- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 12.401
Е вака веќе бива.Во право си, сметката била 12200 ценари од кои 10к по негова пресметка биле за пумпата а 2200 за остнатите уреди. Греено е од 7-14 часот на 19ц потоа од 14 до 22 на 24ц. Гасена е после 22 часот пумпата.
Само што не сум убеден сеуште дека е најекономичен избор ТП! Треба поврат на инвестиција тек после 10 години, а најчесто и споредбата ја прават со обичен електричен котел за разликата да биде максимална!
Би те советувал да размислиш околу некои работи!
1. Даваш еден тон пари и на крај завршуваш со најлошиот начин на греење, со дување!?
-Ако веќе плискаш толку пари оди на радијативно греење. Ама во тој случај радијатори отпаѓаат и ќе мораш уште толку пари да истрескаш за подно!
2. Се заебува ТП надвор од гаранција, и ти бараат 2-3000€ за поправка!?
-Дали да поправаш нешто 7-8-10 години старо или пак да одиш на ново... заштедата ти е неповратно отидена!
3. Цената на струјата долгорочно ќе оди нагоре и само нагоре! Тоа никој не го спомнува кога ти прават споредби и математики! Македонија е и ќе биде зависна од увоз на струја, а богами и квалитетот на снабдување не ни е баш завиден. Допрва проблеми ни следуваат на тоа поле!
Ја знам дека ќе ме распнат за следново...
Ама ај размисли си за пелети и класични радијатори?