- Член од
- 29 август 2019
- Мислења
- 1.289
- Поени од реакции
- 3.056
- Возраст
- 40
Точно смарт реле-а се тие од Shelly.Како ти е ова се изведено?
Претпоставувам секој штекер дома ти е smart има своја IP па преку Wifi се поврзани на твојата Lan мрежа. Потоа сите ги гледаш во апликацијава Shelly, им даваш име во зависност од кој уред е приклучен и така за секој уред знаеш колку троши. Така нешто?
Ова Shelly app може да се симне преку торент?
Ги имам неколку поставени позади штекерите на поголемите потрошувачи... двете клими, подното греење во ВЦ, сушара и перална, бојлер, тв и компјутер...
Покрај тоа што мерат потрошна овозможуваат и автоматско вклучување на релето со тајмери, па така подното греење и бојлерот ми се поставени да се вклучуваат само на ефтина тарифа.
Апликацијата ја има и на WEB за од компјутер да следиш а и како мобилна апликација за на телефон се симнува од AppStore/PlayStore
Ех времиња, стариот мој (винклер по професија) уште во 95та имаше направено самоделско подно греење, со бакарни жици, салотејп и налониОвој концепт го имаше уште пред 30+ години и кај нас со ефтини најлонски фолии и меѓу нив жица, се ставаше под тепих и директно во струја. Имаше еден другар, пријатно топло, ама кога ќе помислиш дека цело време одиш на 220 В напон со слаба изолација или дете ќе земе да игра па со чекан кова клинци во подот (што моите баш така играа)... не, фала. Е сега со овој систем на 12 В тој проблем е надминат и тоа е. Кој сака пријатно подно греење и не премногу скапо, за него е во ред.
Ама ефикасноста е друга приказна, чисто за добиена топлинска енергија од 1 kW се добива 0,85-0,90 kW топлина, останатото се губи во зидот кај трансформаторот/изменувачот. Значи добиваш топлина помалку отколку со калолифер или панелка. А со клима и да не споредуваме, инвертерот за 1kW ти дава 2 до 5 kW топлина, зависно од надворешната, кај топлинските пумпи нешто помалку ама блиску. И ова се општо познати работи, нема потреба македончето да е многу паметно па да верува или не
Впрочем и во првото видео колку што слушав, никој не спомна дека се поефикасни од клими, туку е поефтино од дрва, пелети, плин, што е веројатно

За под тепих штознам 3x4 метри мислам трошеше некои 800w.... немаше некоја енергетска ефикасност, ама беше многу добро ако имаш мали деца што лазат по земја... па и јас колку пати имам дремка правено на земја само покриен со кебенце












