Гледам
@tzlatko и
@vlatko251 зборувате за влажност. Точно е дека зимно време поради температурни разлики, се јавува голем пад на влажноста на воздухот. Многумина мислат дека климите се тие кои го сушат воздухот, иако вистината е сосем подруга и проста физика е во прашање.
Самиот воздух има чудна карактеристика, и со самото зголемување на температурата негова се зголемува и неговиот капацитет да држи влага! ...и обратно, поладен воздух има помал капацитет да држи влажност.
Обично проветрување што сите го правиме и треба што почесто да го правиме е главниот кривец за падот на влажноста.
Да земеме на пр. надворешен воздух со 5ц температура и 40% релативна влажност. Кога ќе проветриме дома, не само што ни бега топлината туку уште полошо ни бега и влагата. Така да овој воздух од примерот кога ќе биде загреан(без разлика од какво грејно тело) на 23ц, автоматски ќе му се зголеми и капацитетот за држење влага, и неговата претходна "релативна" влажност од 40% ќе стане само 15-20%! Иста количина на вода, различна температура==различен сооднос.
И затоа гледајте колку што може повеќе да ја зголемувате влажноста. За комфор е потребно минимум 50% релативна влажност, а доколку некој пати од астма на пр. >60% е препорачано.
Ова од искуство ви го кажувам оти јас сум од втората група! Обавезно чајник и лонче имам ставено да врие на шпоретот. Сушење алишта внатре исто помага за зголемување на влажноста.
П.С. имам пречистувач и преку него во риал-тајм си ги следам параметрите. Нема да верувате само едно отварање на врата или прозор каква разлика прави.