Само што во истите услови Митсу-то откако го загреа просторот од 29м2 првата вечер, утрото си спушти на ~100w и одржуваше 22-23 наредните 2 дена без ниеднаш да изгасне

Немој да ме сватиш погрешно, панасоникот изгледа одлично на сликине што си ги споделил а и како што кажуваш одлично работи за уред стар 15 години.
Би било добро и да споделиш колку си ја платил на времето... ако се сеќаваш.... не мора цифра, бар дали била ефтина, средно или од поскапите тогаш.
Август 2004-та платена 30 000 денари, 500€ како и сега. Мислам дека фискалната веќе не се чита, а и неа ја видов пред година- две.
Апсолутно не ни помислувам да ги изедначам сега овие две клими.
Целта ми беше да ја проверам мојата, а за среќа ти си вреден, како и други членови, со мерак и посветено ни пренесуваш твое искуство, па имав можност да упоредам. Инаку не знаев како да проценам.
Да кажам дека оваа клима - ТП воздух-воздух, има полжавест компресор, тн. " скрол". Воопшто не го слушам, само рака кога ќе ставам на Н.Е. чуствувам вибрации. А нема " бафери" гумички помеѓу Н.Е. и носачите.
Монтирањето и тогаш го платив 70€. Еве го и далечинското, има многу повеќе опции од Митсу СФ 25 што ја земав претежно за ладење кај друг член.

Инаку претежно работи во три степена, за ладење зборам, 300-600-900 вати со по 50 вати + - околу тие. Се зависи од поставувањето на далечинското и условите на надворешната температура. Јас рачно ја подесувам како да работи, така сум најзадоволен.
Повторно да нагласам дека многу членови и корисници не знаат правилно да ја наместат да работи на далечинското. А задоволството и незадоволството барем 33% од таму произлегува.
Има како што и сам знаеш, поискусен си од мене, уште многу за објаснување.
Ако нешто те или ве интересира слободно прашајте, што можам ќе одговорам.
