Дали производителите имаат детални спецификации за овие работи како турбина/компресор, модулација и слично на страна од класичните user manual (кориснички упатства)?
Како би се предимензионирал?
Морам повеќе да се потковам со знаење на темата за да се вклучам во понатамошни дискусии бидејќи не сакам вака до недоглед со реплики да замарам некој кој има познавања па да прашувам смешки во обид да дојдам до одговор.
Некаде до на есен ќе гледам тука да ископам корисни постови (кои ги има доста само голема тема е додека разлистам), да разгледам по продавници, па тек потоа да се вклучам повторно во дискусија за што е најдобро да изберам.
1. Во право си за бучавоста, индивидуално е на кој колку му е гласно и дали тоа е океј според него. Сепак сигурно има разлика кај моделите во однос кој е побучен или не, можеби не значителнс, но воочлива.
2. Во оѕднос на јонизатори, филтри и слично во двојба сум.... Од една страна сакам да направам се' што можам од таа страна да им пружам дома заштита, а од др страна не познавам некој со таква клима - а цените значително се разликуваат од клима до клима.
3. Фала за советот во однос на протокот на воздух vs бучавост.
Да, просторот е отприлика некои 35m2, без изолација, со тоа што на зима ја затворам вратата кон малиот салон + сум лепенка на дел од др куќа. Практично имам јужна и западна страна цели ѕидови без изолација, а на цела северо-источна или сум лепенка или салончето е каде ќе затворам врата.
Просторот како простор не ме плаши дури и за 3,5 но под услов да испорачува декларирана топлина бидејќи климата ќе е позиционирана над дневниот боравак, а кујната која е споена (отворен простор) и не мора во крајни точки да ја има истата температура (иако разликата би била во некој степен само). Просторот е дополнително преграден со висок кујнски елемент (скоро на 15-20cm) од таван кон дополнително ќе го враќа првиот бран на топол воздух назад...
Така да, или идеална 3,5 или солидна 5,5 (што ми е попосакувана и пологична опцијс и покрај стравот за бучавоста) со прочистувачи, јонизатори и слични тракатанци на неа...