Кога дојдов на темата имаше многу дискусија и препукувања кинези вс јапонци...
Не знаев ништо, не дека сега знаам кој знае колку ама барем како основен „познавач“ / читач за климатизацијата научив дека е најбитно просторот колку има губитоци.
Започнав со изолација на фасадата од куќа каде живее мајка ми и каде беше монтирана климата која сакав да ја купам.
Изолирав тогаш само 1 ѕид и тогаш на пост во темата се појави
@Strelec кој повика да ми се помогне со работна рака и материјали бидејќи во тоа време не можев да престигнам финансиски за цел прв спрат + работев сам. Лани, октомври.
На неколку лица тука на темава им се имам заблагодарено во моите поранешни постови за тоа што „купував“ знаење за оваа работа и заради чии постови практично почнав да изолирам прв спрат.
Година дена покасно пишувам пост ЈАВНО ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ до членот
@Коста Сениор кој ми се јави во приватна порака и понуди финансиски да помогне бидејќи не може со работна рака.
Нормално, не прифатив бидејќи знаев дека за година дена со помош на кредити ќе успеам да направам изолација, го направив тоа од сопствени средства и со своите две раце.
Во меѓувреме Коста беше повеќе од љубезен цело време (година дена) да прашува како ми оди, да ми дава поддршка со добар збор и охрабрување и вусшност како и многупати во животот ЗБОРОТ да вреди повеќе од интенцијата (во случајот за помош).
Практично и сам не знае колку ми помогна бидејќи поминав година дена (кога временските услови дозволуваа) на работа 1 смена, на куќата со фасадата 2 смена.
Изолирано со 5cm стиропор, комплетна изолација на прв спрат + стубови и над стубови едно 20-40cm од втор спрат. Над тоа лепак, мрежа, абриб.
Кој има потреба од работна рака, не сум мајстор но можам да му помогнам како добар калфа.
ПОМАГАЈТЕ СИ, не се карајте, ценете ги другите членови и ценете го нивното време кое го посветуваат на темава.
Ја следам редовно темата (колку сум во можност) и СЕКОГАШ стојам на ставот дека тука може да се научи многу.
Благодарност до
@aronmacedon за предлогот за Тундрата, грее корни. Благодарност до
@Strelec за желбата да ми се помогне и
ОГРОМНО ФАЛА за другарството со
@Коста Сениор кој е повеќе него добар другар.
Има време за кавги, има време и за помирување. Би сакал да читам тема каде не се препукувате бадијала. Секој може да придонесе.
(Изолирајте ги своите простории/куќа/спрат - колку сте во можност, купете клима колку ви е чергата и грејте се колку можете - додека не поскапиле струја за 200% нашите профитери од политичари).