Мене толку ми траеше возбудата со мерачите, две зими откако ги земав климите. Сега, трета зима веќе еве кај што ќе сум со клими, ни мерачи, ни потрошња, ни ништо не ме интересира за климиве, и искрено, од кога прекинав да се замарам со климиве имам чувство дека 100 пати подобро ми работат. Сега, од оваа гледна точка мерач би ставил само на нова клима кога ќе купиш за да провериш чисто дали работи климата како треба, да не има некаков дефект или слично како Петна шо имаше лани.
Иначе, чисто да кажам, Понеделник и Вторник ќе ја мачкам спалната соба внатрешно со термозиолациона боја, па кога ќе завршам, таман сега доаѓаат пониски температури, ќе споделам искуство дали ќе има некаков ефект, дали ќе ми е потопла собата или се е ветар во магла.