Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме кај убавина на актерки, ретко или воопшто не се спомнува, мислам дека Гвинет Палтроу беше преубава во 90-те, од филмовите тој период особено во Hard Eight (1996).

dd6a90fddd71b327ffedb887544b219f.jpg

8333639816b494bbfb97295100a745fe.jpg

images.jpg

(од последната слика не можам да најдам со појака резолуција што е стварно штета...)
 
Мислев прво дека е само зафрканција ама на се' повеќе сајтови читам дека Joker 2 ќе биде мјузикл?!? Лошо...

Се надевам ќе испадне лажна вест или дека Тод Филипс намерно пушта лажни муабети...

Лејди Гага ќе биде во филмот. Не е битно што жанр ќе биде, штом таа ќе постои во филмот. Ама да, сигурно ќе биде нешто музичко и woke.
 
Лејди Гага ќе биде во филмот. Не е битно што жанр ќе биде, штом таа ќе постои во филмот. Ама да, сигурно ќе биде нешто музичко и woke.

Катастрофа во најава... Немаше ни потреба од продолжение. Ама кога веќе го прават невидена глупост е да не биде во ист тон како првиот. Нема ништо свето веќе очигледно. Скоро и да не остана франшиза што не ја избербатија со глупости.
 
А зошто ти е смешно ако градат филмски студија во Скопје?
Гледав интервју со него на ТВ пред месец можда, Миланка Рашиќ зборуваше со него преку некоја платформа (скајп можда) и го кажуваше Малкович истово.
Јас па се израдував :)
Зашто неверојатно ми е да се случи нешто толку добро во земјава и сите помпезни најави досега неславно завршиле.

‘Свеж’ пример - Битола филмски град.

Пред три години во Битола беше најавено дека холивудски филмаџии ќе го откупат тој дел од касарната. Во посета на градот тогаш дојде продуцентот Перси фон Лепински, добитник на Оскар за документарен филм, и најави дека холивудска компанија ќе изгради филмско студио и ќе снима игран филм со светски позната филмска ѕвезда, како Мерил Стрип. Битолчани уште ги чекаат и студијата и Мерил Стрип.

Статијава од кој е изваден цитатот е од 2017 година, а муабетите за филмскиов град пишува дека се од 2013, иако мислам дека и од пред 2013 се збореше тоа.
После 10 години, ни Ф од филмскиот град нема во Битола, камоли холивудски филмови да се снимаат.
 
Кој и да сака да прави такво нешто, нашиве ќе му побараат рекет, и ко ќе види со кој си има работа, пат под нозе и ќе си замине. Засекогаш.
Ем тоа, ем прекрасните патишта и хигиена, одма ќе го разубедат.
 
Не сум сигурен дали 2015 или 2016 беше, ама имавме 3ца гости еден од Јапонија и двајца од Сан Франциско, од оние скаути за локации што бараат за филмови. Сите тројца го кажаа истото, имате преубава држава со одлични локации за снимање ама инфраструктурата ви е катастрофална, тоа е најголем проблем. Нема теорија да се донесе сериозна екипа и опрема тука. Јапонецот беше толку разочаран што викаше не ми се верува дека ќе ме платат за доаѓањево тука.
 
Back
На врв Bottom