Ова 2.200 сметка во декември за греени 180м2 е стварно тешко за верување.
Да се распрашаш поубаво, да не дошла помала ради префаќања и ненавремено читање струјомер.
Па во Јануар да дошло 12.200
За пред 2 години кога беше и поевтина струјата, знам пример со ТП Мицу Зубадан 14kw греени одлично изолирани 300м2 во Прилеп од кои 1/3 или 100м2 се тавански канцеларии и се регулирани со термостати да греат од 09-17ч на 24С а после тоа и во викенди да одржуваат 18С.
Другите 2 спрата 24/7 ставени на 24С....
Дополнително тајмерски регулации на ТП да крева температура на вода на максимум во евтина тарифа (наутро од 5-7ч и на пладне од 14-16ч)
Највисоката сметка што платиле била нешто над 12.000, мислам за Јануар 2019 беше информацијава кога се распрашував.