- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.422
- Поени од реакции
- 12.403
Тоа до колку се декларирани климите ти е бирократска процедура(која колку-толку) го штити корисникот од преголеми маркетиншки ветувања кои секој производител е склон да ги прави!Дали воопшто има поскапа јапонска клима со греачи на компресор ? Како тие скапите клими се снајдуваат на ниски температури, пониски од -15C ?
И зошто на тие без греачи се пишани дека греат до -15C кога ете фукнционираат и после -15C ? Претпоставувам дека капацитетот се намалува на тие ептен ниски температури, но за колку % ?
@zlatko_ti412 Злате, твојата поскапа Mitsubishi клима како се снајдува на тие ниски температури ?
Автоматски споено мислење:
Зошто се вади лулето, која е неговата функција ?
На секоја енергетска налепница ја имаш картата на европа со обоени климатски зони. Ние како и поголемиот дел од европа сме во умерена зона,т.е. втората табела.
За таа умерена зона е земено со право дека нема толку остри зими каде температурите константно ќе бидат во дебел минус!(највеќе часови рачунаат на -2 и +7) што е посебно вистина за нас кои сме на граница меѓу умерена и топла зона.
Апсолутно нема потреба да една клима грее супер јако и исполнува Пдизајн за -15ц! За умерена зона доволно е да го оствари Пдизајнот на -7ц и толку!
Што незначи дека таа иста клима нема да грее и на -20ц! Само што не смее да биде декларирана на толку од проста причина што нема никогаш да исполни пдизајн за тие температури. Како паѓа надворешната Т така и загубите(потребите) на просторот растат,а обратно пропорционално се намалува капацитетот на климата.
Е сега за ладна зона критериумите се поинакви, а за да биде уште позафркнато еуровент и многу ретко сертифицира клими за таа зона! Тоа им е оставено на скандинавските земји да си го регулираат самите! Така се ствара правен вакум кој "некои" производители успешно го користат за лажен/наведувачки маркетинг!
Во секој случај нит јас би купил(сега) нит би му препирачал на некој клима што нема поминато на Еуровент!