Дури сега асално можам да седнам и одговорам на постов...
Значи Злате за првиот дел со објаснувањето како работи еден инвертер си сосема во право, и тој дел го избришав. Тука нема нејаснотии...
Почнувам сега од болдираниов дел:
Компресор/пумпа со тие карактеристики кои ги опиша спаѓа во категорија на турбомашинерија т.е. вистински варијабилен компресор со променлива геометрија!
А такви ни приближно нема во климите!
Ако некој верува дека климата има компресор кој може на исти вртежи(со мало зголемување на вртежниот момент) да зголеми притисок?! ...

Типичен компресор има намалена ефикасност на ниски обртаи, која расте до определена точка и пак опаѓа. Крива е!
Еве линк кој сака да си прочита повеќе:
https://www.sciencedirect.com/topics/engineering/compression-efficiency
А за разлика од инвертер кој менува вртежи, обична клима е штелувана да работи само на на едни исти каде и е најефикасна?
Сега да го одговорам и вториот дел кој го обележав со италик!
За ЕЕВ вентилот и капиларата си во право како објасни до "
ova praktično e premalku za greenje bidejći kapilarata nemože da obebedi pogolem protok." Всушност поголем проток не е ни потребно затоа што во циклус на греење капиларата/еев го испуштаат(гасифицираат) фреонот кон надворешниот изменувач. Тесно грло останува компресорот(дали ќе успее да го втечни фреонот), а не капиларата дали ќе успее да го гасифицира! (Hint:ќе успее)
Премногу значење им се придава тука на форумов на овие контролни уреди како од нив да зависи дали климата ќе грее или не, иако самото име кажува се што треба да знаеме за нив! Да, битни се за правилно функционирање на секој разладен уред, уште побитни за инвертерите кои намалуваат вртежи и проток.... ама далеку од вистината дека од нив зависи греењето на ниски температури како што го заклучуваш твојот пост! (Имам замерки и за паѓањето на моќноста, ама се уморив од пишување... друг пат тоа).
Битно стојам за дебата тука, и уште чекам некој да ми докаже дека две идентични клими инвертер и он-офф, ќе резултира со 30% заптеда на страна на инвертерот.