маркетите во Шпанија, мислам дека на Мајорка. Прво сакале да ги купат ама сопствениците нејќеле да ги продадат, како успеале да отворат еден маркет и со ниски продажни цени ги уништиле и ги земале под нив.