Лелеее еј, не ја чепкајте Daikin Sensira.

Дома кај моите ја имам FTXF35B. Климиште. Грееме околу 30 квадрати(а некогаш и отворена врата кон уште 10), повеќе од 8kw на ден нема потрошено никад ни во најладното. Ниско модулира, но не знам колку зашто не и се фокусирам многу, али ја имам видено и на 180w. Не мерам топлина на влез и на издув на воздух, но ќе почнам. На 180w немаш чувство дека дува ладно. И се ова во стан на приземје, на северна страна кај што надворешната единица никогаш нема видено сонце. Годинава ни е 6та година користење. ПРЕЗАДОВОЛНИ.
Брат ми истава клима ја користи во стан од 60 квадрати, со допуна греалка во едната соба со термостат, климата е ставена на 23 степени, греалката е на 21. Климата е ставена на 23 секогаш, 0.3w му е просек на саат (според апликацијата). Дневно се грее во просек за 12kw. (~7kw климата, останатото греалката).
Бидејќи јас често не сум дома и мојата AEYIs модулира до кај 280w и после тоа on-off, мислам дека имам направено грешка што ја земав. Најчесто кога сум искочен од дома ја оставам климата на 20 и тука Vivax-ов повеќе оди on-off. За разлика од неа, Daikin-от културно фино лепо 200w си крчка. На околу 23 степени побарани веќе се однесуваат слично. Се надевам дека ќе успеам да ја продадам

и да додадам уште 15к да си земам токму ваков Daikin.