Конечно дојде време за старата Вирпул да оди во пензија. После неколку дена лутање по интернет и разни марки од Даикин, Мицу хеви, Кариер, (од Тошиба ме одбија некои овдешни коментари за чудни звуци на Шораито), па се до Вивакс, Хисенс па дури и Грее-то

кое ми побуди интерес поради попустите и 10 год. гаранција. На крај си реков ај да видам што има и од Вирпул, марка која верно ме служеше 22 години. Изборот е многу мал, Сетек и скоро нема друго. И ВООМ, налетувам на токму тоа што барам; 3.5-ка со стандардна сезонска ефикасност (6,1/4,1) и сите модерни додатоци; од 6 сенс, хепа и јон филтри, ВиФИ и гласовна контрола, Т сензор во тач даљинското, ... Што се и не е неопходно, но зошто не?! И на крај шлагот: големи попуст од 36,000 на 25,000 ден. ! Значи цена на почетните кинески модели, го има само едно парче во Струмица, но Сетек за чудо беа брзи и за два дена вчера стигна дома. Монтажа брза, со неколку минутно вакуумирање

, и први впечатоци одлични. Грее ко од добро загреано термо да дува, а внатрешната не се слуша ни во целосна тишина, што и беше за очекување, но ме изненади надворешната скоро нечујна, можев да препознаам дека работи само по лесните вибрации кога ќе се фати со рака.
Да не ја подречам, засега тоа па по месец-година, ќе видиме.