Затоа што се гумици, и со време година-две на топло на сонце и на ладно со мраз гумата се стврднува и губи од својствата па притоа дихтувањето на тие отвори е намалено и почнува вода да капе покрај нив.
Вечноста на гумиците да дихтуваат е таа... некаде само една година, некаде ќе потераат може 2-3... зависно од условите колку сонце/мраз ги фаќало.
Како што ти е сега со тие гумици водата од дефростите се насочува само низ главниот отвор кај што ти стои лулето.
Препорачано е ако не ти е проблем да капе од сите отвори долу во дворот, извади ги гумиците и нека истекува и низ тие отвори за да не се акумулира во долниот дел од надворешната единица.
Ако сепак ти е проблем (не сакаш или ако надворешната единица ти е поставена над балкон, влезна врата и друг прометен дел) набави си ваква додатна кадичка која ќе ја збира водата од испод целата надворешна единица и ќе ја усмериш во одводот.