Во просторија од околу 14 метри квадратни, висина од под до плафон 2,70 метри,на северо-источна страна, има два надворешни зидови, 6-коморна ПВЦ дограма со 4-сезони тројно стакло,а објектот е изолиран со "сендвич" со стаклена волна на средина, а за брзо до почеток на зимата ќе поставам и надворешна фасaда со 8-ка стиропор.
Просторијата е работна и спална соба две во едно и најголем дел од денот го поминувам тука особено во зимскиот период, така да климата која планирам да ја поставам ми треба да затоплува од 4-5 попладне па до сабајле додека да заминам на работа.
Бидејќи просторот не е голем и ќе биде добро изолиран, дали да одам со 2,5-ка или со 3,5-ка клима?
Исто битен фактор е дека се работи за Битола температурите на зима се спуштаат и под -20, така да мислам дека ќе ми треба некој клима уред со греачи на надворешната единица.
Дали ако е пресилна климата ќе работи како on/off?
Ваш совет за модел на клима уред и јачина на истиот?