Братче џабе прашуваш на форумов никој нема да ти одговори, овде има само продавачи на клима, претежно од фирмата грее и наместо да се отвараат дискусии исклучиво за тоа како да се најде решение до најекономично греење и затоплување, тие ја претворија темава во продавање и анализирање на клима уредите.Веројатно претходно веќе било поставено слично прашање, но тешко е за барање низ 3000+ страни, а можеби има и понови информации.
Бидејќи веќе имам постоечка инсталација за парно со гусани радијатори, дали може да се поврзе на топлинска пумпа и дали е паметно / економично? Знам дека топлински пумпи не креваат висока температура на флуид и веројатно ќе предложите догревање со струја или некакви импровизации со вентилатори зад радијаторите. Дали има некој лично искуство со ваков систем и каква е потрошувачката во однос на сплит инвертер?