Точно UPS се викаат тие уреди, и претежно се наменети за компјутери/сервери затоа и кај нас може да се најдат во продавниците за ИТ опрема.
Е сеа тоа акумулаторот/батеријата е вграден внатре во уредот па капацитетот и цената зависат од тоа колкава батерија има внатре.
Имаш основни модели од околку 2000 денари.... до врвни модели по 1000еур што се користат на сервери.
Еден компјутер при оптеретување може да троши и повеќе од 500w затоа и ти рекле дека тие уреди се само за 5 минути....
Најпрво треба да утврдиш колку ти троши печката за да знаеш дали и колку јак UPS би ти бркал работа.
Претпоставувам на таа печката на пелети после палење работи само вентилаторче (пример 20-30w) па можебе ќе си поминеш и со поефтинките за да ти работи 1-2 сааати кога има прекини на струја.
Јас го имам овој модел и на него имам поврзано рутер, екстерен диск, распбери пи и уште неколку такви ситни уреди што вкупно трошат 25w.
Anhoch PC Market Online UPS и стабилизатори на напон UPS ADJ Office 900VA/570W 2xSchuko/USB
anhoch.com
Денес имаше прекин на струја од 30 минути и без проблем си ги издржа тие уреди активни. Само има една маана, титка цело време додека нема струја и не најдов како да го исклучам тоа алармот